25.12.2014
Зголемување на основната главнина на Алкалоид КОНС ДООЕЛ Скопје
Алкалоид АД Скопје на 24.12.2014 година изврши дополнително вложување во постојното друштво во Република Македонија, по пат на зголемување на основната главнина.
Вложувањето се изврши во Алкалоид КОНС ДООЕЛ Скопје каде што се вложени 50 милиони денари. Друштвото е 100% сопственост на Алкалоид АД Скопје.
Со оваа инвестиција Алкалоид АД Скопје го зајакнува своето присуство на пазарот и продолжува да го проширува своето портфолио со лекови и медицински помагала со конкурентни цени и проверен квалитет.