Вклучување на нови точки во Дневниот ред

Вклучување на нови точки во Дневниот ред

Акционери кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5% од вкупниот број на акции со право на глас имаат право да предложат дополнување на дневниот ред по писмен пат со барање за вклучување нови точки ако истовремено приложат и образложение за предложената точка.

Барањето се доставува во писмена форма во оригинал со пополнето целосно име и презиме и своерачен потпис на акционер физичко лице, односно назив, седиште, печат, целосно име и презиме и своерачен потпис на застапник по закон на акционер правно лице.

Во прилог на барањето акционерот доставува и соодветни документи за идентификација и тоа:

За акционер физичко лице се приложува:
- Извод од Централен депозитар за хартии од вредност во кој што е наведен бројот на акциите во оригинал не постар од три дена
- Копија од лична карта или пасош

За акционер правно лице се приложува:
- Извод од Централен депозитар за хартии од вредност во кој што е наведен бројот на акциите во оригинал не постар од три дена
- Тековна состојба од Централниот регистар во оригинал не постара од седум дена
- Копија од лична карта или пасош на законскиот застапник

Барањето заедно со документите за идентификација се испраќа до Управниот одбор на Друштвото во рок од 8 дена од денот кога е објавен јавниот повик за одржување на седницата на собранието на адреса:

Алкалоид АД Скопје,
Бул. Александар Македонски бр. 12
1000 Скопје
Со назнака „за Годишно собрание на акционери“