YOUNG DERM крем за интензивна нега на масна и на проблематична кожа 50 ml
Кремот YOUNG DERM за интензивна нега на мрсна и на проблематична кожа содржи природни, екосертифицирани екстракти од манго и од камилица, како и витамин В3. Оваа комбинација овозможува долготрајна нега и длабински третман на кожата, со можност за редуцирање на појавата на акни.
Екстрактот од камилица и бисабололот (активна компонента од маслото од камилица) имаат антиинфламаторно дејство врз кожата, т.е. го смируваат црвенилото и спречуваат појава на натамошна иритација.
Витаминот В3 (нијацинамид) ја намалува можноста за создавање нови акни, а, воедно, ја подобрува хидратацијата и тонизацијата на кожата.
Екстрактот од манго дејствува астрингентно – ги стеснува порите на кожата и помага во смирувањето на акничните лезии. Исто така, има и антиоксидативно дејство – ги неутрализира штетните слободни радикали во кожата.
Идеалната комбинација на активните компоненти нуди долготрајна нега на кожата, а, воедно, ја регулира секрецијата на лојните жлезди, со што се намалува можноста за создавање акни и митесери.
Упатство за употреба: кремот се нанесува на целото лице, наутро и навечер, по темелно чистење на кожата со лосионот YOUNG DERM.










