Kромид сушен
Зеленчук добро познат во секое домаќинство. Добиен од ризомот на растението Alium cepa со изразено силен лут мирис и вкус. При самото сечење на свежиот кромид се ослободуваат супстанции (дипропилдисулфид) кои предизвикуваат солзење на очите. Оваа појава можете да ја избегнете со користење на сушениот кромид, кој се пакува во соодветна амбалажа со 7 пати помала тежина од истата количина кромид во свежа состојба. Има многубројни благотворни дејства врз човековиот организам меѓу кои се спречување агрегација на тромбоцитите, како и хипогликемично, диуретично, антимикробно и антиалергиско дејство. Неговата употреба во секојдневната исхрана е неизоставен дел од здравиот живот.
50г


