Alkaloid
ЛУЃЕТО ШТО ЈА ГРАДАТ ПРИКАЗНАТА

СЕМЕЈНА ТРАДИЦИЈА И ВРЕДНОСЕН КОНТИНУИТЕТ ТРИ ГЕНЕРАЦИИ ВО „АЛКАЛОИД“

Во време кога професионалната лојалност ретко се пренесува од генерација на генерација, приказната на Снежана Петровска е пример за континуитет, посветеност и за вредности што траат. Нејзиниот пат во „Алкалоид“ не е само лична кариера, туку дел од семејната традиција започната со нејзината мајка Дана Кечовска, продолжена со неа, а денес ја гради и нејзината ќерка Анастасија. Повеќе од шест децении три генерации на ова семејство се дел од „Алкалоид“ градејќи професионален интегритет, знаење и припадност. Во разговорот што следува Снежана се навраќа на своите почетоци, клучните моменти од својата кариера и на вредностите што останале непроменети.

СНЕЖАНА ПЕТРОВСКА И АНАСТАСИЈА ПЕТРОВСКА
СНЕЖАНА ПЕТРОВСКА И АНАСТАСИЈА ПЕТРОВСКА
Снежана Петровска

Снежана Петровска

Работна позиција:Заменик-директор за глобални медицински работи и безбедност на лекови

Снежана Петровска:

Бидете горди што станувате дел од алкалоидовото семејство.

Што значеше за Вас првиот ден во „Алкалоид“ и како се промени впечатокот низ годините?

Првиот ден беше и мојот прв работен ден по дипломирањето на Медицинскиот факултет во Скопје. Ден исполнет со радост и возбуда, но и со доза на неизвесност бидејќи влегував во ново подрачје надвор од клиничката пракса. Од денешна перспектива, тој прв впечаток остана силен, особено поради позитивната атмосфера, тимскиот дух и поддршката од поискусните колеги, кои беа клучни за моето приспособување и за натамошниот развој. Желбата да работам во „Алкалоид“ што ја имав пред 25 години сè уште трае.

Како би ги опишале развојот на компанијата и најголемата промена што сте ја почувствувале?

Во изминатите 25 години компанијата континуирано се развиваше и ги унапредуваше процесите, што се гледа и преку резултатите и растот. За мене значаен момент беше 2012 година кога добив можност да раководам со тим. Подоцна, со реструктурирањата, се формираше секторот Глобални медицински работи и безбедност на лекови, со кој управувам и денес. Во тој период се воведоа нови процеси, особено во фармаковигиланцата и управувањето со портфолио. Особено сум горда на инвестициите во едукација и на тимовите што ги изградивме.

Кои вредности останаа непроменети и се темел на АД „Алкалоид“ и денес?

„Алкалоид“ е систем кој го граделе генерации и кој се темели на чесност, интегритет, посветеност, тимски дух и на почит. Луѓето се секогаш на прво место, вредност што останува непроменета.

Какво е чувството кога работната приказна станува семејна традиција?

Горда сум што оваа традиција трае повеќе од 60 години. Се чувствувам како дел од големото семејство на „Алкалоид“, со кое сум емотивно поврзана уште од најрана возраст растејќи со неговите производи и брендови. Мојата мајка Дана Кечовска целиот свој работен век од 35 години го помина во „Алкалоид“, а особено ме радува што оваа традиција денес ја продолжува и мојата ќерка Анастасија Петровска.

Дали некогаш сте размислувале колку е ретко три генерации да делат иста професионална средина и што значи тоа лично за Вас?

Веројатно тоа не е честа појава, но сметам дека треба да се поддржи кога постојат услови за тоа. За мене тоа значи чувство на припадност, поврзаност, лојалност и на доверба во компанијата. Особено кога компанијата е водена од генерален директор кој е пример за лидер со јасна визија и стратегија, тоа создава дополнителна сигурност и стабилност. Неговото лидерство ме инспирира и ме мотивира во секојдневната работа.

Кој период од Вашата кариера би го издвоиле како најпредизвикувачки, а кој како најисполнувачки?

