90 години посветени на здравјето

Со почит спрема минатото и со јасен поглед кон иднината, влегуваме во јубилејната година со длабоко значење. Затоа што 90 години не се само историја, туку и иднина што ја градиме заедно – денес, утре, секогаш.

Обраќање на генералниот директор

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit, sed do eiusmod tempor incididunt ut labore et dolore magna aliqua. Ut enim ad minim veniam, quis nostrud exercitation ullamco laboris nisi ut aliquip ex ea commodo consequat. Duis aute irure dolor in reprehenderit in voluptate velit esse cillum dolore eu fugiat nulla pariatur. Excepteur sint occaecat cupidatat non proident, sunt in culpa qui officia deserunt mollit anim id est laborum. Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit, sed do eiusmod tempor incididunt ut labore et dolore magna aliqua. Ut enim ad minim veniam, quis nostrud exercitation ullamco laboris nisi ut aliquip ex ea commodo consequat.

Живко Мукаетов

Генерален директор / Претседател на Управен Одбор

Живко Мукаетов

90 ГОДИНИ

ГРИЖА ЗА ЗАЕДНИЦАТА

Крводарителска акција

Во „Алкалоид“ солидарноста отсекогаш била една од вредностите што нè обединуваат. Со нашето хумано и одговорно однесување ги потврдуваме посветеноста на луѓето и грижата за здравјето. Едно такво хумано дело е и дарувањето крв – благороден чин кој може да спаси многу животи. Со големо задоволство и оваа година ја спроведовме регионалната крводарителска акција „Спаси живот – дарувај крв“. Речиси 200 алкалоидовци успешно даруваа крв и покажаа хуманост, сплотеност и подготвеност да помогнат кога е потребно. Во акцијата, покрај колегите од Македонија, повторно доброволно се вклучија и вработените од Србија, Хрватска и од Босна и Херцеговина. Акцијата традиционално се спроведува во соработка со Црвен крст на град Скопје/City Red Cross of Skopje и со Институтот за трансфузиона медицина на РМ. Со секој наш гест сакаме да бидеме пример за добрина – неколку минути од нашето време за некого можат да значат живот и надеж! Во годината во која го одбележуваме 90-годишниот јубилеј, преку голем број активности ги покажуваме нашите заложби позитивно да влијаеме и да оставиме трајни вредности за заедницата во која дејствуваме.

90 Години
Времеплов

Нашата историја низ девет декади на иновации и посветеност ...

Види повеќе
1936-46

1936-46

Со 15 работници кои произведувале околу 350 kg фармацевтски суровини се поставени темелите на „Алкалоид“, како зачетоци на новата фармацевтска индустриска гранка во регионот.

1946-56

1946-56

По национализацијата во 1945 година, „Алкалоид“ влегува во фаза на континуиран раст, значително ги зголемува производството и бројот на вработените и ги проширува своите капацитети.

1956-66

1956-66

Со пуштањето во употреба на Галенскиот погон во 1957 година, „Алкалоид“ започнува производство на готови лекови и се афирмира како современа фармацевтска компанија со меѓународна соработка. Во погонот се произведуваат лекови во различни фармацевтски форми, меѓу кои и познатиот „Кафетин“.

1966-76

1966-76

Со интеграцијата на Билка, Фабриката за производство на хемикалии и фотоматеријали „Лафома“ и Фабриката за сапуни и козметика „Цветан Димов“ и со отворањето на новата фабрика за готови лекови во 1972 година, „Алкалоид“ се позиционира како целосно модерна фармацевтска индустрија.

1976-86

1976-86

Преку силен инвестициски циклус, нови фабрики и интеграции, „Алкалоид“ се позиционира меѓу петте најголеми компании од ваков тип во поранешна Југославија со значително проширениот асортиман, повеќе од 2.800 вработени и со воведувањето на еден од најпрепознатливите брендови на компанијата – Бекутан.

1986-96

1986-96

„Алкалоид“ успешно се трансформираше во акционерско друштво и остана една од ретките компании во државата која успеа да го задржи позитивниот тренд на раст и развој. Друштвото и стратешки го реализираше најзначајниот потег – трансфер во современиот извозно ориентиран систем со отворањето сестрински компании надвор од границите на државата.

1996-06

1996-06

Во 1996 година „Алкалоид“ го започнува најкрупниот инвестициски циклус. Со почетокот на изградбата на новата фабрика за цврсти таблетни форми на површина од околу 12.000 m2, преку воведувањето на GMP и ISO- стандардите и силната извозна ориентација, „Алкалоид“ се верификува како европски конкурентна фармацевтска компанија присутна на светските пазари.

2006-16

2006-16

„Алкалоид“ спроведува силна модернизација со воведувањето на системот SAP ERP и со отворањето на Центарот за информатичка технологија „Трајче Мукаетов“, а во 2009 година со работа започнува и новиот Институт за истражување и развој. Компанијата го отвора првиот производствен погон надвор од земјата и воспоставува стратешки партнерства со водечки светски компании.

2016-26

2016-26

Период обележан со интензивни капитални инвестиции во производствени и контролни капацитети, нови лаборатории и во современи погони. „Алкалоид“ ги зајакнува извозната ориентација, технолошката ефикасност и одржливиот развој преку континуирано вложување во квалитетот, едукацијата и во општествената одговорност.

Кратки приказниголема историја
ГЛАСОТНА ВРАБОТЕНИТЕ

Во „Алкалоид“ има простор за напредок за секој што е подготвен да вложува во своето знаење и развој.

90-те години на АЛКАЛОИД се создаваа преку приказните на луѓето што растат заедно со компанијата. Дваесет од тие деведесет години се дел и од професионалниот пат на Бисера Јанеска-Трајковска, помлад менаџер во лабораторијата за суровини.

Прочитај повеќе
Години во Алкалоид20
Бисера ЈанескаПомлад менаџер во лабораторијата за суровини
Бисера Јанеска
90 годинипосветени на луѓето