За Алкалоид

За „Алкалоид“

„Алкалоид“ AД Скопје е компанија која повеќе од осум децении работи на производство на лекови, преработка на билни суровини и на производство на козметички и на хемиски производи.

„Алкалоид“ АД е акционерско друштво, во чии рамки работат два профитни центри: Фармација и Хемија, козметика и билкарство. Има две подружници во земјава, 18 подружници и 2 претставништва во странство (во Србија, Црна Гора, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Швајцарија, Бугарија, Турција, Украина, Руска Федерација, САД и Велика Британија).

Друштвото брои 1.860 вработени во земјата и 560 вработени во подружниците и во претставништвата надвор од Македонија.

Акциите на „Алкалоид“ се во сопственост на над 5.000 акционери, физички и правни лица.