Скокни до содржината

Интервју со вработена Билјана Зајковска

Билјана Зајковска

Билјана Зајковска

Работна позиција:Аналитичар во микробиолошката лабораторија на Козметика
Години во Алкалоид:15

Билјана Зајковска:

Од првиот момент бев возбудена што ќе работам онаму каде што се произведуваат мојот омилен бренд Becutan и целата колекција за сончање Black up.

1. Kако го паметите вашиот прв работен ден во компанијата?

Првиот работен ден беше исполнет со премногу возбуда, надеж и неизвесност. Бев пречекана од тимот на Козметика во многу пријатна работна атмосфера. Од првиот момент бев возбудена што ќе работам онаму каде што се произведуваат мојот омилен бренд Becutan и целата колекција за сончање Black up.

2. Што се промени најмногу од вашите почетоци во компанијата до денес?

Многу работи се променија. Компанијата континуирано растеше и инвестираше во нови производствени капацитети, современа опрема и во развој на нови производи. Паралелно со технолошкиот напредок се развиваше и грижата за вработените, што денес е потврдено и преку престижната сертификација Top Employer, како признание за високите стандарди во управувањето со човечките ресурси.

3. На кој момент од вашиот професионален пат во Алкалоид сте најгорди?

Благодарение на довербата, грижата, работата и посветеноста, во 2014 година почнав да работам микробиологија за хемија, козметика и билка и добив можност да учам и да напредувам на полето на микробиологијата како биолог. Особено сум горда што мојот развој се одвива во компанија која денес е препознаена и како Top Employer.

4. Што е најразлично во вашата работа денес споредено со почетоците?

Прилично големите инвестирања во технологијата, процесите и во дигитализацијата на сите софтверски системи. Денес работиме со најсовремена аналитичка опрема, во нова микробиологија, според сите ISO-стандарди.

5. Што ве мотивираше да останете, да се развивате и да растете заедно со компанијата?

Најмногу ме мотивираше довербата што ја добив од компанијата и од тимот во лабораторијата, како и можноста да учам, постојано да напредувам и да не се плашам од новите предизвици.

6. Што е она што остана непроменето за вас низ сите години поминати во Алкалоид?

Грижата за вработените и за нивната благосостојба, пред сѐ заради здравје и безбедност на работното место. Многу ми е мило што работам во хумана компанија која е ангажирана во општеството, во вложувањето за подобра иднина и во подигнувањето на свеста на секој поединец.

7. Kаква порака би им испратиле на новите вработени кои штотуку го започнуваат својот пат овде?

Пред сè, да бидат трпеливи, љубопитни и подготвени за континуирано учење. Компанијата нуди многу можности за професионален и личен развој и вложува во своите вработени. Бидете горди што сте дел од компанија која е препознаена како Top Employer и која создава средина во која луѓето можат да растат и да ја градат својата кариера.

8. Постои ли нешто што денес би го направиле поинаку или би го промениле во текот на вашето работење во Алкалоид?

Ако размислуваме наназад, работите секогаш можат да бидат многу подобри, но во растот на едно мое полнолетство од 18 години работа сум ја добила вредноста на градење кариера со знаење, а име со човечност.

ГЛАСОТНА ВРАБОТЕНИТЕ

„Денес правилното селектирање и одложување стана секојдневие и култура во компанијата.“

20 години посветеност, одговорност и грижа за животната средина. За Иван Цветковски, постар специјалист во Екологија, Обезбедување квалитет – животна средина, двете децении во Алкалоид значат професионален развој и активен придонес за унапредување на еколошките практики во компанијата.

Прочитај повеќе
Иван Цветковски
Иван ЦветковскиПостар специјалист во Екологија - Обезбедување квалитет – животна средина