Alkaloid
Бисера Јанеска

Бисера Јанеска

Работна позиција:Помлад менаџер во лабораторијата за суровини, Контрола на квалитет фармација
Години во Алкалоид:25

Бисера Јанеска:

Во „Алкалоид“ има простор за напредок за секој што е подготвен да вложува во своето знаење и развој.

1.Како го паметите Вашиот прв работен ден во компанијата?

Мојот прв работен ден во „Алкалоид“ го паметам како ден исполнет со возбуда, позитивна трема и со голема желба за учење. Уште на почетокот бев пречекана од професионален тим кој беше подготвен да го сподели своето знаење и искуство, што ми помогна бргу да се вклопам во работната средина.

2.Што е најразлично во Вашата работа денес споредено со почетоците?

Најмногу се променија технологијата, инструменталните техники и дигитализацијата на процесите. Денес работиме со најсовремена аналитичка опрема, инструментални техники и со софтверски системи, кои се составен дел од секојдневното работење. Процесите се многу подигитализирани, што овозможува поголема ефикасност, сигурност и усогласеност со највисоките фармацевтски стандарди. „Алкалоид“ континуирано инвестира во технологијата и во развојот на вработените, што е видливо во сите сегменти од работењето.

3.На кој момент од Вашиот професионален пат во „Алкалоид“ сте најгорди?

Најгорда сум на мојот професионален развој и на можноста да изградам кариера во компанија која постојано поставува високи стандарди. Особено ми значи што низ годините бев дел од голем број проекти поврзани со унапредување на аналитичките процеси, воведување нови техники и континуирано подобрување на системот за квалитет. Успехот за мене е резултат на тимската работа, знаењето и на постојаната желба за напредок.

4.Што е најразлично во Вашата работа денес споредено со почетоците?

Како одговорно лице во лабораторијата за суровини, денес имам многу поширока одговорност отколку на почетокот на мојата кариера. Покрај аналитичките активности, активно учествувам во организацијата на работните процеси, развојот на кадарот, воведувањето нови практики и во обезбедувањето усогласеност со регулаторните барања. Денес гледам на процесот од поширока перспектива и многу повеќе сум насочена кон стратешко унапредување и континуирано подобрување.

5.Што Ве мотивираше да останете, да се развивате и да растете заедно со компанијата?

Најголема мотивација за мене беше можноста за континуирано професионално усовршување и работа во средина која ги следи најновите светски трендови во фармацевтската индустрија. „Алкалоид“ ми овозможи постојано да се надградувам преку обуки, стручни усовршувања и преку работа на различни проекти. Особено значајна беше можноста да работам со најсовремени инструментални техники и аналитичка опрема, како и со современи софтверски решенија применети во секојдневното работење. Во текот на целата кариера имав можност да учам од врвни професионалци, да разменувам знаење со колегите и да бидам дел од тим кој е секогаш насочен кон постигнување највисоки стандарди за квалитет. Токму таа комбинација од знаење, технологија, тимска поддршка и можност за развој беше главната причина да растам заедно со компанијата.

6.Што е она што остана непроменето за Вас во текот на сите години поминати во „Алкалоид“?

Иако технологијата и процесите континуирано се развиваат, непроменети останаа вредностите врз кои се темели компанијата – професионалноста, високите стандарди за квалитет, одговорноста, почитта спрема луѓето и тимскиот дух. Токму овие вредности се причината поради која „Алкалоид“ со децении е препознатлива и успешна компанија.

7.Како се одвива процесот на контрола на квалитетот и како го гледате како одговорно лице на лабораторијата за суровини?

Контролата на квалитетот започнува уште со приемот на суровините. Секоја суровина што пристигнува во компанијата поминува низ строго дефиниран процес на земање примероци, идентификација и лабораториско тестирање, во согласност со фармакопејските барања, интерните спецификации и со регулаторните стандарди. Во лабораторијата за суровини се изведуваат различни физичко-хемиски анализи со користење современа аналитичка опрема и инструментални техники. Резултатите потоа се обработуваат, се проверуваат и се документираат преку валидирани софтверски системи, со што се обезбедува нивна точност и следливост. Како одговорно лице на лабораторијата, секојдневно се грижам за сите активности да се одвиваат во согласност со GMP-принципите и со воспоставените процедури. За мене контролата на квалитетот не е само анализа на примерок, туку процес кој влева доверба дека во производството ќе влезе исклучиво суровината која ги исполнува највисоките стандарди за квалитет. Истовремено, голем дел од мојата работа е насочен кон континуирано подобрување на лабораториските процеси, воведување нови технологии и кон развој на лабораторискиот тим. Верувам дека квалитетот не се проверува само на крај – тој се гради во секој чекор од процесот.

8.Каква порака би им испратиле на новите вработени кои штотуку го започнуваат својот пат овде?

Би им порачала да бидат љубопитни, да поставуваат прашања и постојано да учат. Да ги искористат сите можности за професионален развој што ги нуди компанијата и да не се плашат од нови предизвици. Во „Алкалоид“ има простор за напредок за секој што е подготвен да вложува во своето знаење и развој. Со посветеност, истрајност и со тимска работа резултатите неизбежно доаѓаат.

9.Постои ли нешто што денес би го направиле поинаку или би го промениле во текот на Вашето работење во „Алкалоид“?

Сметам дека секое искуство, без разлика дали било предизвик или успех, претставувало важна лекција во мојот професионален развој. Кога би можела да променам нешто, можеби уште порано би прифатила одредени дополнителни предизвици и можности за развој. Сепак, задоволна сум од патот што го изодев бидејќи секој чекор придонесе да станам професионалецот што сум денес и ми овозможи успешно да ја водам лабораторијата за суровини заедно со тимот со кој секојдневно работам на обезбедување највисок квалитет.

ГЛАСОТНА ВРАБОТЕНИТЕ

Првиот работен ден го паметам како сериозен предизвик.

Во годината кога „Алкалоид“ одбележува значаен компаниски јубилеј, свој личен јубилеј – 40 години посветена работа – слави и Страшо Арсовски, дел од Службата за обезбедување и заштита. Од првиот работен ден, обележан со чувство на одговорност и на сериозен предизвик, до денес, Страшо растел заедно со компанијата, следејќи ги нејзиниот развој, технолошките промени, зголемената одговорност и потребата од ефикасност.

Прочитај повеќе
Години во Алкалоид40
Страшо АрсовскиРаботник во Обезбедување и заштита
Страшо Арсовски