Alkaloid
Страшо Арсовски

Страшо Арсовски

Работна позиција:Работник во Обезбедување и заштита
Години во Алкалоид:40

Страшо Арсовски:

Првиот работен ден го паметам какo сериозен предизвик

1.Како го паметите Вашиот прв работен ден во компанијата?

Првиот работен ден го паметам како сериозен предизвик и како голема одговорност. Од почеток бев свесен за значењето и за важноста на компанијата, која има поставено систем на ред и дисциплина. Поддршката од поискусните колеги ми помогна полесно да се вклопам.

2.Што се промени најмногу од Вашите почетоци во компанијата до денес?

Најмногу се променија технологијата и начинот на работа. Денес процесите се поорганизирани и поддржани со современи системи, но и барањата и одговорностите за ефикасност се значително повисоки.

3.На кој момент од Вашиот професионален пат во „Алкалоид“ сте најгорди? Како го паметите Вашиот прв работен ден во компанијата?

Горд сум на континуитетот на одговорно и посветено работење во Службата за обезбедување и заштита, особено во ситуации кога со навремена реакција се спречиле ризици и се зачувала безбедноста на вработените и имотот на „Алкалоид“.

4.Што е поразлично во Вашата работа денес споредено со почетоците?

Денес работата ја извршувам со големо искуство, сигурност и рутина. Имам поширока слика за сите процеси и можам побргу да препознаам потенцијални ризици и да реагирам соодветно.

5. Што Ве мотивираше да останете да растете и да се развивате заедно со компанијата?

Чувството на припадност, стабилноста што ја нуди компанијата и можноста континуирано професионално да се надградувам.

6.Што е она што остана непроменето за Вас низ сите години поминати во „Алкалоид“?

Она што остана непроменето сиве овие години се основните вредности на компанијата, одговорноста и меѓусебната почит.

7.Каква порака би им дале на новите вработени кои штотуку го започнуваат својот пат во компанијата?

Да бидат трпеливи и одговорни и да ги почитуваат правилата и процедурите во компанијата, а сѐ друго доаѓа со времето и со искуството.

8.Постои ли нешто што денес би го направиле поинаку или би го промениле во текот на Вашето работење во „Алкалоид“?

Со денешното искуство можеби би обрнал уште поголемо внимание на континуираните обуки и на споделувањето знаење со колегите, но, генерално, сум задоволен од мојот професионален пат.

Сакам да изразам искрена благодарност до компанијата за укажаната чест и за вниманието што ми беше посветено преку овие прашања. За мене е, пред сѐ, големо признание што сум дел од системот на компанијата и што моето долгогодишно искуство е вреднувано.

ГЛАСОТНА ВРАБОТЕНИТЕ

Денес правилното селектирање и одложување стана секојдневие и култура во компанијата.

20 години посветеност, одговорност и грижа за животната средина. За Иван Цветковски, постар специјалист во Екологија, Обезбедување квалитет – животна средина, двете децении во Алкалоид значат професионален развој и активен придонес за унапредување на еколошките практики во компанијата.

Прочитај повеќе
Иван Цветковски
Иван Цветковски Постар специјалист во Екологија - Обезбедување квалитет – животна средина