КАКО ДА СЕ ПРИКЛУЧИТЕ ВО НАШИОТ ТИМ?


Апликацијата претставува ваша можност да споделите што е можно повеќе информации за себе и да ни кажете за своите вештини, интереси и достигнувања досега.

Ве молиме, внимателно пополнете ја апликацијата и вклучете мотивациско писмо, како и препораки релевантни за вашата област, сѐ со цел да стекнеме подобар впечаток за вас.

Откако ќе ја поднесете својата апликација, сте го завршиле првиот чекор на патот кон кариерата во нашата компанија. Но, доколку се прашувате што се случува во натамошниот процес, со вас споделуваме и кратки, практични совети, кои ќе ви помогнат да го искористите своето интервју и да се претставите најдобро што умеете.

Нашата цел преку процесот на интервју е да се запознаеме со вас како личност и како вработен и да утврдиме дали заеднички можеме да ги оствариме целите.

 

Со нетрпение ве очекуваме да аплицирате!

СОВЕТИ ЗА ИНТЕРВЈУ


Совет за време

Да пристигнете на време.
Првиот впечаток е многу важен.

Мотивациски совет

Размислете што ве мотивира да аплицирате за работа во нашата компанија

Совет за Искуство

Размислете за сите ваши вештини и искуства што ве квалификуваат за предметната позиција

Совет за Разговор

Бидете подготвени да зборувате за успесите што сте ги постигнале во текот на вашиот академски, професионален и личен живот

Совет за расположение

Уживајте во релаксирана атмосфера во интервјуто