test

Настинка и грип


Грижата за сопственото здравје претставува актуелен глобален тренд. Во согласност со дефиницијата дадена од СЗО (WHO, 2009), самогрижата е способност на поединците, семејствата и на заедниците да промовираат здравје, да спречуваат болести, да го одржуваат здравјето и да се справат со болести и со попречености, со или без поддршка од давател на здравствена заштита/услуга.

Самогрижата вклучува неколку различни сегменти и е одговорност на секоја индивидуа во насока на грижа за личното здравје. Во тој континуум на самогрижа примарно значење има препознавањето на потребата од практикување здрав животен стил и од превенција на болестите, што во основа се заснова на соодветна здравствена писменост на населението, вклучувајќи ги и добрата хигиена и здравите животни навики.

Потоа следува одговорно самодијагностицирање и самолекување кај поблагите здравствени проблеми и кај хроничните и повторливи состојби, но и поддржано управување и споделена грижа со здравствен професионалец, со цел ефикасно менаџирање на состојбата. Јасната граница меѓу она што претставува самогрижа и она што, од друга страна, претставува исклучиво медицинска грижа е поместена кога се во прашање одредени акутни состојби, каде што, до одреден степен, споделената грижа може да резултира со ефикасен третман. На крајот на овој континуум се сериозните состојби, кои се исклучиво лекарска одговорност и грижа.

Како еден од главните сегменти на самогрижата е самолекувањето. Тоа подразбира употреба на одобрени лекови што се издаваат без лекарски рецепт (ОТЦ-лекови), кои имаат утврден квалитет, докажана ефикасност и широк безбедносен профил, ниска фреквенција и тежина на евентуалните несакани ефекти и добропознати индикации за пациентите. Тие се наменети за самодијагностицирани, поблаги состојби на иницијатива и на одговорност на индивидуата или за самоадминистрација од пациентот по препорака од лекар при хронични состојби, повторливи дијагнози или при симптоми (WHO, 2000).

Како потврда за сѐ поголемата свесност на населението за спроведување самогрижа и самолекување се податоците што укажуваат дека во Европа во 2019 год. биле продадени 9,7 милијарди пакувања на ОТЦ-лекови и 1 милијарда пакувања на витамини и на минерали, за да се третираат поблагите состојби и/или за да се подобри општата добросостојба (AESGP, 2019). Сепак, мора да се истакне дека самолекувањето подразбира добро информиран, здравствено едуциран и одговорен потрошувач/пациент, кој ги добива потребните медицински информации од веродостојни извори и кој може да ги препознае ситуациите во кои може самостојно да управува со своето здравје, како и оние кога е потребно да се консултира со лекар или со фармацевт.

Во согласност со годишниот европски извештај за растот на пазарот со ОТЦ-лекови (Tisman, 2019), категоријата на производи наменети за настинка, кашлица и за грип е најчесто користена од пациентите и оваа група производи од година во година покажува континуиран раст во потрошувачката. Како најголем двигатели на овој тренд во продажбата се смета развојот на нови, иновативни формулации, како на пример дозирани форми, екстензии на одредена линија на производи, како и формулации на комбинирани производи.

ОД ВАШИТЕ КОЛЕГИ ЗА ВАС


Настани и вебинари


16.2.2021 / 16.2.2021 , 17:00

Тема:

Трендови и предизвици на современиот фармацевт
Тртман на симптоми на настинка и грип
Карбоцистеин-Приказна од официна

Терапевтска област:
Настинка и грип

Подобласт:
Промовирање на безбедно и ефикасно самолекување


Говорници:

Проф.д-р Марија Главаш


Јазик: Македонски