GLOSS


Gloss колекцијата нуди широк асортиман на производи за чистење во домаќинството, од средства за одржување на тоалетот, средства за рачно миење садови, абразивно средство, средство за отстранување бигор, средство за одзатнување мијалници, средство за чистење теписи и тапациран мебел, штиркање алишта, чистење стакло и стаклени површини, течен детергент за машинско перење алишта.

Производите се приспособени на потребите на секое современо домаќинство. Формулирани се на база на специјално одбрани биоразградливи површинско-активни материи со висок квалитет.

Благодарение на успешната 20- годишна традиција, Gloss колекцијата секогаш е симбол за проверен квалитет и чистота во вашиот дом. Континуирано се воведуваат нови производи, се редизајнираат постојните и се следат светските трендови.