test

Дислипидемии


Липопротеини

Липопротеинскиот макромолекул претставува стабилна комплексна структура, составена од нерастворлив липиден дел (слободен и естерифициран холестерол, триацилглицероли или триглицериди, фосфолипиди, слободни масни киселини, сфинголипиди) и од протеински дел (аполипопротеини).

Холестерол

Холестеролот е масна супстанција којашто во најголем дел се произведува во телото, во црниот дроб. Холестеролот игра важна улога во функционирањето на секоја клетка во телото. Тој претставува и основна материја од којашто телото создава други потребни материи. Холестеролот има посебен транспортен систем, со којшто стигнува до секоја клетка на која и е потребен. Тој ја користи циркулацијата како „пат“, а го пренесуваат „носачи“ изградени од протеини.

Нерастворливите липиди во вода, кои како такви не можат да опстојат во водната средина на плазмата, во неа се врзани за специфични протеини – апопротеини, градејќи го стабилниот хидросолубилен макромолекулски комплекс – липопротеин, којшто лесно се транспортира низ крвта.

Структура на липопротеински молекул

Липидните компоненти во макромолекулот на липопротеинот имаат значително помала густина во однос на протеинските. Според тоа, релативниот однос меѓу липидите и аполипопротеините го условува степенот на нивната релативна густина.

Најчесто употребувана поделба на липопротеините во клиничката практика е поделбата базирана на нивната густина.

Според важноста во клиничката практика, издвоени се две главни форми на липопротеини:

 • Липопротеини со ниска густина (LDL – low density lipoproteins), коишто го транспортираат холестеролот од црниот дроб до клетките.

 • Липопротеини со висока густина (HDL – high density lipoproteins), коишто го враќаат вишокот холестерол во црниот дроб, односно вршат функција на „повратен холестеролски транспорт“.

Аполипопротеините ја претставуваат протеинската компонента во макромолекулот на липопротеините.

Доминантен протеин во HDL е апопротеинот-А1, а во LDL е апопротеинот-Б.

Составен дел на липопротеините се и триглицеридите, кои се најзастапените глицероли во организмот на човекот.

Значаен дел во анализата на липидниот статус е липопротеинот-а – Lp(a). Тој за првпат е опишан од Берг (Berg) во 1963 година како посебна генетска варијанта на LDL, а генот за неговата синтеза се наоѓа на 6-тиот хромозом.

Дислипидемија

Нарушените вредности на липидите и на липопротеините во крвта се означуваат со терминот дислипидемија.

 • Во процесот на атерогенезата најинволвиран е LDL-холестеролот, чиишто покачени вредности се поврзани со зголемен ризик од појава на коронарна артериска болест (КАБ), а протективниот HDL-холестерол има инверзен однос со појавата на атеросклерозата.

 • Зголемените вредности на триглицеридите во крвта, исто така, се значајни предвидувачи на појавата на КАБ.

Нивната зголемена вредност е поврзана со зголемен ризик од појава на коронарна артериска болест. Особено атерогена е комбинацијата на високите вредности на триглицеридите и на LDL-холестеролот (особено малите густи LDL-честички). Оваа комбинација се сретнува кај пациентите со шеќерна болест.

 • Покачените вредности на атерогениот аполипопротеин-Б и намалените вредности на протективниот аполипопротеин-А1, исто така, се значајни предвидувачи на појавата на КАБ.

Исклучително важно е одредувањето на вредностите на липопротеинот-а – Lp(a), со оглед на фактот што неговите високи вредности најчесто се поврзани со појава на КАБ во помладите години и во случај кога индивидуата има добри вредности на останатите липидни фракции.

Неговата концентрација во крвта покажува големи индивидуални варијации и се движи од 0,01 – 2,0 g/l. Со оглед на неговото големо значење во процесот на атерогенезата, поставена е т.н. гранична вредност којашто изнесува 0,30 g/l, над која ризикот за појава на коронарна и на церебрална атеросклероза значајно се зголемува. Неговата голема атерогеност се објаснува и со неговата улога во процесот на фибринолизата.

