06.11.2015
Зголемување на основната главнина на друштвата во Македонија и Русија
Алкалоид АД Скопје изврши дополнително вложување во постојните друштва во Македонија и во Русија, по пат на зголемување на основната главнина.
Вложувањето се изврши во Алкалоид КОНС ДООЕЛ Скопје каде што се вложени 80 милиони денари и во Алкалоид-РУС ДОО Москва каде што вложувањето изнесува 120 милиони рубљи. Друштвата се 100% сопственост на Алкалоид АД Скопје.
Со овие инвестиции Алкалоид АД Скопје ги продолжува активностите за понатамошно ширење и зајакнување на своите деловни операции.