Што е генерички лек?
Генерички лек е медицински производ создаден да биде идентичен со оригинаторниот лек, во однос на дозираната форма, јачината, начинот на примена, квалитетот, ефикасноста и безбедноста.
Генеричкиот лек како фармацевтски производ ја содржи истата активна супстанција како и оригинаторниот лек и претставува негова еквивалентна замена, иако генеричкиот лек може да се разликува според некои карактеристики, како што се производствениот процес, формулацијата, ексципиентите, бојата, вкусот и пакувањето.
На оваа страница можете да ја погледнете целосната листа на медицински средства. За повеќе инфорамции поврзани со производите контактирајте со нас.