Заштита на лични податоци
Заштита на лични податоци во АЛКАЛОИД АД Скопје
Изберете ја Информацијата за приватност подолу што е важна за вас, за да прочитате подетално околу обработката на Вашите лични податоци од страна на АЛКАЛОИД АД Скопје , како и за начинот на остварување на вашите права како субјект од кои се собираат личните податоци. Доколку имате прашање во врска со нашите известувања за приватност или нашите практики за приватност, може да се обратите до нашиот Корпоративен офицер за заштита на лични податоци, Весна Соколовска, на dpo@alkaloid.com.mk
Оваа Информација за приватност објаснува како АЛКАЛОИД АД Скопје (во натамошниот текст “АЛКАЛОИД”) како Контролор ги обработува и заштитува Вашите лични податоци во контекст на деловната соработка или комуникацијата со нас доколку припаѓате на една од следниве категории на субјекти:
• Деловни партнери, клиенти или стипендисти на АЛКАЛОИД
• Ученици во дуални пралелки во чиј образовен процес е вклучена практична настава во АЛКАЛОИД, на редовна основа
• Посетители на локалитетот на АЛКАЛОИД
• Гости во хотелскиот објект на АЛКАЛОИД во одморалиште во Стар Дојран
• Акционери во АЛКАЛОИД
• Лицa кои дале согласност за обработка на нивните лични податоци за вршење директен маркетинг или друга цел
• Испитаници, соработници или други лица чии податоци се обработуваат во рамки на клиничко испитување или при подготовка на регистрационо досие за лек
• Пријавители на несакани реакции на лек
• Пензионирани алкалоидови вработени
При обработка на личните податоци, АЛКАЛОИД во целост ги применува начелата пропишани во Законот за заштита на личните податоци и тоа:
• Личните податоци ги обработува законито, правично и на транспарентен начин, („законитост, правичност и транспарентност“)
• Личните податоци ги собира за конкретни, јасни и легитимни цели и не ги обработува на начин што не е во согласност со тие цели („ограничување на целите“)
• Личните податоци се соодветни, релевантни и ограничени на она што е неопходно во однос на целите заради кои се обработуваат („минимален обем на податоци“)
• Личните податоци се точни и каде што е потребно ажурирани, при што се преземаат сите соодветни мерки за навремено бришење или коригирање на податоците што се неточни или нецелосни, имајќи ги предвид целите заради кои се обработуваат („точност“)
• Личните податоци се чуваат во форма која овозможува идентификација на субјектите на личните податоци, но не подолго од она што е потребно за целите поради кои се врши нивна обработка („ограничување на рокот на чување“)
• Личните податоци се обработуваат на начин кој обезбедува соодветно ниво на безбедност, вклучувајќи заштита од неовластена или незаконска обработка, како и нивно случајно губење, уништување или оштетување, со примена на соодветни технички или организациски мерки („интегритет и доверливост“)
• Обврска на АЛКАЛОИД е не само да го усогласи работењето со овие начела, туку и да го демонстрира тоа („отчетност“)
За да прочитате подетално околу обработката на Вашите лични податоци од страна на АЛКАЛОИД, Ве молиме кликнете на еден од поднасловите подолу, во зависност од тоа на која категорија на субјекти на лични податоци припаѓате.
Кој е правниот основ за обработка на Вашите лични податоци?
Правен основ за обработка на Вашите лични податоци е исполнување на договор каде вие се јавувате како договорна страна, или преземање на активности на Ваше барање пред пристапување кон договор.
За која цел ги обработуваме Вашите лични податоци?
Зависно од контекстот на соработка, ние може да ги обработуваме Вашите лични податоци за целите за планирање, извршување, управување и администрирање на договорниот однос со вас, на пр. исполнување на договор, барање за извршување на услугата од вас согласно договорот кои би го имале со вас, извршување на плаќањата или обезбедување на поддршка за која било друга цел, неопходна за извршување на нашите договорни обврски.
Кои категории на лични податоци ги обработуваме за вас?
Име и презиме, матичен број, број на пасош (доколку сте странско физичко лице), поштенска адреса, телефон, е-маил, број на трансакциска сметка, степен на образование.
Колку долго ги чуваме Вашите лични податоци? 10 години од завршување на деловната соработка со вас.
Кој е правниот основ за обработка на Вашите лични податоци?
Правен основ за обработка на Вашите лични податоци е исполнување на договор склучен меѓу Вашето училиште и АЛКАЛОИД, врз основа на кој АЛКАЛОИД преку организирање и спроведување на практична настава е непосредно вклучен во Вашиот образовен процес.
За која цел ги обработуваме Вашите лични податоци?
Вашите лични податоци ги обработуваме за целите за извршување на договорниот однос со Вашето училиште, односно за цели на спроведување на практична настава организирана од страна на АЛКАЛОИД, како и за да Ви исплатиме надомест согласно преземените договорни обврски.
Кои категории на лични податоци ги обработуваме за вас?
Име и презиме, матичен број, број на лична карта, поштенска адреса, приватен телефон, приватен е-маил, број на трансакциска сметка, датум на раѓање/возраст, степен на образование.
Колку долго ги чуваме Вашите лични податоци?
10 години од завршување на практичната настава во АЛКАЛОИД.
Кој е правниот основ за обработка на Вашите лични податоци?
Правен основ за обработка на Вашите лични податоци е легитимен интерес на АЛКАЛОИД кој е утврден врз основа на спроведен тест за легитимен интерес.
За која цел ги обработуваме Вашите лични податоци?