Липопротеинот-а, всушност, претставува компетитивен инхибитор на активацијата на плазминоген, поради неговиот ефект за врзување за истите рецептори, се интерферира во фибринолитичниот систем и ја инхибира интраваскуларната разградба на крвното згрутчување.

Со оглед на резултатите добиени од големите клинички студии, изучувањето на значењето на липидниот статус се наметнува како исклучително важно, особено кај лица со зголемен ризик од појава на КАБ, при што посебно е значаен фактот што најголемиот дел од луѓето со нарушени вредности на липидите во крвта подолго време се асимптоматични, а дијагнозата за постоење на дислипидемиите се поставува лабораториски.

Од друга страна, дислипидемиите спаѓаат во групата на т.н. менливи фактори на ризик, а корекцијата на нивните патолошки вредности во крвта може да доведе до забавување на текот и на развојот на атеросклерозата и на нејзините последици.

Атеросклероза

Светската здравствена организација уште во 1958 година ја дефинира атеросклерозата (АС) како варијабилна комбинација на промени на артерискиот ѕид, составени од локално акумулирање липиди, комплексни јаглехидрати, крв и крвни продукти, фиброзно ткиво и калциумови депозити, проследено и со промени во медијата на крвниот сад. Најважниот патоанатомски супстрат на атеросклерозата се нарекува атером (atheroma).

Атеросклерозата е бенигна болест, сѐ додека не се комплицира со тромбоза. Акутната тромбоза настанува во присуство на атеросклероза, означена како атеротромбоза и предизвикува акутен исхемичен мозочен удар, акутни исхемични синдроми на периферните артерии и акутен коронарен синдром, вклучувајќи нестабилна ангина пекторис, миокарден инфаркт и ненадејна срцева смрт.

Се смета дека ендотелната дисфункција е почеток на процесот на атеросклероза, процес којшто подолг временски период е асимптоматски.

Атеросклерозата не претставува само пасивно стеснување на луменот на крвниот сад предизвикано од депонираните липопротеини и од другите продукти, туку тоа е комплексен многуфакторен процес, којшто води кон еден ексцесивен инфламаторен/фибропролиферативен одговор на разни форми на трауматски стимули на артерискиот ѕид.

Овој активен воспалителен процес може да доведе до ненадеен прекин на протокот на крвта низ луменот на крвниот сад, дури и при постоење лезии кои не се доволно големи значително да го компромитираат протокот.

Приказ на нормален и на атеросклеротично стеснет крвен сад

Важно е да се потенцира огромното значење на плазматските вредности на холестеролот затоа што, во нормални услови, кога не постои преоптовареност со холестерол, постои контролен механизам којшто се манифестира како заситување на LDL-рецепторите штом клетката собере доволно количество холестерол неопходно за нејзините потреби.

Колку е повисоко нивото на холестерол толку е побрзо создавањето на атеромот, а со тоа е поголем ризикот од појава на атеротромбоза со сите нејзини последици. Вкупниот ризик се зголемува ако се присутни и други ризик-фактори (нерегулирани вредности на шеќер во крвта, покачен крвен притисок, пушење цигари, физичка неактивност).

Со корекција на патолошките вредности на липидниот статус во крвта може да се дејствува на процесот на атеросклерозата, на нејзиното настанување и на нејзината прогресија.

Метаболизам на липопротеините

Системот за транспорт на липидите во организмот се состои од два дела:

 • егзоген пат (за транспорт на холестеролот и на триглицеридите апсорбирани во цревата) и

 • ендоген пат (за пренесување на холестеролот и на триглицеридите коишто влегуваат во крвотокот од црниот дроб и од другите неинтестинални ткива).

