Alkaloid AD Skopje logo

Медиа центар

Cover of Business magazine featuring Zhivko Mukaetov

Интервју на Генералниот директор/Претседател на УО на „Алкалоид“ АД Скопје, Живко Мукаетов, за романскиот „Business Magazin“.

Македонскиот производител на лекови „Алкалоид“, кој во последните пет години забележа просечна стапка на раст од над 12%, отвори капитално поврзано друштво во Романија за зајакнување на својата позиција на локално ниво. Заради одржување на темпото на раст, компанијата, која е присутна речиси во 50 земји, цели кон глобална експанзија. Во канцелариите во Скопје пазарот во Романија се смета за стратешки, а локалното работење во првата година достигна пораст на продажбата од 66%. „Алкалоид“ пласира околу 20 производи на романскиот пазар, од речиси 250 производи од портфолиото на фармацевтската компанија. „Плановите за Романија имаат цел зголемување на тимот, на портфолиото на производи и на популарноста на брендот на производителот“, вели Живко Мукаетов, Генерален директор и Претседател на УО на „Алкалоид“ АД Скопје.

Прочитај повеќе

Интервју на г. Живко Мукаетов, Генерален директор/Претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“ АД Скопје, за Bloomberg Adria

ДРУГИ ВЕСТИ


ВИДЕО ГАЛЕРИЈА

90 години Алкалоид Скопје

90 години Алкалоид Скопје

Гледај видео
90 Years of Care for Your Health

90 Years of Care for Your Health

Гледај видео
DIASTOP® Direct - Пробиотска поддршка за вашата цревна рамнотежа!

DIASTOP® Direct - Пробиотска поддршка за вашата цревна рамнотежа!

Гледај видео
DIASTOP® Direct - Директна пробиотска поддршка за вашата цревна рамнотежа!

DIASTOP® Direct - Директна пробиотска поддршка за вашата цревна рамнотежа!

Гледај видео

СЛЕДЕТЕ НÉ

Кога се спојуваат талентот, креативноста и посветеноста, се создаваат дела што оставаат трага.

Јован Јованов, познат музички продуцент, композитор и изведувач со кого нè поврзуваат голем број креативни проекти и заемна поддршка, е долгогодишен соработник и пријател на АЛКАЛОИД.

Зборувајќи за успехот и за истрајноста, Јован нè потсетува на една едноставна, но важна мисла: дека понекогаш патот до целта и сето она што го учиме, го создаваме и го надминуваме по него се поважни и од самата цел.

Во годината на нашиот 90-годишен јубилеј со задоволство ја споделуваме и неговата порака.

Заедно создаваме вредности што траат.

#АлкалоидСкопје #ЗдравјетоПредСе

Кога се спојуваат талентот, креативноста и посветеноста, се создаваат дела што оставаат трага. Јован Јованов, познат музички продуцент, композитор и изведувач со кого нè поврзуваат голем број креативни проекти и заемна поддршка, е долгогодишен соработник и пријател на АЛКАЛОИД. Зборувајќи за успехот и за истрајноста, Јован нè потсетува на една едноставна, но важна мисла: дека понекогаш патот до целта и сето она што го учиме, го создаваме и го надминуваме по него се поважни и од самата цел. Во годината на нашиот 90-годишен јубилеј со задоволство ја споделуваме и неговата порака. Заедно создаваме вредности што траат. #АлкалоидСкопје #ЗдравјетоПредСе

Посетете нè
Ирска како инспирација, модата како приказна, а чајот како доживување.

По повод претставувањето на најновата колекција на Weekend Max Mara FW26 / A Weekend in Ireland, Good Nature Tea  креираше три уникатни чајни мешавини со состојки внимателно избрани од Weekend Max Mara, а инспирирани од автентичните пејзажи и од препознатливите дестинации на Ирска.

Во реализацијата учествуваше нашата м-р Маја Стефкова, експерт за чаеви и фитотерапија со 25-годишно искуство во „Алкалоид“, која ја водеше и дегустацијата, претворајќи ја модната приказна во посебно сензорно искуство. Преку вкусовите и аромите гостите ја доживеаја Ирска на поинаков начин, благодарение на спојот на модата, природата и експертизата што стои зад Good Nature.

