Alkaloid
ЛУЃЕТО ШТО ЈА ГРАДАТ ПРИКАЗНАТА

ДВЕ ГЕНЕРАЦИИ, ЕДНА ПРОФЕСИОНАЛНА ВРЕДНОСТ ВО „АЛКАЛОИД“

Елефтерија Давчева и Тане Мургоски, мајка и син, се дел од „Алкалоид“ и припаѓаат на различни генерации што го градат својот професионален пат во рамките на компанијата. Нивните искуства зборуваат за посветеноста и вредностите што се пренесуваат, но и за тивката поврзаност меѓу личното и професионалното, која се гради низ времето.

ЕЛЕФТЕРИЈА ДАВЧЕВА И ТАНЕ МУРГОСКИ
ЕЛЕФТЕРИЈА ДАВЧЕВА И ТАНЕ МУРГОСКИ
Елефтерија Давчева:

Елефтерија Давчева:

Работна позиција:Личен асистент на Главниот извршен директор и Претседател на Управниот одбор
Години во Алкалоид:

Елефтерија Давчева

„’Алкалоид’ не е само работно место, туку место кое ги поврзува генерациите и кое создава трајни вредности.“

Како го доживувате сопствениот професионален развој во „Алкалоид“ низ годините и кои фактори беа клучни за Вашата долгорочна посветеност?

Во „Алкалоид“ работеле и моите родители – татко ми Ѓорѓи, кој замина во пензија на почетокот на деведесеттите години, и мајка ми Фанка, која остана дел од компанијата до 1999 година, кога јас го започнав својот професионален пат. Со првиот чекор во „Алкалоид“ не знаев дека, всушност, започнувам едно долго, стабилно и динамично професионално патување. Претходно работев во Државниот завод за статистика, каде што стекнав практично искуство, кое ми беше од голема корист во Секторот за финансии, мојата прва професионална станица во компанијата. Низ годините мојот професионален пат се развиваше паралелно со растот и развојот на компанијата. „Алкалоид“ не беше само работно место, туку средина во која созревав и како професионалец и како личност. Секој нов предизвик беше можност за учење, а секоја промена отвораше простор за нови знаења и за напредок. Чувството на сигурност, континуираното вложување во развојот на вработените и културата во која трудот и резултатите се препознаваат и се вреднуваат беа клучните причини за мојата долгорочна посветеност на компанијата.

Какво е чувството да работите во иста компанија со Вашиот син и како ја менува тоа Вашата перспектива како мајка?

Да се работи во иста компанија со сопственото дете е навистина посебно чувство. Со текот на времето научив да направам јасна граница меѓу улогата на мајка и улогата на колешка. Настојувам да бидам поддршка ако е тоа потребно, но никогаш да не влијаам врз неговите професионални одлуки. Најголема радост ми е тоа што гледам како со сопствениот труд, знаење и посветеност го гради своето место во компанијата. Верувам дека секој треба сам да го изоди својот пат, а јас сум среќна што можам да го следам тој процес одблизу.

Дали некогаш си давате професионални совети еден на друг и колку се разликуваат вашите пристапи спрема работата?

Секако, разговорите за работата се неизбежни, но секогаш внимаваме тие да останат во рамките на добронамерен совет и размена на мислења. Моето искуство ме научило на трпеливост, систематичност и внимателно носење одлуки, додека, пак, тој носи свежи идеи, поинаква перспектива и полесно се приспособува на новите модерни текови на работење. Токму затоа нашите разговори се интересни и корисни – се надополнуваме, разменуваме искуства и често учиме еден од друг. Верувам дека кога постои заемна почит, различните меѓугенерациски пристапи не се пречка, туку предност.

Кои вредности од домот најмногу се пренесоа и во Вашата професионална средина?

Во нашето семејство отсекогаш се ценеле чесноста, одговорноста, почитта спрема работата и лојалноста. Тоа беа вредности со кои јас израснав и кои сосема природно ги пренесов и во професионалниот живот. Кај нас дома често се велеше „Образот не го давам.“ Тоа не беше само израз, туку животен принцип – секогаш да работиш чесно, одговорно и да стоиш зад своите постапки. Истите тие вредности беа и мојата водилка во „Алкалоид“ сиве овие години. „Чувството на сигурност, континуираното вложување во развојот на вработените и културата во која трудот и резултатите се препознаваат и се вреднуваат беа клучните причини за мојата долгорочна посветеност на компанијата.“

Што значи за Вас кога ќе видите дека Вашето дете го гради својот пат токму во компанијата во која и Вие сте вложиле години труд?

Тоа е чувство што тешко се опишува со зборови. Посебна гордост е кога ќе видите дека вашето дете одлучило да го гради својот професионален пат во истата компанија во која и вие сте поминале 27 години од работниот век. Уште повеќе ми значи што тоа е негов личен избор и што во „Алкалоид“ ги препознал истите вредности што и мене ме задржаа сиве овие години. Тоа е најубавата потврда дека „Алкалоид“ не е само работно место, туку место кое ги поврзува генерациите и кое создава трајни вредности.

Тане Мургоски

Тане Мургоски

Работна позиција:Виш специјалист за човечки ресурси „Алкалоид“ АД Скопје
Години во Алкалоид:

Тане Мургоски

„’Алкалоид’ ми овозможи да учам, да напредувам и да го најдам своето место почитувајќи ја семејната традиција, но истовремено креирајќи и сопствен пат.“

Како го перципирате Вашето професионално оформување во средина во која веќе постои силно присуство на семејна професионална приказна?

Да се започне кариера во компанија со толку длабоки семејни корени, компанија во која работи мојата мајка, а во која работеле и мојата баба и мојот дедо, е чест и одговорност. Од самиот почеток бев свесен дека сум дел од приказна што не започнала со мене. Истовремено, тоа беше мотивација да се докажам самостојно и да го изградам својот професионален идентитет. „Алкалоид“ ми овозможи да учам, да напредувам и да го најдам своето место почитувајќи ја традицијата, но истовремено креирајќи и сопствен пат.

Кои вредности или принципи стекнати во семејниот контекст најмногу влијаат врз Вашиот пристап спрема работата?

Од семејството најмногу ги понесов чувството за одговорност, работната етика и почитта спрема колективот. Ми беше всадено тоа дека ништо не се добива преку ноќ и дека довербата се гради со доследност и со чесна работа. Тие принципи директно го обликуваат мојот пристап во „Алкалоид“: да бидам посветен, коректен и секогаш подготвен да учам и да придонесам.

ГЛАСОТНА ВРАБОТЕНИТЕ

Во „Алкалоид“ има простор за напредок за секој што е подготвен да вложува во своето знаење и развој.

90-те години на АЛКАЛОИД се создаваа преку приказните на луѓето што растат заедно со компанијата. Дваесет од тие деведесет години се дел и од професионалниот пат на Бисера Јанеска-Трајковска, помлад менаџер во лабораторијата за суровини.

Прочитај повеќе
Бисера Јанеска
Бисера ЈанескаПомлад менаџер во лабораторијата за суровини