Како најпредизвикувачки период би го издвоила времето на пандемијата со COVID 19. Тоа беше исклучително тежок период кој бараше брзо приспособување и носење одлуки за да се зачува здравјето на вработените и за непречено да продолжи работењето. Денес можам со задоволство да кажам дека успешно се справивме со тој предизвик. Како најисполнувачки момент би го издвоила завршувањето на специјализацијата по клиничка фармакологија, која беше поддржана од „Алкалоид“. Тоа беше значаен чекор во мојот стручен и кариерен развој.

Што научивте од Вашата мајка за односот спрема работата, а што сакате да ѝ пренесете на Вашата ќерка?

Од мајка ми научив дека работата е одраз на карактерот. Таа секогаш нагласуваше дека треба да работиме одговорно, чесно и посветено, со почит спрема секој колега. Од неа научив за трпеливоста, упорноста и за важноста на довербата, која се гради со години, а може да се изгуби за миг. Исто така, научив колку е важно да се биде тимски играч, да се соработува и да се остане лојален, дури и во времиња на поголеми предизвици. Тие вредности денес ѝ ги пренесувам на мојата ќерка Анастасија, со верување дека успехот не доаѓа преку ноќ, туку дека е резултат на долгорочен труд, посветеност и интегритет.

Што значи за Вас да бидете дел од 90-годишната приказна на „Алкалоид“?

Тоа е повеќе од работа – тоа е доверба, традиција и наследство создавано со генерации. Верувам дека ќе продолжиме да ја градиме оваа успешна приказна и во иднина.

Анастасија Петровска

Анастасија Петровска

Работна позиција:Помлад специјалист во Финансиска оператива

Анастасија Петровска:

Чест и гордост е да се биде дел од семејството на „Алкалоид“.

Какво е чувството да започнете кариера во компанија која е веќе дел од семејната историја?

Започнувањето на мојата кариера во „Алкалоид“ за мене има посебно значење. Да се биде дел од компанија во која работела мојата баба, а денес работи и мојата мајка, претставува и гордост и голема одговорност. Оваа можност за мене е силна инспирација да учам од нивниот пример на посветеност, одговорност и лојалност. Благодарна сум што имам можност да ја продолжам традицијата која има длабоки корени во моето семејство. Нивните искуства и вредности ми претставуваат цврста основа врз која го градам мојот професионален развој. Спојот на лична амбиција и семејна традиција кај мене создава силно чувство на припадност. Преку секојдневната работа се стремам да градам сопствена доверба и углед и да оставам свој белег.

Што претставува „Алкалоид“ за Вас денес? Повеќе традиција или нов почеток?

За мене работата во „Алкалоид“ претставува спој на традиција и нов почеток. Традицијата ми дава стабилна основа и чувство на припадност, додека, пак, новиот почеток ми отвора можности за стекнување нови знаења и вештини значајни за мојот професионален развој, но и за компанијата. Благодарение на семејната традиција, добив појасна слика за функционирањето на системот, што ми помогна полесно да се приспособам на почетокот. Во изминатата година и половина „Алкалоид“ го доживеав како компанија која вреднува посветеност, професионализам и тимска работа и која континуирано вложува во развојот на своите вработени. Среќна сум што имам можност да работам во здрава работна средина и да учам од моите колеги во Секторот за финансии. Поттикната од традицијата, со посветеност и одговорност ќе продолжам по патот кој го граделе претходните генерации, со желба и јас да придонесам во натамошниот развој на компанијата и еден ден да бидам пример за идните генерации. Чест и гордост е да се биде дел од семејството на „Алкалоид“.

ГЛАСОТНА ВРАБОТЕНИТЕ

Во „Алкалоид“ има простор за напредок за секој што е подготвен да вложува во своето знаење и развој.

90-те години на АЛКАЛОИД се создаваа преку приказните на луѓето што растат заедно со компанијата. Дваесет од тие деведесет години се дел и од професионалниот пат на Бисера Јанеска-Трајковска, помлад менаџер во лабораторијата за суровини.

Прочитај повеќе
Бисера Јанеска
Бисера ЈанескаПомлад менаџер во лабораторијата за суровини