test

Депресија и анксиозни растројства


ДЕПРЕСИЈА

Според СЗО, депресијата е многу често ментално нарушување, кое се карактеризира со чувство на тага, со губење интерес или со губење задоволство, со чувство на вина или со самообвинување, со проблеми со спиењето и со апетитот, со губење енергија и со слаба концентрација. Овие проблеми можат да станат хронични или можат да се повторуваат со изразено влијание врз поединецот да одговори на барањата од секојдневниот живот. Во најтешките случаи депресивното растројство може да доведе до самоубиство. Сепак, повеќето депресивни нарушувања може да се третираат со лекови или со психотерапија.

Под зборот „депресија“ подразбираме неколку подвидови нарушувања со соодветни клинички профили. Голема депресија или подлабока форма на депресија, или она што претходно го дефиниравме како ендогена депресија, е прифатен термин за еден профил, прифатен како модел за биолошка депресија, која обично добро реагира на терапија со антидепресивни лекови. Постојат различни студии кои укажуваат на различни аспекти на дијагнозата и на третманот на овие нарушувања, што би индицирало воспоставување одредени терапевтски рутини, односно поврзаност на невропатолошките промени со изборот на антидепресиви.

Сѐ позачестена е т.н. атипична форма на депресија, чии одредени карактеристики, според некои студии, може да бидат регистрирани кај дури 30 % од пациентите во примарната здравствена заштита. Скриените карактеристики, првенствено соматизацијата на симптоматологијата, укажуваат на овој вид депресија како на еден од најголемите предизвици за јавното здравје. Во контекст на доминантно-манифестниот симптомокомплекс, можеме да зборуваме и за голем број други поткатегории на депресија, кои се важни од клинички аспект, како што се: психотична депресија, анксиозна депресија, депресија со агитација, депресија со психомоторна ретардација до ступор, реактивна депресија итн. Секако, дијагностиката, односно додиференцијацијата на дијагностичките поттипови депресија е важна при нивниот терапевтски пристап, односно дали ќе се додаде адјувантна терапија со антипсихотици за психотична симптоматологија, или со анксиолитици кај депресија со назначена анксиозност, или, пак, дополнителна психофармака за регулирање на придружното нарушување на сонот и на спиењето.


Она што е многу важно за зборот „депресија“ е тоа што неговата широка примена многу помага да се разбие стигмата поврзана со овој вид ментално растројство. Стигмата што обично ги придружува луѓето со ментална болест е многу помала кај депресијата, која најчесто се идентификува со тагата, а животните циклуси и смртта ни даваат депресивно искуство и на сите нас, па затоа е полесно и разбирливо за нас да прифатиме и да разбереме луѓе со депресија, без да ги осудуваме или без да се осудуваме самите себеси.

СТРЕС И АНКСИОЗНОСТ

Најголем број од луѓето во одреден момент од животот доживуваат стрес и анксиозност (вознемиреност). Во зависност од нивото на изразеност, тие можат да го нарушат квалитетот на живеењето. Иако стресот и анксиозноста имаат многу заеднички емоционални и физички симптоми (нелагодност, напнатост, нарушен сон, главоболки, срцебиење и покачен крвен притисок), нивното потекло е различно.

Стресот е одговор на надворешна причина, кога поединецот се соочува со потенцијално штетни или загрижувачки ситуации, при кои вознемиреностa е нормална и, од онтогенетски аспект, неопходна за опстанокот на човекот. Изложеноста на опасност со наплив на адреналин го активира одговорот на „борба или бегство“ за соочување со заканата. Иако во актуелниот момент справувањето со непосредна животна опасност е помалку присутно, и натаму може да е суштинско кога едно лице инстинктивно ќе прибегне кон еден од начините за да ја избегне опасноста. Изворите на стресот сега, пред сѐ, се врзуваат за професиjата, финансиите, за семејниот живот, здравјето и за други суштински прашања, без нужно да е потребна реакцијата на „борба или бегство“.

Наспроти стресот, анксиозноста има внатрешно потекло и таа, во принцип, е долготрајна и опстојувачка и обично се карактеризира со упорно чувство на вознемиреност и/или на страв во ситуации кои, всушност, не се заканувачки.

