90 години посветени на здравјето

Затоа што 90 години не се само историја, туку и иднина што ја градиме заедно – денес, утре, секогаш.

Обраќање на генералниот директор

Вистинската вредност на една компанија не се мери само со остварените резултати, туку и со нејзината способност да трае, да остане стабилна во неизвесни времиња, да се развива и да создава вредност за генерациите што доаѓаат.

Зад секој успех на „Алкалоид“ стојат луѓето. Оние кои ги поставиле темелите. Оние кои продолжиле да градат. Оние кои го носат „Алкалоид“ напред денес. И оние што допрва ќе остават свој белег.

Приказната на „Алкалоид“ е приказна за истрајност, доверба, квалитет, грижа и посветеност. Создавана од генерации визионери, посветени професионалци и партнери, обединети околу една иста мисија – Здравјето пред сè!

Живко Мукаетов

Генерален директор / Претседател на Управен Одбор

Живко Мукаетов

90 ГОДИНИ

ГРИЖА ЗА ЗАЕДНИЦАТА

Хуманоста како традиција

На 12. Хуманитарен пикник на „Алкалоид“ беа собрани речиси 2,2 милиони денари наменети за набавка на современа медицинска опрема за Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“. Од првиот Хуманитарен пикник до денес собрани се близу 14 милиони денари наменети за поддршка на здравствени установи, хуманитарни и граѓански организации, деца, лица со ретки болести, ранливи категории и лица од третото доба, како и за иницијативи за заштита на животната средина. Сите досегашни донации се реализирани преку Фондацијата „Трајче Мукаетов“, основана од „Алкалоид“ во 2007 година.

90 Години
Времеплов

Нашата историја низ девет декади на иновации и посветеност ...

Види повеќе›
1936-46

1936-46

Со 15 работници кои произведувале околу 350 kg фармацевтски суровини се поставени темелите на „Алкалоид“, како зачетоци на новата фармацевтска индустриска гранка во регионот.

1946-56

1946-56

Во овој период се евидентирани првите чекори на „Алкалоид“ за зголемување на производството, за осовременување на технологијата, за проширување на производната дејност и за подобрување на квалификационата структура на вработените.

1956-66

1956-66

Со пуштањето во употреба на Галенскиот погон во 1957 година, „Алкалоид“ започнува производство на готови лекови и се афирмира како современа фармацевтска компанија со меѓународна соработка. Во погонот се произведуваат лекови во различни фармацевтски форми, меѓу кои и познатиот „Кафетин“.

1966-76

1966-76

Со интеграцијата на Билка, Фабриката за производство на хемикалии и фотоматеријали „Лафома“ и Фабриката за сапуни и козметика „Цветан Димов“ и со отворањето на новата фабрика за готови лекови во 1972 година, „Алкалоид“ се позиционира како целосно модерна фармацевтска индустрија.

1976-86

1976-86

Преку силен инвестициски циклус, „Алкалоид“ се позиционира меѓу петте најголеми компании од овој вид во тогашната југословенска заедница, со повеќе од 2.800 работници и значително проширен асортиман, меѓу кои посебно се истакнуваат колекциите „Бекутан“ и „Блек ап“.

1986-96

1986-96

„Алкалоид“ успешно се трансформираше во акционерско друштво и остана една од ретките компании во државата која успеа да го задржи позитивниот тренд на раст и развој. Друштвото и стратешки го реализираше најзначајниот потег – трансфер во современиот извозно ориентиран систем со отворањето сестрински компании надвор од границите на државата.

1996-06

1996-06

Во 1996 година „Алкалоид“ го започнува најкрупниот инвестициски циклус. Со почетокот на изградбата на новата фабрика за цврсти таблетни форми на површина од околу 12.000 m2, преку воведувањето на GMP и ISO - стандардите и силната извозна ориентација, „Алкалоид“ се верификува како европски конкурентна фармацевтска компанија присутна на светските пазари.

2006-16

2006-16

„Алкалоид“ спроведува силна модернизација со воведувањето на системот SAP ERP и со отворањето на Центарот за информатичка технологија „Трајче Мукаетов“, а во 2009 година со работа започнува и новиот Институт за истражување и развој. Компанијата го отвора првиот производствен погон надвор од земјата и воспоставува стратешки партнерства со водечки светски компании.

2016-26

2016-26

Период обележан со интензивни капитални инвестиции во производствени и контролни капацитети, нови лаборатории и во современи погони. „Алкалоид“ ги зајакнува извозната ориентација, технолошката ефикасност и одржливиот развој преку континуирано вложување во квалитетот, едукацијата и во општествената одговорност.

Кратки приказниголема историја
ГЛАСОТНА ВРАБОТЕНИТЕ

Денес правилното селектирање и одложување стана секојдневие и култура во компанијата.

20 години посветеност, одговорност и грижа за животната средина. За Иван Цветковски, постар специјалист во Екологија, Обезбедување квалитет – животна средина, двете децении во Алкалоид значат професионален развој и активен придонес за унапредување на еколошките практики во компанијата.

Прочитај повеќе
Иван Цветковски
Иван Цветковски Постар специјалист во Екологија - Обезбедување квалитет – животна средина
90 годинипосветени на луѓето
Погледни повеќе