test

Биполарно Афективно Растројство


Денес во земјите на европскиот континент општоприфатена е Интернационалната класификација на болести, ревизија 10 (ICD-10), во која БАР е категоризирано со сите свои можни варијации.

Но и покрај описите за состојбите кои денес би ги вклучиле во категоријата на БАР, терминот манично-депресивна психоза, кој претставува термин користен во минатото, се појавува во Меѓународната класификација на болести дури во ИЦД-5, која се користи во периодот од 1939 до 1948 (84c-Manic-depressive psychosis).

За ова, секако, се заслужни трудовите на францускиот психијатар Жан Пјер Фалрет (Jean-Pierre Falret), особено трудот публикуван во 1851 г. во кој дава опис на симптоматологијата која тој ја нарекува la folie circulaire.

Но, секако, има важност и делото на Емил Крепелин (Emil Kraepelin) „Manic Depressive Insanity and Paranoia“ од 1921 г., во кое детално прави диференцираност меѓу манично-депресивната психоза и dementio praecox (во минатото синоним за шизофрените растројства). 

Терминот биполарно афективно растројство, кој денес се користи во стручните кругови, е воведен во ICD9 и се користи во периодот од 1979 до 1994. Во оваа ревизија за првпат имаме проширување на состојбите кои се опфатени со афективните психози (т. е. клиничките слики на БАР).

За првпат има воведување на психотичноста како можен елемент на БАР во неговите клинички слики.

Но и покрај последната промена во класификацијата на БАР, стара над 25 години, во клиничката пракса сѐ уште БАР е дијагностички, но и терапевтски проблем. БАР во психијатријата е сѐ уште водечко (во негативна смисла) растројство според изминатиот временски период (години) од почетокот на појавата на првите симптоми, па сѐ до успешноста во третманот.

За ова се потребни:

  • познавања на клиничките варијации на БАР;

  • добра временска опфатеност преку анамнезата и преку хетероанамнезата, а, секако, и увид во претходните медицински/психијатриски записи;

  • познавања на психофармакологијата, особено во сферата на психостабилизаторите, антидепресивите и на антипсихотиците, но и на

интеракциите меѓу лековите што се користат за третман или за превенција при БАР.

ОД ВАШИТЕ КОЛЕГИ ЗА ВАС