Заштита на животна околина

ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Заштитата на животната средина е еден од највисоките приоритети во деловната стратегија на Алкалоид. Компанијата континуирано ги следи и имплементира најновите достигнувања во оваа област, обидувајќи се да придонесе за поздрава и почиста животна средина во која сите живееме. Како општествено одговорна компанија, Алкалоид го интегрира Системот за управување со животната средина во Интегрираниот систем на управување (IMS), согласно стандардите ISO 14001:2015, ISO 9001:2015 и насоките на Добра производна пракса.

Алкалоид постојано ги следи и контролира технолошките процеси со цел обезбедување на заштита на животната средина, вклучително и зголемување на енергетската ефикасност и заштеда. Постојано ги следиме еколошките еспекти, т.е. емисиите на гасови, со цел да се минимизира ефектот на стаклена градина и емисиите на СО2. За таа цел, компанијата премина на користење на природен гас наместо мазут во производните процеси на производната локација во Ѓорче Петров. Со цел подобрување на квалитетот на отпадните води и одржување на нивото на пропишаните параметри, го променивме одводниот систем.

Во текот на производниот процес особено внимание се обрнува на селекцијата на отпадот и неговот рециклирање, што бележи близу 20% подобрување во споредба со минатата година. Правилното ракување со токсичниот отпад е од клучно значење за Алкалоид. Овој вид на отпад се предава на овластена компанија за натамошно третирање и ракување.

Базирајќи се на позитивното искуство од 2018 година со пилот проектот за енергетска ефикасност (ѕ.с.Energy Management System (EnMS), реализиран во соработка со Организацијата на ОН за индустриски развој (UNIDO), во насока на зголемување на ефикасноста на потрошувачката на енергијата, водите и материјалите, компанијата основаше посебна Служба за управување со енергија, која е одговорна за имплементација на овој систем во сите профитни центри на компанијата. Резултатите се прикажани во следната табела.

Во текот на 2018 година, со 20 преземени мерки, од кои 5 се комплетирани, заштедивме 1.359 MWh енергија годишно, што изнесува 46.378 евра.

Во текот на 2019 година, со преземени 37 и комплетирани 12 мерки, заштедени се 308,708 евра или 720 MWh енергија и 100.000 м3 вода.

Позитивните трендови на потрошувачка на енергија за 2019 година се прикажани во следните графикони. Потрошувачката на природен гас е намалена, а потрошувачката на вода, електрична енергија, нафта и мазут бележи оптимизиран тренд, имајќи го предвид зголемувањето на производството за 2,77%.