Транспортен систем на липидите во организмот

(Clinnician’s Manua on HLP-IAS )

Според толкувањата на Браун и на Голдстејн (Brown и Goldstein), наталожениот холестерол во цитоплазмата своето интраклеточно ниво го регулира со помош на неколку механизми, а еден од нив е со намалување на клеточната способност за синтеза на холестеролот преку инхибиција на редуктазата хидроксиметил-глутарил-коензим-А (HMG-CoA-редуктаза), клучен ензим во синтезата на холестерол.

Некои од клетките во телото, како мазните мускулни клетки, ендотелијалните клетки и макрофагите, не се заштитени од прекумерно и од неконтролирано таложење на холестеролот и трпат дегенерација, односно се трансформираат во пенести клетки. Во овој процес значајна улога имаат примарната инсуфициенција на специфичните апопротеински рецептори и зголемената изложеност на клетките на LDL-честичките од плазмата при исхрана богата со заситени масни киселини и со холестерол.

ОД ВАШИТЕ КОЛЕГИ ЗА ВАС


Настани и вебинари


20.9.2021 / 21.9.2021 , 12:30

Тема:

Массидо низ водичите за срцева слабост и артериска хипертензија

Терапевтска област:
Кардиологија

Подобласт:
Третман на срцева слабост и ХТА


Говорници:
Проф.д-р Марјан Бошевски

Јазик: Македонски

2.10.2021 / 2.10.2021 , 08:30

Тема:

Фелкарид во третман на срцевите нарушувања на ритамот

Терапевтска област:
Кардиологија

Подобласт:
Кардиолошки симпозиум


Говорници:
Проф.д-р Лидија Попоска
Д-р Дејан Ковачевиќ

Јазик: Македонски

9.9.2021 / 13.9.2021 , 12:30

Тема:

Медикаментозен третман на Хипертензија кај пациенти со кардиоваскуларни заболувања

Терапевтска област:
Кардиологија

Подобласт:
Хипертензија

Говорник:
Проф.д-р Јорго Костов


Јазик: Македонски

12.5.2021 / 12.5.2021 , 15:30

Тема:

Белодробна емболија
Пост ковид 19 синдром -кардиоваскуларни манифестации
Бубрег и Ковид 19 -третман по третманот
Постковид невролошки секвели
Постковид психијатриски секвели

Терапевтска област:
Инфекции
Психијатрија
Неврологија
Кардиологија

Подобласт:
Пост-COVID синдром-интердисциплинарен пристап кон справување со COVID-19 на долги патеки


Говорници:

Проф.д-р Дејан Докиќ
Проф.д-р Марија Вавлукис
Д-р Ирена Рамбабова Бушљетиќ
Асс.д-р Габриела Новотни
Проф. д-р Антони Новотни


Јазик: Македонски

31.3.2021 / 1.4.2021 , 16:00

Тема:

Згрижување на пациент со АМИ во ординација по сем медицина
Пинетра АМИ
Препознавање и рана дијагноза на депресија по АМИ
Депресија и Коонарна срцева болест

Терапевтска област:
Кардиологија

Подобласт:
Пинетра - Заедно на отворен пат


Говорници:

Д-р Оливер Бушлетиќ
Д-р Катерина Ковачевиќ
Д-р Игор Спироски
Проф.д-р Антони Новотни


Јазик: Македонски

16.3.2021 / 17.3.2021 , 17:00

Тема:

ФЕЛКАРИД во третман на нарушувањата на ритамот на срцето

Терапевтска област:
Кардиологија

Подобласт:
Аритмии


Говорници:

Доц,д-р Лидија Попска

Д-р Иван Трајков


Јазик: Македонски

6.10.2020 / 6.10.2020 , 16:00

Тема:

ХТА мултипотентен ризик фактор
Контрола на ризик фактор

Терапевтска област:
Кардиологија

Подобласт:
Хипертензија


Говорници:

Проф.д-р Наталија Банева
Асс.д-р Нела Костова

Јазик: Македонски