10 окт. 2013 г.
20 години од воспоставувањето на дипломатски односи на Република Македонија со повеќе земји
20 години од воспоставувањето на дипломатски односи на Република Македонија со повеќе земји
По повод дваесетгодишнината од воспоставувањето дипломатски односи на Република Македонија со повеќе земји од Европа и пошироко, дел од централната прослава која се одржа на 9 октомври годинава во Македонската Опера и Балет, беше и Генералниот конзулат на Данското Кралство во Р. Македонија.
Помеѓу присутните гости кои допатуваа во Република Македонија на одбележувањето на овој значаен јубилеј беа и нерезидентниот заменик - амбасадор на Данското Кралство во Виена, г. Томас Крус придружуван од Генералниот Конзул на Кралството Данска во земјава, г. Живко Мукаетов.
Во знак на успешните дипломатски релации помеѓу двете земји, Данскиот конзулат имаше и свое претставување во рамки на прославата, преку богата, традиционална трпеза, на која можеа да се најдат автентични дански специјалитети и национални пијалаци, како и дански симболи и сувенири.
Генералниот конзулат на Кралството Данска во Република Македонија постои од 1994 година, а Данска беше една од првите држави кои ја признаа независноста на нашата земја.