VIDEO GALLERY
DIASTOP® Direct - Директна пробиотска поддршка за вашата цревна рамнотежа!
Кога вашиот дигестивен баланс е нарушен, вашите планови се менуваат.
За вашиот дигестивен баланс да остане на вистинската патека – DIASTOP® Direct - директна пробиотска поддршка за вашата цревна рамнотежа.
#АлкалоидСкопје #ЗдравјетоПредСѐ
...
DIASTOP® Direct - Пробиотска поддршка за вашата цревна рамнотежа!
Задржете го ритамот каде и да сте!
Новите дестинации носат нови вкусови, навики и искуства, но понекогаш и дигестивни непријатности кои можат да го нарушат планираниот ритам на патувањето. DIASTOP® Direct е практична пробиотска поддршка за вашата цревна рамнотежа во форма погодна за директна употреба – лесно се вклопува во патната торба и во динамиката на патувањето.
За повеќе безгрижни моменти и за помалку непланирани паузи на патувањето.
#АлкалоидСкопје #ЗдравјетоПредСѐ
...
DIASTOP® Direct - Пробиотска поддршка за вашата цревна рамнотежа!
Задржете го ритамот каде и да сте!
Новите дестинации носат нови вкусови, навики и искуства, но понекогаш и дигестивни непријатности кои можат да го нарушат планираниот ритам на патувањето. DIASTOP® Direct е практична пробиотска поддршка за вашата цревна рамнотежа во форма погодна за директна употреба – лесно се вклопува во патната торба и во динамиката на патувањето.
За повеќе безгрижни моменти и за помалку непланирани паузи на патувањето.
#АлкалоидСкопје #ЗдравјетоПредСѐ
...
DIASTOP® Direct - Директна пробиотска поддршка за вашата цревна рамнотежа!
Кога вашиот дигестивен баланс е нарушен, вашите планови се менуваат.
За вашиот дигестивен баланс да остане на вистинската патека – DIASTOP® Direct - директна пробиотска поддршка за вашата цревна рамнотежа.
#АлкалоидСкопје #ЗдравјетоПредСѐ
...
Обраќање на Живко Мукаетов, Генерален директор/Претседател на УО на „Алкалоид“ АД Скопје
Новогодишно обраќање до вработените на компанијата од страна на Генералниот директор/Претседател на Управниот одбор, Живко Мукаетов.
New Year’s Address to the company employees from CEO/MB President, Zhivko Mukaetov.
...
Малите алкалоидовци го истражуваат Алкалоид - Производство – Билка
Во рамките на проектот „Малите алкалоидовци го истражуваат Алкалоид“ ја реализиравме третата посета, овојпат во Производство – Билка.
Нашите мали истражувачи, децата на вработените, ги посетија производствените простори и се запознаа со магијата на чаевите! Заедно со родителите, тие ја искусија авантурата на производствениот процес – од свежи билки до омилените чаеви.
Облечени како вистински мали билкари, децата создаваа свои билни мешавини, пакуваа чаеви и учеа преку игра. Набљудувајќи го светот на науката и технологијата се поттикнаа нивната креативност и љубопитност.
„Алкалоид“ продолжува да ги одржува мостовите на блискост јакнејќи ја доверба со вработените и негувајќи ја корпоративната култура на грижа и посветеност на семејните вредности.
...
Малите алкалоидовци го истражуваат Алкалоид - Институт за истражување и развој
Магијата на науката и истражувањето низ детските очи!
При четвртата посета од проектот „Малите алкалоидовци го истражуваат ’Алкалоид’“, децата на вработените го посетија Институтот за истражување и развој и низ интерактивна и анимирана прошетка се запознаа со магичниот свет на фармацевтските иновации. Нивната љубопитност, насмевките и прашањата беа вистинска инспирација за нашите вработени!
Во „Алкалоид“ грижата за вработените и нивните семејства е дел од корпоративната ДНК.
...
Малите алкалоидовци го истражуваат Алкалоид - Производство Фармација
Ја реализиравме и петтата посета од проектот „Децата на вработените го истражуваат Алкалоид“, пречекувајќи нова група ентузијастични млади посетители желни да го истражат фасцинантниот свет на фармацевтското производство.
Децата на вработените имаа уникатна можност да ги разгледаат производствените сали и да се запознаат со процесите на производство и пакување на фармацевтските производи. Под будното око на нашиот стручен тим, тие изведуваа контролни мерења, мешаа препарати во стаклени садови, лепеа етикети и редеа кутии – како вистински мали научници и лаборанти.
По инспиративниот едукативен дел, кој ја разбуди нивната имагинација и научна љубопитност, посетата продолжи на отворено, каде ги дочекаа катчињата за игра, цртање, спорт и освежување. Смеејќи се и дружејќи се, дечињата создадоа нови пријателства и незаборавни спомени.
Преку овој проект, „Алкалоид“ активно ги негува семејните вредности и ја одржува корпоративната традиција на грижа за своите вработени.
...
ДИАСТОП, ЗА ВАШИТЕ СТОМАЧНИ ТЕГОБИ
Гастроинтестиналниот тракт е комплексен систем со сложен баланс помеѓу цревната микрофлора која се состои од над 100 билиони бактерии, што припаѓаат на повеќе од 600 различни специеси. Составот на оваа, таканаречена нормална цревна флора е многу специфична за секој човек, слично како отисокот од прст.
Пробиотиците се живи микроорганизми кои позитивно дејствуваат на здравјето на домаќинот, преку подобрување на балансот на микрофлората во цревата. Основната разлика помеѓу постојаната цревна флора и пробиотиците е во тоа што тие се привремено присутни и, за да го пројават корисниот ефект, потребно е да се внесуваат извесен период.
Дознајте повеќе на: https://zdravjebezrecept.mk/brand/diastop/
...
![[object Object]](/_next/image?url=%2F_next%2Fstatic%2Fmedia%2Flogo90EN.17f4aaee.png&w=640&q=75)