Ви благодариме, Magnetik, за поканата да бидеме дел од ова модно доживување.

#АлкалоидСкопје #ЗдравјетоПредСе

Ирска како инспирација, модата како приказна, а чајот како доживување. По повод претставувањето на најновата колекција на Weekend Max Mara FW26 / A Weekend in Ireland, Good Nature Tea креираше три уникатни чајни мешавини со состојки внимателно избрани од Weekend Max Mara, а инспирирани од автентичните пејзажи и од препознатливите дестинации на Ирска. Во реализацијата учествуваше нашата м-р Маја Стефкова, експерт за чаеви и фитотерапија со 25-годишно искуство во „Алкалоид“, која ја водеше и дегустацијата, претворајќи ја модната приказна во посебно сензорно искуство. Преку вкусовите и аромите гостите ја доживеаја Ирска на поинаков начин, благодарение на спојот на модата, природата и експертизата што стои зад Good Nature. Ви благодариме, Magnetik, за поканата да бидеме дел од ова модно доживување. #АлкалоидСкопје #ЗдравјетоПредСе

Посетете нè
Успесите добиваат уште поголема вредност кога се споделуваат со оние кои се дел од нив.

Во годината кога одбележуваме 90 години „Алкалоид“, посебна вечер им посветивме на нашите соработници и партнери од Македонија, со кои низ годините градиме односи засновани на доверба, почит и заеднички вредности.

Во пријатна атмосфера исполнета со дружење и со убави моменти, не прославивме само значаен јубилеј, туку и партнерства кои имаат важна улога во нашиот развој и успех.

Благодарни за довербата, соработката и заедничките достигнувања, продолжуваме да создаваме нови успешни приказни!

90 години „Алкалоид“. Здравјето пред сè!

#АлкалоидСкопје #ЗдравјетоПредСе

Успесите добиваат уште поголема вредност кога се споделуваат со оние кои се дел од нив. Во годината кога одбележуваме 90 години „Алкалоид“, посебна вечер им посветивме на нашите соработници и партнери од Македонија, со кои низ годините градиме односи засновани на доверба, почит и заеднички вредности. Во пријатна атмосфера исполнета со дружење и со убави моменти, не прославивме само значаен јубилеј, туку и партнерства кои имаат важна улога во нашиот развој и успех. Благодарни за довербата, соработката и заедничките достигнувања, продолжуваме да создаваме нови успешни приказни! 90 години „Алкалоид“. Здравјето пред сè! #АлкалоидСкопје #ЗдравјетоПредСе

Посетете нè
Некои моменти се паметат долго. А некои стануваат дел од историјата.

Токму таква беше централната јубилејна прослава на „Алкалоид“ во Националната опера и балет – вечер во која преку музика, уметност и силни емоции ја раскажавме приказната за девет децении постоење, развој и достигнувања.

На едно место обединивме голем број истакнати гости од општествениот и деловниот живот, заедно со колегите, партнерите, соработниците и пријателите од земјава и од светот кои низ годините биле дел од нашиот пат.

Јубилеј кој ќе го паметиме со гордост и кој ќе остане трајна инспирација за новите поглавја што заедно ќе ги испишуваме.

90 години „Алкалоид“. Здравјето пред сè!

#АлкалоидСкопје #ЗдравјетоПредСе

Некои моменти се паметат долго. А некои стануваат дел од историјата. Токму таква беше централната јубилејна прослава на „Алкалоид“ во Националната опера и балет – вечер во која преку музика, уметност и силни емоции ја раскажавме приказната за девет децении постоење, развој и достигнувања. На едно место обединивме голем број истакнати гости од општествениот и деловниот живот, заедно со колегите, партнерите, соработниците и пријателите од земјава и од светот кои низ годините биле дел од нашиот пат. Јубилеј кој ќе го паметиме со гордост и кој ќе остане трајна инспирација за новите поглавја што заедно ќе ги испишуваме. 90 години „Алкалоид“. Здравјето пред сè! #АлкалоидСкопје #ЗдравјетоПредСе

Посетете нè