test

FUREXTIL (cefuroxime axetil)

Алкалоид го прошири своето портфолио на антиинфективни лекови со нов второгенерациски орален цефалоспорин.

Алкалоид АД Скопје со гордост најавува дека го проширува своето портфолио на лекови. Станува збор за FUREXTIL (cefuroxime axetil), лек од групата антибактериски средства за системска употреба, второгенерациски орален цефалоспорин. Достапен е во доза од 500 mg во пакување од 10 филм-обложени таблети.

FUREXTIL од 500 mg e индициран за лекување инфекции кај возрасни и кај деца со телесна тежина над 40 kg.

Терапевтските индикации за кои е наменет FUREXTIL од 500 mg се:

  • акутен отитис медија,
  • акутни егзацербации на хроничен бронхитис,
  • терапија во раната фаза на Лајмска болест.



Вообичаеното времетраење на терапијата со FUREXTIL од 500 mg е седум дена, но опсегот на терапијата може да трае помеѓу 5 и 10 дена, освен за Лајмската болест, кога опсегот на терапијата изнесува помеѓу 10 и 21 ден. Исто така, препорачаната доза за овие индикации e една таблета од 500 mg двапати на ден. Најдобро е таблетите FUREXTIL да се земаат по јадење за оптимална апсорпција.


Лекот е достапен за продажба во сите подобро снабдени аптеки во Северна Македонија и е на позитивна листа.