Инфекции на уринарен тракт
Инфекциите на уринарниот тракт (ИУТ) претставуваат инфламаторен одговор на епителот на уринарниот тракт (уротелиумот) спрема присутниот бактериски агенс. Уринарниот тракт е стерилен и секое присуство на бактерии во него, најчесто асцедентно внесени однадвор, може да доведе до интеракција со уротелот и до појава на уринарна инфекција. За да се случи ова, потребно е да се исполнат одредени предуслови од бактерискиот агенс (вирулентност, количина, т. е. број на уропатогени, и др.), но и од домаќинот (пад на имунитетот, присуство на малформации во УТ, коморбидитети и други ризик-фактори ), што ги поттикнува навлегувањето и асцедентното ширење на бактериите низ уринарниот тракт, како и нивниот премин низ уротелот.
Анализата на седиментот од урината ќе покаже присуство на леукоцити во урината (пиурија), како и присуство на бактерии (бактериурија). Последната квалитативно и квантитативно се потврдува со уринокултура.
Најчест причинител на ИУТ се групата на ентеробактерии (60 – 75 %), кои потекнуваат од цревната флора. Тука спаѓаат G-соевите, како што се E.coli, Klebsiella spp., Proteus spp., Pseudomonas spp. Serattia spp., a од соевите G+ застапени се E. faecalis и Staphylococcus saphrophyticus. E. coli е убедливо најчест причинител на ИТУ и нејзе ѝ се препишуваат 85 % од вонболничките и 50 % од болничките инфекции. Уропатогените, како што се Staphylococous epidermidis и Candida albicans, потекнуваат од вагиналната флора и од перинеалната кожа. Grardnerella vaginalis, Mycoplasma spp. и Ureaplasma urealythicum се поретки и главно ги има кај пациенти со акутна или со хронична катетеризација. Анаеробните бактерии (Bacteroides spp., Fusobacterium spp., Clostridium perfr.) се, исто така, ретки и ги има кај супуративните инфекции на УТ.
Уринарните инфекции претставуваат чест тип на инфекции во организмот и потребно е нивно навремено дијагностицирање и соодветна терапија. Се јавуваат кај мажи и кај жени од сите возрасни групи, а според интензитетот на симптомите и според можните последици, можат драстично да варираат – од лесни и краткотрајни до тешки и долготрајни, проследени со најразлични последици и компликации, а неретко и со летален исход.
Во зависност од локализацијата, поделени се на инфекции на долниот УТ (уретрити и цистити) и инфекции на горниот УТ (пиелонефрити). Во однос на присуството на анатомски и на функционални нарушувања на УТ, како и на коморбидитети и на други ризик-фактори кај носителите, ги делиме на две големи групи: некомплицирани и комплицирани ИУТ.
ОД ВАШИТЕ КОЛЕГИ ЗА ВАС
Настани и вебинари
Тема:
Левофлоксацин во лекување на уринарните инфекции (осврт на актуелните клинички протоколи).
Подобласт:
Левофлоксацин во лекување на уринарните инфекции (осврт на актуелните клинички протоколи).
Говорници:
Асс.д-р Димитар ТрајковскиПроф.д-р Сотир Ставридис
Јазик: Македонски
Тема:
Белодробна емболија
Пост ковид 19 синдром -кардиоваскуларни манифестации
Бубрег и Ковид 19 -третман по третманот
Постковид невролошки секвели
Постковид психијатриски секвели
Подобласт:
Пост-COVID синдром-интердисциплинарен пристап
кон справување со COVID-19 на долги патеки
Говорници:
Проф.д-р Дејан Докиќ
Проф.д-р Марија Вавлукис
Д-р Ирена Рамбабова Бушљетиќ
Асс.д-р Габриела Новотни
Проф. д-р Антони Новотни
Јазик: Македонски
Тема:
Улогата на општи/семејни лекари во справување со Ковид19
Од асимптоматска до тешка Ковид 19 болест со смртен исход и опции за третман
Испитувања за присуство на САРС ЦоВ 2 варијанти во ИЦГИБ Ману
Ковид 19 Вакцинација
Подобласт:
Ковид 19
...Година потоа...
Актуелни сознанија и искуства
Говорници:
Проф.д-р Милена Стевановиќ
Прим.д-р Катерина Ковачевиќ
Проф.д-р Александар Димовски
Проф.д-р Катарина Ставриќ
Јазик: Македонски
Тема:
Пневмонија стекната во заедница
Местото на Левофлоксацин во третман на вонболнички стекната пневмонија
Подобласт:
Пнеумонии
Говорници:
Проф.д-р Бисерка Ќаева
Асс.д-р Зоран Арсовски
Јазик: Македонски
Тема:
Ефекти на тутунскиот чад врз респираторниот систем
Ризик фактори за кардиоваскуларни настани
Говорници:
Проф.д-р Јордан МиновНауч.сор.Д-р Сашо Столески
Д-р Дејан Ковачевиќ
Јазик: Македонски