КОЗМЕТИКА
НАШИ ПРОИЗВОДИ
Долгогодишното искуство и традицијата од 85 години се темелат врз квалитетот на богатата палета производи на „Алкалоид – козметика“, која опфаќа производи за нега на секаков тип кожа, вклучувајќи ја и детската; производи за нега на косата; парфемска колекција за жени и за мажи, како и козметика за домаќинството.
Успехот на „Алкалоид – козметика“ не им се препишува само на неговите иновативни производи туку и на неговиот мотивиран и стручен менаџерски тим.
Менаџерскиот тим на „Алкалоид – козметика“ континуирано соработува со меѓународни институции и со експерти, во насока на развивање нови производи.
Извонредните формулации користени во нашите козметички производи ги задоволуваат највисоките очекувања на нашите потрошувачи. Ние ги користиме најсовремените трендови во козметичката технологија и гарантираме за врвниот квалитет на нашите производи.
Состојките кои се составен дел на производите се набавуваат од добавувачи кои ги задоволуваат високите стандарди за квалитет, а тие се во согласност со барањата на европската директива за квалитетен козметички производ.
Производствениот процес се одвива според највисоките стандарди во индустријата – GMP (добра производствена практика).
Палетата производи е добро позната и продавана во Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, во Хрватска, Словенија, Црна Гора и во Албанија.
На пазарот постоиме благодарение на оригиналниот квалитет, високата стручност и на технологијата.
Нашиот успех зависи од вашето задоволство!
БРЕНДОВИ
КОНТАКТИРАЈТЕ НÉ
ПЦ ХЕМИЈА, КОЗМЕТИКА И БИЛКА
Никола Мизо
Tel:
+ 389 2 310 40 02
Email:
[email protected]
ПРОДАЖБИ ПРОИЗВОДИ ЗА ШИРОКА ПОТРОШУВАЧКА ДОМАШЕН ПАЗАР
Никола Ристов
Tel:
+ 389 2 310 40 42
Email:
[email protected]
ПРОДАЖБИ ПРОИЗВОДИ ЗА ШИРОКА ПОТРОШУВАЧКА ИЗВОЗ
Дарко Нанов
Tel:
+ 389 2 310 40 33
Email:
[email protected]
БИЗНИС РАЗВОЈ
ПРОИЗВОДИ ЗА ШИРОКА ПОТРОШУВАЧКА
Андријана Бабуновска
ПРОИЗВОДСТВО, ИСТРАЖУВАЊЕ И РАЗВОЈ, КОНТОЛА НА КВАЛИТЕТ КОЗМЕТИКА
Јулија Ѓорчевска Ацеска
Tel:
+389 2 2037 929
Email:
[email protected]