Alkaloid

1936–1966

Првите чекори на Алкалоид

Во периодот 1946-1956 се евидентирани првите чекори на „Алкалоид" за зголемување на производството, за осовременување на технологијата, за проширување на производната дејност и за подобрување на квалификационата структура на вработените. За подемот на „Алкалоид" од клучно значење е 1957 година, кога е пуштен во употреба нов капацитет за производство на лекови – Галенскиот погон. Во развојот на „Алкалоид", посебно поглавје претставува почетокот на деловно-техничката соработка со познати светски фармацевтски и хемиски корпорации.

1936 година

Квалитетот на македонскиот афион е пресуден за отворање на Алкалоид

1950 година

На 29-ти август 1950 година во фабриката е воведено таканареченото работничко самоуправување

1957 година

Пуштен е во употреба Галенскиот погон и започнато е производството на Кафетин

1961 година

Соработка со познати светски фармацевтски и хемиски корпорации

1966–1994

Создавање на современата фармацевтска инфраструктура

Во 1966 година, како посебен сегмент во „Алкалоид", е пуштен во употреба Институтот за истражување и развој, формиран за целите на севкупната развојно-технолошка програма на компанијата. Визијата за создавање модерна фармацевтска компанија почнува да се реализира во 1972 година, со новата фабрика за готови лекови. Во 1979 година е пуштена во употреба Фабриката за преработка на лековити билки.

1966 година

Пуштен во употреба е Институтот за истражување и развој

1972 година

Нова фабрика за готови лекови

1973 година

Интеграцијата со фабриката за производство на хемикалии и фото-материјали „Лафома“ и со фабриката за сапуни и козметика „Цветан Димов“.

1975 година

Пуштена е во употреба новата Управна зграда на Алкалоид

1978 година

Во „Алкалоид“ се интегрира фабриката за бои и лакови „Пролетер“

1979 година

Старт на Фабриката за преработка на лековити билки

1994–2006

Стратешки развој и меѓународна афирмација

Потпишување на Договорот за конвертибилен заем меѓу Џ. Вулфенсон од Светска банка (ЕБРД/ИФЦ) и Т. Мукаетов од „Алкалоид" – 1999 година. Новата фабрика за цврсти фармацевтски дозни форми, изведена според строгите стандарди за добра производствена пракса (ДПП), предадена во употреба во 2000 година. Од ноември 2002 година компанијата котира на официјалниот пазар на „Македонската берза".

1998 година

„Алкалоид“ е регистриран како акционерско друштво во приватна сопственост

1999 година

Потпишување на Договорот за конвертибилен заем со ЕБРД и ИФЦ

2000 година

Нова фабрика за цврсти фармацевтски дозни форми и изградба на капацитетите за производство на полусинтетски цефалоспорини

Ноември, 2002 година

Алкалоид котира на официјалниот пазар на Македонската берза

2007–2026

Инвестиции што го создадоа современиот Алкалоид

Настани кои се значајни во развојот на Алкалоид во периодот 2007 година па досега.

2007 година

Фондација „Трајче Мукаетов" за поддршка на талентирани студенти по медицина и по фармација

2007 година

ИТ-сегмент; имплементација на SAP/ERP, DMS, CRM итн.

2009 година

Нов Институт за истражување и развој

2010 година

Нов производствен капацитет во Белград, Република Србија

2010 година

Нов Центар за информатичка технологија „Трајче Мукаетов"

2013 година

Нов високо-регален магацин во Ѓорче Петров

2015 година

Нов Центар за контрола на квалитет

2017 година

Погон за производство на полуцврсти фармацевтски форми, централна вагална 2 и одд. за пакување

2019 година

Реконструкција и надградба на фармацевтските производствени капацитети

2020 година

Нов производствен оддел за влажни марамчиња

2021 година

Нов Центар за обука и едукација

2021 година

Нов погон за производство на концентрати за дијализа

2022 година

Нов магацин за фармацевтски суровини и за примарно пакување

2022 година

Нова опрема за лабораторијата за производство на козметика

2024 година

Погон за производство на цврсти дозни форми Таблетно 2.0

2025 година

Отворање на нова Микробиолошка лабораторија за контрола на квалитет

Нашето лого низ годините

1946

1957

1962

1966

1976

1976

Јубилејни логоа

35

40

50

70

75

80

85

90