test

Аритмии


Нормалниот срцев ритам е регуларен, со фреквенција од 60 до 100 удари во минута во мирување, со приспособлива брзина во согласност со физичката активност. Предводник на срцевиот ритам е синусниот јазол – специјализирана структура која се наоѓа во десната преткомора, т.н. природен пејсмејкер на срцето.

Нарушувањата во создавањето и/или во спроведувањето на срцевите импулси се нарекуваат аритмија.

Може да се манифестираат како бавен срцев ритам, брадикардија (со фреквенција под 60 удари во минута); брз срцев ритам, тахикардија (со фреквенција над 100 удари во минута) или како неправилен ритам на срцето.

Аритмиите може да се појавуваат како поединечни настани (екстрасистоли), да се појавуваат ненадејно (пароксизми), а, исто така, и ненадејно да прекинуваат, но може да бидат и трајна перманентна состојба (комплетен блок, перманентна преткоморна фибрилација).

За поставување дијагноза аритмија неопходен е електрокардиографки запис (ЕКГ).

Според потеклото, нарушувањата на срцевиот ритам може да бидат од срцевите преткомори или од срцевите комори.

Може да настанат поради вродени или поради стекнати нарушувања во специјализираниот спроводен систем на срцето или меѓу клеточните јонски канали, но може да се последица и на различни структурни срцеви заболувања (коронарна артериска болест, валвуларни срцеви болести, кардиомиопатии итн.). Аритмиите може да се појават и како последица на вонсрцеви заболувања (хипо- или хипертироидизам, нарушена бубрежна функција, електролитен дисбаланс итн.), како несакан ефект на лекови (проаритмии), но и поради злоупотреба на супстанции (алкохол, никотин, наркотици).

Нарушувањата во ритамот на срцето имаат широк спектар на симптоми и на знаци.

Можат да бидат асимптоматски, откриени при рутински преглед, а, од друга страна, може првата манифестација на аритмијата да доведе до ненадејна срцева смрт.

Пациентите кои имаат аритмија најчесто се жалат на срцебиење, на чувство на прескокнување на срцевата работа и на чувство на подзастанување на срцето.

Аритмијата може да се манифестира и со симптоми кои на прв поглед не сугерираат неправилна срцева работа, како што се: отежнато дишење, душење, болка во градите, темнеење пред очите и губење свест поради краткотрајна мозочна хипоперфузија – синкопа.

Лекувањето на аритмијата може да биде неинвазивно, со лекови, или инвазивно, со процедури на аблација или на имплантација на апарати кои го регулираат срцевиот ритам. Аритмиите секогаш се лекуваат во согласност со клиничката слика и со структурното срцево заболување кое лежи во заднината, како и во согласност со придружните вонсрцеви заболувања.

ОД ВАШИТЕ КОЛЕГИ ЗА ВАС


Настани и вебинари


2.10.2021 / 2.10.2021 , 08:30

Тема:

Фелкарид во третман на срцевите нарушувања на ритамот

Терапевтска област:
Кардиологија

Подобласт:
Кардиолошки симпозиум


Говорници:
Проф.д-р Лидија Попоска
Д-р Дејан Ковачевиќ

Јазик: Македонски

20.9.2021 / 21.9.2021 , 12:30

Тема:

Массидо низ водичите за срцева слабост и артериска хипертензија

Терапевтска област:
Кардиологија

Подобласт:
Третман на срцева слабост и ХТА


Говорници:
Проф.д-р Марјан Бошевски

Јазик: Македонски

9.9.2021 / 13.9.2021 , 12:30

Тема:

Медикаментозен третман на Хипертензија кај пациенти со кардиоваскуларни заболувања

Терапевтска област:
Кардиологија

Подобласт:
Хипертензија

Говорник:
Проф.д-р Јорго Костов


Јазик: Македонски

12.5.2021 / 12.5.2021 , 15:30

Тема:

Белодробна емболија
Пост ковид 19 синдром -кардиоваскуларни манифестации
Бубрег и Ковид 19 -третман по третманот
Постковид невролошки секвели
Постковид психијатриски секвели

Терапевтска област:
Инфекции
Психијатрија
Неврологија
Кардиологија

Подобласт:
Пост-COVID синдром-интердисциплинарен пристап кон справување со COVID-19 на долги патеки


Говорници:

Проф.д-р Дејан Докиќ
Проф.д-р Марија Вавлукис
Д-р Ирена Рамбабова Бушљетиќ
Асс.д-р Габриела Новотни
Проф. д-р Антони Новотни


Јазик: Македонски

31.3.2021 / 1.4.2021 , 16:00

Тема:

Згрижување на пациент со АМИ во ординација по сем медицина
Пинетра АМИ
Препознавање и рана дијагноза на депресија по АМИ
Депресија и Коонарна срцева болест

Терапевтска област:
Кардиологија

Подобласт:
Пинетра - Заедно на отворен пат


Говорници:

Д-р Оливер Бушлетиќ
Д-р Катерина Ковачевиќ
Д-р Игор Спироски
Проф.д-р Антони Новотни


Јазик: Македонски

16.3.2021 / 17.3.2021 , 17:00

Тема:

ФЕЛКАРИД во третман на нарушувањата на ритамот на срцето

Терапевтска област:
Кардиологија

Подобласт:
Аритмии


Говорници:

Доц,д-р Лидија Попска

Д-р Иван Трајков


Јазик: Македонски

6.10.2020 / 6.10.2020 , 16:00

Тема:

ХТА мултипотентен ризик фактор
Контрола на ризик фактор

Терапевтска област:
Кардиологија

Подобласт:
Хипертензија


Говорници:

Проф.д-р Наталија Банева
Асс.д-р Нела Костова

Јазик: Македонски