Американската психијатриска асоцијација (АПА) ја дефинира анксиозноста како емоција која се карактеризира со чувство на напнатост, загрижувачки мисли и со физички промени, како на пример срцебиење и зголемен крвен притисок.

Долготрајното чувство на непропорционално ниво на анксиозност може да стане медицинско нарушување во форма на некое анксиозно растројство.

ОД ВАШИТЕ КОЛЕГИ ЗА ВАС


Настани и вебинари


12.5.2021 / 12.5.2021 , 15:30

Тема:

Белодробна емболија
Пост ковид 19 синдром -кардиоваскуларни манифестации
Бубрег и Ковид 19 -третман по третманот
Постковид невролошки секвели
Постковид психијатриски секвели

Терапевтска област:
Инфекции
Психијатрија
Неврологија
Кардиологија

Подобласт:
Пост-COVID синдром-интердисциплинарен пристап кон справување со COVID-19 на долги патеки


Говорници:

Проф.д-р Дејан Докиќ
Проф.д-р Марија Вавлукис
Д-р Ирена Рамбабова Бушљетиќ
Асс.д-р Габриела Новотни
Проф. д-р Антони Новотни


Јазик: Македонски

7.5.2021 / 7.5.2021 , 16:00

Тема:

Родови разлики во влијанието врз менталното здравје на пандемијата Ковид 19
Специфичност на бременост во услови на Ковид
Контекс на фамилијарно функционирање во услови на ковид и улогата на жената
Приказ на студија за ментално здравје за жени во перинатален период
Родово насилство
Влијанието на абортус и контрацепција на ментално здравје на жената

Терапевтска област:
Психијатрија

Подобласт:
Влијанието на пандемијата со Ковид19 врз менталното и репродуктивното здравје на жената во сите периоди од животот


Говорници:

Доц.д-р Стојан Бајрактаров
Доц.д-р Викторија Јовановска
Проф.д-р Славица Арсова
Асс.д-р Ана Филипче
Проф.д-р Ана Данева

Јазик: Македонски

14.4.2021 / 14.4.2021 , 16:00

Тема:

Стрес и детскиот развој
Стрес кај предучилишни деца
Влијание на стресот врз развојот на школските деца
Стрес во адолесценција
Проценка на психолошки потешкотии кај деца и адолесценти во ПЗЗ

Терапевтска област:
Психијатрија

Подобласт:
Влијанието на стресот врз децата и адолесцентите


Говорници:

Проф.д-р Марија Ралева
Прим.д-р Мери Бошковска
Асс.д-р Насер Дурмиши
Прим.д-р Камка Пакетчиева
Кл.психолог Ангелина Филиповска


Јазик: Македонски

23.12.2020 / 23.12.2020 , 17:00

Тема:

Стрес и burnout кај здравствени работници во услови на Ковид 19 пандемија
Соочување со Kовид 19, страв од непознато
Евидентирани промени на менталното здравје кај вработените во Ковид центар во рамки на актуелната пандемија
Психијатриска и психолошка подршка во Ковид центар

Терапевтска област:
Психијатрија

Подобласт:
Влијанието на Kовид 19 врз здравствените работници и соработници во ГОБ 8-ми Септември


Говорници:

Проф. д-р Антони Новотни
Д-р Наташа Марковска
Д-р Јасмина Степаноска
Прим. д-р Мирјана Савеска


Јазик: Македонски

27.4.2021 / 28.4.2021 , 16:00

Тема:

Етиопатогенеза,непосредни реакции и долгорочни последици во услови на Ковид пандемија-
Да ја вратиме врската сигурноста и контролата.
Несоница - голем пандемиски проблем
Пост ковид стресно растројство
Ковид 19 - Стрес - Депресија
Препораки за справување со стресот и надминување на последиците од него

Терапевтска област:
Психијатрија

Подобласт:
Стресот и Ковид 19 вратете ја врската, сигурноста и контролата


Говорници:

Проф.с-р Антони Новотни
Доц.д-р Стојан Бајрактаров
Проф.д-р Димитар Боневски
Проф.д-р Бранислав Стефановски
Д-р Александар Марцетиќ


Јазик: Македонски