
ВРЕДНОСТИ ШТО СЕ ПРЕНЕСУВААТ, ПАТ ШТО СЕ ГРАДИ
Во некои семејства, професијата не е само избор, туку дел од заедничкиот континуитет што се гради низ години. Но, секоја нова генерација носи и сопствен поглед, нова енергија и поинаков начин на размислување. За Кети Петковска и Синиша Петковски, „Алкалоид“ е местото каде што се среќаваат искуството и новата перспектива. Додека едната страна се темели на години посветеност, учење и раст, другата допрва се обликува низ лични амбиции, одговорност и желба за докажување. Нивните размислувања покажуваат како вредностите се пренесуваат, а професионалниот пат секогаш се гради самостојно.

Кети Петковска:
Кети Петковска
„Успехот не е само во знаењето, туку и во односот кон луѓето и во способноста да се прилагодуваш и растеш.“
Како би го опишале вашиот професионален пат во „Алкалоид“ низ призмата на личен развој, а не само работно искуство?
Мојот професионален пат во „Алкалоид“ не го гледам само како низ позиции, туку како континуиран личен развој. Секој предизвик ме научи на трпение, одговорност и тимска работа. Со текот на времето, научив дека успехот не е само во знаењето, туку и во односот кон луѓето и во способноста да се прилагодуваш и растеш.
Кои моменти или ситуации најмногу ве обликуваа како професионалец во рамки на компанијата?
Најчесто ме обликуваат ситуациите кога требаше да донесам одлуки под притисок, како и моментите кога работевме како тим за да ги надминеме предизвиците. Токму тие ситуации ме научија на стабилност, доверба во колегите и искреност.
Што е она што ве мотивирало да останете посветени на „Алкалоид“ низ годините, дури и во предизвикувачки периоди?
Најмотивирано се чувствувам кога сум дел од нешто значајно и стабилно. Кога работата има смисла и кога резултатите се видливи, посветеноста доаѓа природно. Дополнително, колегите и заедничките успеси се силен поттик да се вложиш со сè што имаш.
Како изгледа да се споделува професионалната реалност со член од семејството, дали тоа носи повеќе блискост или нова перспектива?
Професијата носи и блискост и нова перспектива. Од една страна, имаме подобро разбирање за работата, а од друга, учиме еден од друг. Важно е да се постави баланс помеѓу професионалното и приватното, но искуството е многу збогатувачко.
Синиша Петковски
Синиша Петковски
„Денес работиме побрзо, пофлексибилно и повеќе дигитално. Но од постарата генерација учиме дисциплина, посветеност и трпение. Комбинацијата од двете е најсилна.“
Дали чувствувате одговорност или предност што доаѓате од семејство кое веќе има своја приказна во „Алкалоид“?
Чувствувам љубопитност, одговорност и вредност. Преку неа е што доаѓам со одредено разбирање за вредностите на компанијата, но истовремено чувствувам обврска сам да се докажам и да изградам сопствен пат.
Како ја доживувате разликата помеѓу генерациите, што мислите дека денес е поинакво во начинот на работа и размислување?
Разликите постојат, особено во начинот на размислување и пристапот кон работата. Денес работиме побрзо, пофлексибилно и повеќе дигитално. Но од постарата генерација учиме дисциплина, посветеност и трпение. Комбинацијата од двете е најсилна.

Во „Алкалоид“ има простор за напредок за секој што е подготвен да вложува во своето знаење и развој.
90-те години на АЛКАЛОИД се создаваа преку приказните на луѓето што растат заедно со компанијата. Дваесет од тие деведесет години се дел и од професионалниот пат на Бисера Јанеска-Трајковска, помлад менаџер во лабораторијата за суровини.

