Alkaloid
ЛУЃЕТО ШТО ЈА ГРАДАТ ПРИКАЗНАТА

ПОМЕЃУ ТРАДИЦИЈАТА И ЛИЧНИОТ ПАТ

Понекогаш професионалниот пат не останува само на работното место, туку природно се вплеткува во личниот и семејниот живот. Така се создаваат приказни во кои припадноста, вредностите и искуството се пренесуваат од генерација на генерација. За Маја Ѓуровска и Кристијан Ѓуровски „Алкалоид“ не е само компанија, туку дел од нивниот секојдневен живот и од семејниот идентитет.

МАЈА ЃУРОВСКА И КРИСТИЈАН ЃУРОВСКИ
МАЈА ЃУРОВСКА И КРИСТИЈАН ЃУРОВСКИ
Маја Ѓуровска:

Маја Ѓуровска:

Работна позиција:Сменоводител – подготовка (козметика)

Маја Ѓуровска

„Алкалоид“ ме научи на професионализам, кој природно стана дел од мојот карактер.

Што значи работата во „Алкалоид“ за Вас и кои моменти Ви се лично највредни?

Моето искуство во „Алкалоид“, кое датира од 2005 година, не го доживувам само како кариерен пат, туку како процес на созревање. Низ годините компанијата стана мој втор дом. Најзначајно за мене е чувството на припадност и на сигурност дека работам во систем кој ги вреднува трудот и лојалноста. Лично, најмногу ме исполнуваат пријателствата што ги изградив и моментите кога тимски сме пребродувале одредени предизвици. Тоа се лекции за заедништво кои не се учат од книга.

Кои вредности што ги живеете секојдневно на работа најмногу се пренесуваат и во Вашиот приватен живот?

Дисциплината, одговорноста и почитта спрема другите. Како некој кој има одговорна улога во смената, научив дека секој детал е важен и дека довербата се гради со дејства, а не само со зборови. Тие исти вредности ги негувам и во семејството – секогаш да се биде чесен, посветен и да се има разбирање за луѓето околу себе. „Алкалоид“ ме научи на професионализам, кој природно стана дел од мојот карактер.

Дали постои момент кога сте почувствувале особена гордост што сте дел од „Алкалоид“ и што го предизвика тоа чувство?

Гордоста ја чувствувам секојпат кога ќе видам производ на „Алкалоид“ на полиците во странство или кога ќе слушнам позитивни зборови за нашиот квалитет. Најемотивен момент е сознанието дека сме дел од здравјето на милиони луѓе. Тоа е чувство на голема општествена одговорност што предизвикува вистинско задоволство. Знаеш дека твојата секојдневна работа има повисока цел.

Како изгледа кога професионалниот и семејниот свет се испреплетуваат преку заедничката работа во иста компанија?

Тоа е специфична и многу убава динамика. Од една страна постои меѓусебно разбирање за тежината и за одговорноста на работата, а од друга страна „Алкалоид“ станува заедничка тема која дополнително нè поврзува. Кога професионалните вредности се согласуваат со семејните, тогаш работата не е товар, туку заедничка мисија. „Најемотивен момент е сознанието дека сме дел од здравјето на милиони луѓе. Тоа е чувство на голема општествена одговорност што предизвикува вистинско задоволство. Знаеш дека твојата секојдневна работа има повисока цел.“

Што значи за Вас кога ќе видите дека Вашето дете го гради својот пат токму во компанијата во која и Вие сте вложиле години труд?

Тоа е чувство што тешко се опишува со зборови. Посебна гордост е кога ќе видите дека вашето дете одлучило да го гради својот професионален пат во истата компанија во која и вие сте поминале 27 години од работниот век. Уште повеќе ми значи што тоа е негов личен избор и што во „Алкалоид“ ги препознал истите вредности што и мене ме задржаа сиве овие години. Тоа е најубавата потврда дека „Алкалоид“ не е само работно место, туку место кое ги поврзува генерациите и кое создава трајни вредности.

Кристијан Ѓуровски

Кристијан Ѓуровски

Работна позиција:Магацин – готов производ (козметика)

Кристијан Ѓуровски:

Сопствената приказна во „Алкалоид“ ја градам со почит спрема семејната традиција, но и со јасен фокус на личниот труд, резултати и интегритет.

Како ја градите сопствената приказна во „Алкалоид“ имајќи ја предвид семејната заднина?

Сопствената приказна во „Алкалоид“ ја градам со почит спрема семејната традиција, но и со јасен фокус на личниот труд, резултати и интегритет. За мене наследството не е привилегија, туку одговорност и силен мотив да придонесам со сопствена вредност и визија.

Што значи за Вас да се биде дел од компанија со толкава традиција, но и со јасна ориентација кон иднината?

Да се биде дел од компанија со толкава традиција значи да се носи одговорност за зачувување на вредностите врз кои е изградена, но и обврска да се придонесе во нејзиниот натамошен развој. Во исто време, ориентацијата кон иднината е поттик за иновации, напредок и за постојано унапредување.

ГЛАСОТНА ВРАБОТЕНИТЕ

Во „Алкалоид“ има простор за напредок за секој што е подготвен да вложува во своето знаење и развој.

90-те години на АЛКАЛОИД се создаваа преку приказните на луѓето што растат заедно со компанијата. Дваесет од тие деведесет години се дел и од професионалниот пат на Бисера Јанеска-Трајковска, помлад менаџер во лабораторијата за суровини.

Прочитај повеќе
Бисера Јанеска
Бисера ЈанескаПомлад менаџер во лабораторијата за суровини