Alkaloid
ЛУЃЕТО ШТО ЈА ГРАДАТ ПРИКАЗНАТА

КОГА ВРЕДНОСТИТЕ СЕ ПРЕНЕСУВААТ, А ПАТОТ СЕ ГРАДИ ОДНОВО

Понекогаш приказните за кариера не започнуваат од нула, туку се надоврзуваат на вредностите, искуствата и на семејните разговори што се градат со години. Но вистинската тежина на тие приказни доаѓа во моментот кога секоја нова генерација ќе избере да го изоди сопствениот пат. За Светлана Ангелковска и Марија Јанкоска „Алкалоид“ претставува повеќе од работна средина. Тоа е простор каде што припадноста се гради со текот на времето, а професионалниот идентитет се оформува преку личен труд, одговорност и постојано усовршување.

СВЕТЛАНА АНГЕЛКОВСКА И МАРИЈА ЈАНКОСКА
СВЕТЛАНА АНГЕЛКОВСКА И МАРИЈА ЈАНКОСКА
Светлана Ангелковска

Светлана Ангелковска

Работна позиција:Производство на цврсти форми

Светлана Ангелковска:

„Како човек на кого можете да се потпрете, компанијата континуирано покажува стабилност, визија и грижа за долгорочен развој, што создава чувство на сигурност и на припадност.“

Како се менува чувството на припадност на една компанија кога таа станува дел од Вашиот личен и семеен идентитет?

Со текот на годините припадноста на компанијата природно прераснува од професионална поврзаност во длабоко лично чувство. Кога работното место станува дел од семејните разговори, вредности и секојдневие, се создава посебна емоционална врска и чувство на гордост. Во таков контекст компанијата не се доживува само како работна средина, туку како заедница во која растете и професионално и човечки. Тоа носи и дополнителна одговорност: секој успех се чувствува лично, а секој предизвик како заедничка задача што треба да се надмине.

Кои мали, секојдневни нешта низ годините најмногу Ви го потврдуваа чувството дека сте на вистинското место?

Тоа најчесто се малите моменти: поддршката од колегите, чувството на доверба во тимот и сознанието дека вашиот труд има реално значење. Со текот на времето токму стабилноста, заемната почит и заедничката посветеност на квалитетот создаваат чувство дека припаѓате на место каде што вашиот придонес е вреднуван.

Ако треба да го опишете „Алкалоид“ со една човечка карактеристика, која би била и зошто?

Доколку треба да се опише со една човечка карактеристика, тоа би била доверливоста. „Алкалоид“ гради однос заснован на сигурност, доследност и на одговорност и спрема вработените и спрема заедницата. „Како човек на кого можете да се потпрете, компанијата континуирано покажува стабилност, визија и грижа за долгорочен развој, што создава чувство на сигурност и на припадност.“

Што значи за Вас да гледате како новата генерација, Вашата ќерка, го продолжува патот во истата средина, но во едно поинакво време?

Тоа претставува посебна комбинација на гордост и емоција. Од една страна убаво е да се види дека вредностите и традицијата продолжуваат, а од друга страна инспиративно е да се набљудува како новата генерација носи свежи идеи, нови перспективи и поинаков начин на размислување. Времињата се менуваат, но основните принципи остануваат исти – посветеност, професионалност и стремеж кон напредок.

Марија Јанкоска

Марија Јанкоска

Работна позиција:Контрола на квалитет, лабораторија за фармацевтски производ

Марија Јанкоска:

Сфатив дека успехот на компанијата не се темели само на традицијата, туку, пред сè, на луѓето, нивната експертиза и на постојаната ориентираност кон квалитет и напредок.

Колку влијаеше семејната приказна врз Вашата одлука да станете дел од „Алкалоид“ и колку успеавте да изградите сопствен професионален идентитет?

Семејната приказна секако имаше влијание во смисла на тоа дека уште од рана возраст имав можност да слушам за вредностите, посветеноста и за одговорноста што ги носи работата во „Алкалоид“. Тоа кај мене создаде почит спрема компанијата и разбирање за нејзината улога во општеството. Сепак, одлуката да станам дел од тимот беше и личен професионален избор мотивиран од желбата за развој, учење и за придонес во средина со високи стандарди. Со текот на времето, преку сопственото искуство, предизвиците и секојдневната работа успеав да изградам сопствен професионален идентитет базиран на личните вредности, одговорноста и континуираното усовршување.

Што Ве изненади најмногу кога за првпат ја доживеавте компанијата однатре, надвор од семејните приказни што сте ги слушале?

Она што најмногу ме изненади беше нивото на професионалност и систематичност во секојдневното работење. Иако претходно имав слушано многу позитивни искуства, вистинското разбирање доаѓа кога ќе станете дел од процесите и тимовите. Особено впечатливи беа тимската култура, подготвеноста за соработка, размената на знаење и заемната поддршка меѓу колегите. Сфатив дека успехот на компанијата не се темели само на традицијата, туку, пред сè, на луѓето, нивната експертиза и на постојаната ориентираност кон квалитет и напредок.

ГЛАСОТНА ВРАБОТЕНИТЕ

Во „Алкалоид“ има простор за напредок за секој што е подготвен да вложува во своето знаење и развој.

90-те години на АЛКАЛОИД се создаваа преку приказните на луѓето што растат заедно со компанијата. Дваесет од тие деведесет години се дел и од професионалниот пат на Бисера Јанеска-Трајковска, помлад менаџер во лабораторијата за суровини.

Прочитај повеќе
Бисера Јанеска
Бисера ЈанескаПомлад менаџер во лабораторијата за суровини