pronet logo

Политика за колачиња

За да разбереме како ja користат посетителите нашaтa веб-страницa и за да им овозможиме подобро искуство, може да собираме некои ваши податоци со специјалната алатка наречена колачиња (Cookies).

Што се колачиња?

Колачињата претставуваат мали датотеки со податоци, кои се поставени на вашиот компјутер или мобилен телефон кога посетувате одредена веб-страница. Колачињата се користат многу често од сопствениците на веб-страниците со цел да се олесни функционирањето на веб-страницата или да се запомнат вашите активности и преференции, за да се обезбеди персонализирана/приспособена содржина на веб-страницата и за да се прикаже нејзината навигациска историја. Овие текстуални датотеки може да бидат прочитани од веб-страниците што ги посетувате и да помогнат во вашата идентификација кога повторно ќе ја отворите веб-страницата.

Колачињата поставени од сопственикот на веб-страницата или од провајдерот на услуги (во овој случај АЛКАЛОИД АД Скопје) се нарекуваат „колачиња на првата страна“. Колачињата што се поставени од други страни, а не од сопственикот на веб-страницата, се нарекуваат „колачиња на трети страни.

Зошто користиме колачиња и други технологии за следење?

Може да користиме колачиња и други технологии (колачиња) за да создадеме статистика која ни помага да го подобриме квалитетот на нашата веб-страница, вклучително и статистика за веб-страницата за да го подобриме вашето корисничко искуство, на пр. со прикажување содржини од трети страни за да ви овозможиме интеракции на социјалните мрежи и за маркетинг-цели. Со кликнување на „Прифати ги сите“ вие се согласувате за таква обработка на податоците од „Алкалоид“ АД Скопје и за соодветен пренос на податоците на трети страни. Можете, исто така, лесно да конфигурирате за кои цели се согласувате да се обработуваат податоците. Ве молиме, притиснете „Потврди избор“ откако ќе го направите својот избор. Ако не направите никаков избор, обработката на податоците ќе биде ограничена само на потребниот степен за употреба на веб-страницата. Забележете дека врз основа на овие поставки не можат да бидат достапни сите функционалности на страницата. За да ја повлечете својата согласност, кликнете на„Преференции за колачиња“

Колачиња поставени преку нашата веб-страница

Овие колачиња се неопходни за функционирање на веб-страницата и не можат да се исклучуваат во нашите системи. Тие обично се поставуваат само како одговор на постапките направени од вас, што претставува барање за услуги, како што се поставување на преференциите за приватност или пополнување формулари во контакт-формата. Може да го поставите прелистувачот да ги блокира или да предупредува за овие колачиња, но блокирањето на овие колачиња ќе спречи да работи веб-страницата. Овие колачиња не зачувуваат никакви лични информации.

Овие колачиња ни овозможуваат да ги броиме посетите и изворите на сообраќај за да можеме да ги мериме и да ги подобриме карактеристиките на нашата веб-страница. Тие ни помагаат да знаеме кои страници се најмногу и најмалку посетувани и да видиме како се движат посетителите низ страницата. Овие колачиња можеме да ги обезбедиме на трети даватели на услуги (пр. Google Analytics) за да ни помогнат да ги спроведуваме овие анализи. Сите информации што ги собираат овие колачиња се збирни и не се однесуваат на вас лично. Ако ги блокирате или ако ги исклучите овие колачиња, нема да знаеме кога сте ја посетиле нашата страница и нема да можеме да ги следиме нејзините карактеристики.

Овие колачиња ѝ овозможуваат на нашата веб-страница да обезбеди подобрена функционалност и персонализација. Тие можат да бидат поставени од нас или од трети даватели на услуги, чии услуги ги користиме на нашите страници. Ако ги одбиете овие колачиња, тогаш некои или сите овие услуги може да не функционираат правилно.

ПРОМЕНИ ВО УСЛОВИТЕ ЗА УПОТРЕБА НА ПОЛИТИКАТА ЗА КОЛАЧИЊА

Политиката за колачиња повремено може да се менува за да вклучиме можни промени во колачињата што ги користиме или од други оперативни, правни или регулаторни причини. Поради тоа, ве молиме, редовно прегледувајте ја оваа политика за колачиња за да бидете информирани како ги користиме колачињата и другите технологии за следење.

Датум на последна измена 05.04.2023 Скопје