Skip to content
ProNet

Додатоци во исхрана

Што се додатоци во исхраната?

Според European Food Safety Authority (EFSA), додатоците во исхраната претставуваат концентрирани извори на хранливи материи (т. е. витамини и минерали) или на други супстанции со нутритивен или со физиолошки ефект. Тие се достапни во дозажна форма (на пр. таблети, капсули, течности во измерени дози и друго).

Во однос на составот, додатоците во исхраната може да содржат широк спектар хранливи материи, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на, витамини, минерали, аминокиселини, есенцијални масни киселини, влакна и разни растенија и билни екстракти.

Наменети се за да ги дополнат недостатоците во редовната исхрана, за да одржуваат соодветно внесување одредени хранливи материи или за да поддржуваат специфични физиолошки функции. Тие не се лекови и нивната употреба не е наменета за лекување или за спречување болести кај луѓето или за менување на физиолошките функции.

Во „Алкалоид“ континуирано инвестираме во создавањето висококвалитетни додатоци во исхраната, како поддршка на здравиот начин на живот и на превентивната медицина.

На оваа страница можете да ја погледнете целосната листа на додатоци во исхраната. За повеќе информации поврзани со производите контактирајте со нас.

Додатоци во исхраната

АЦЕРОЛА АЛКАЛОИД®

Генеричко име:
Терапевтска област:
ДОДАТОЦИ ВО ИСХРАНА
ВИТАМИНИ И МИНЕРАЛИ
Регулаторен статус:BRP
Форма на лек:Јачина:Пакување:Документи:
таблети за џвакање180 mg витамин Ц (во форма на прашок од ацерола, натриум аскорбат и аскорбинска киселина)30 таблети
таблети за џвакање500 mg витамин Ц (во форма на прашок од ацерола, натриум аскорбат и аскорбинска киселина)30 таблети

АЦЕРОЛА АЛКАЛОИД® за деца

Генеричко име:
Терапевтска област:
ВИТАМИНИ И МИНЕРАЛИ
ДОДАТОЦИ ВО ИСХРАНА
Регулаторен статус:BRP
Форма на лек:Јачина:Пакување:Документи:
таблети за џвакање40 mg 100% природен витамин Ц30 таблети