test

Деменции


Зборот „деменција“ потекнува од латинскиот термин demens, кој во буквален превод значи „надвор од памет“. За првпат употребен во 600 г. од нашата ера, а во науката во 18 век, во 21 век бил ставен во фокусот на невронауката, која се обидува да разјасни што се крие зад него од етиопатогенетски аспект.

Терминот „деменција“ честопати се користи како синоним за Алцхајмеровата деменција (АД), но потребно е да се нагласи дека од етиолошки аспект, кога зборуваме за деменција, не мислиме на една болест. Деменција е т.н. „чадор-термин“, кој подразбира спектар на невролошки и на други заболувања, чија главна карактеристика е губење на меморијата и когнитивно нарушување до степен да ги засега и активностите на секојдневното живеење.

Алцхајмеровата деменција е најчестиот тип на деменција и нејзе ѝ се препишуваат 60 – 80 % од сите случаи на деменција. Според фреквенцијата, следуваат деменцијата со Левиеви телца (5 – 10 %), васкуларната деменција (5 – 10 %), фронтотемпоралната деменција (5 – 10 %), деменцијата кај Паркинсоновата болест и други поретки форми. Споменатите проценти се разликуваат од една до друга студија, а анализите на податоците добиени по пат на аутопсија и по пат на хистопатолошка анализа на мозочното ткиво укажуваат дека најчест е наодот на т.н. мешан тип на деменција, кај кој постои комбинација од васкуларна и невродегенеративна патологија, карактеристична за АД.

Клиничката слика и доминантните симптоми на деменцијата не зависат толку од типот на патолошките промени во мозокот колку од нивната локализација. Па така, доколку патолошкиот процес ги зафаќа темпоралниот и париеталниот лобус, како што е случај кај Алцхајмеровата болест, симптомите се манифестираат како испади во меморијата, говорот и во ориентацијата. Доколку патолошкиот процес е локализиран во фронталниот и во предниот дел од темпоралниот лобус, тогаш очекуваме промени на планот на личноста, однесувањето, иницијативата и говорот.

Она што секој клиничар мора да го има на ум е дека зад дементната слика не стои секогаш невродегенеративно заболување. Оттука, следењето на деталниот дијагностички протокол за деменции е conditio sine qua non, токму поради тоа да не се пропушти потенцијално реверзибилна причина за дементната слика. Како мнемотехничка формула може да се користи самиот збор DEMENTIA, а зад секоја од буквите се крие потенцијално реверзибилно нарушување:

D – drugs (лекови со антихолинергичен ефект)

E – емоции (депресија)

M – метаболитични и ендокрини нарушувања

E – eyes, ears (ослабен вид и слух)

N – Normal Pressure Hydrocephalus

T – тумор

I – инфекција (HIV, сифилис)

A – анемија (недостиг на витамин B12 и/или на фолна киселина)



ОД ВАШИТЕ КОЛЕГИ ЗА ВАС


Настани и вебинари


21.9.2021 / 28.9.2021 , 16:00

Тема:

Зборуваме за деменција...Епидемија во пандемија..

Терапевтска област:
Неврологија

Подобласт:
Деменција


Говорници:
Доц.д-р Габриела Новотни
Д-р Марта Тунџева
Вонр.проф.д-р Роза Крстевска

Јазик: Македонски

12.5.2021 / 12.5.2021 , 15:30

Тема:

Белодробна емболија
Пост ковид 19 синдром -кардиоваскуларни манифестации
Бубрег и Ковид 19 -третман по третманот
Постковид невролошки секвели
Постковид психијатриски секвели

Терапевтска област:
Инфекции
Психијатрија
Неврологија
Кардиологија

Подобласт:
Пост-COVID синдром-интердисциплинарен пристап кон справување со COVID-19 на долги патеки


Говорници:

Проф.д-р Дејан Докиќ
Проф.д-р Марија Вавлукис
Д-р Ирена Рамбабова Бушљетиќ
Асс.д-р Габриела Новотни
Проф. д-р Антони Новотни


Јазик: Македонски

7.12.2020 / 7.12.2020 , 17:00

Тема:

Од дефиниција до тетман на кардио и цереброваскуларни болеси
Транзиторна исхемична атака од дефиниција до третман
Исхемичен мозочен удар

Терапевтска област:
Неврологија

Говорници:

Проф.д-р Марија Вавлукис


Д-р Наташа Марковска

Проф.д-р Анита Арсовска

Проф.д-р Драгана Цветковска


Јазик: Македонски