Вашите лични податоци ги обработуваме заради спречување на влез на неовластени и неповикани лица, со цел да се обезбеди сигурност на целиот локалитет и објектите на АЛКАЛОИД, безбедност на вработените, како и имотот и информациите кои се лоцирани и се чуваат во просториите на АЛКАЛОИД.
Кои категории на лични податоци ги обработуваме за вас?
Име и презиме, број на лична карта, податоци од пасошот (доколку сте странско физичко лице), регистарски број на возило, како и општите податоци за службата во АЛКАЛОИД во која доаѓате на посета, време на влез и време на излез, компанија во која работите.
Колку долго ги чуваме Вашите лични податоци?
3 години од посетата.
Кој е правниот основ за обработка на Вашите лични податоци?
Правен основ за обработка на Вашите лични податоци е исполнување на законска обврска согласно Законот за трговски друштва.
За која цел ги обработуваме Вашите лични податоци?
Вашите лични податоци ги обработуваме со цел исполнување на Вашите права (исплата на дивиденда) согласно Законот за трговски друштва.
Кои категории на лични податоци ги обработуваме за вас?
Име и презиме, адреса на живеење, матичен број, број на трансакциска сметка, град и држава, број на пасош, даночен број во домицилната земја, даночен број во Северна Македонија.
Колку долго ги чуваме Вашите лични податоци?
Трајна вредност
Кој е правниот основ за обработка на Вашите лични податоци?
Правен основ за обработка на Вашите лични податоци е исполнување на законска обврска согласно Законот за угостителска дејност и Законот за странци.
За која цел ги обработуваме Вашите лични податоци?
Вашите лични податоци ги обработуваме заради водење на книга на домашни и странски гости во угостителскиот објект за сместување - Одморалиште Стар Дојран, во сопственост на АЛКАЛОИД.
Кои категории на лични податоци ги обработуваме за вас?
За домашни гости: Име и презиме, број на лична карта, домашна адреса, место на раѓање, датум на раѓање.
За странски гости: Име и презиме, вид и број на патна исправа, место и држава на раѓање, вид и број на дозвола за престој, датум на раѓање, државјанство.
Колку долго ги чуваме Вашите лични податоци? 3 години од престојот во одмаралиштето.
Кој е правниот основ за обработка на Вашите лични податоци?
Правен основ за обработка на Вашите лични податоци е изјавата за согласност за обработка за конкретна цел. Согласноста може да се повлече во кое било време. Повлекувањето на согласноста нема да влијае на податоците обработени пред повлекувањето на согласноста.
За која цел ги обработуваме Вашите лични податоци?
Вашите лични податоци ги обработуваме за цели вршење директен маркетинг, комерцијално истражување, планирање на работата, да ви одговориме на ваши прашања поврзани со нашите производи и услуги или за други цели за кои што сте дале согласност.
Кои категории на лични податоци ги обработуваме за вас?
Во зависност од контекстот и целите заради кои се собираат личните податоци, може да ги обработуваме следниве лични податоци:
Контакт податоци (име и презиме, пол, приватен телефон, службен телефон, домашна адреса, приватен или службен е-маил, место на работа)
Податоци за образование и професијата (степен на образование, академски и професионални квалификации)
Други информации што ќе изберете да ги споделите со нас, (пр. фотографија, датум на раѓање/возраст, број на деца, потрошувачки навики и сл.)
Колку долго ги чуваме Вашите лични податоци?
Личните податоци кои се собираат врз основа на Ваша согласност се обработуваат за времетраење на целите за кои е дадена согласноста или до повлекување на согласноста. Согласноста може да се повлече во кое било време. Повлекувањето на согласноста нема да влијае на податоците обработени пред повлекувањето на согласноста.
Кој е правниот основ за обработка на Вашите лични податоци?
Правен основ за обработка на Вашите лични податоци при спроведување на клинички испитувања е исполнување на законска обврска согласно Законот за лекови и медицински средства и Упатството за начела на добра клиничка пракса како и согласно одредбите од Законот за заштита на лични податоци кои се однесуваат на обработка на посебни категории на лични податоци.
За која цел ги обработуваме личните податоци?
Вашите лични податоци ги обработуваме со цел водење на регистрациони досиеја на лек со што се постигнува усогласеност со Законот за лекови и медицински средства и Упатството за начела на добра клиничка пракса.
Кои категории на лични податоци ги обработуваме за вас?
Зависно од категоријата на субјектот (односно дали станува збор за учесник во клиничкото испитување или медицинско лице, експерт и сл.) се обработуваат следните податоци: име и презиме, познавање на јазици, пол, CV/биографија/работно искуство, домашна адреса, службен телефон, место на раѓање, датум на раѓање/возраст, степен на образование, место на работа, податоци за физички изглед (тежина и висина), податоци за расно потекло, податоци за здравјето/медицински податоци.
Колку долго ги чуваме Вашите лични податоци?
10 години после датумот на делистирање на регистрационото досие од портфолио
Кој е правниот основ за обработка на Вашите лични податоци?
Правен основ за обработка на Вашите лични податоци кога пријавувате несакани реакции од лекови е исполнување на законска обврска согласно Законот за лекови и медицински средства, Правилникот за начинот на пријавување, содржината на образецот за пријавување на несаканите реакции на лековите и начинот на организација на системот на фармаковигиланца, како и согласно одредбите од Законот за заштита на лични податоци кои се однесуваат на обработка на посебни категории на лични податоци.
За која цел ги обработуваме Вашите лични податоци
Вашите лични податоци што ги добиваме во врска со пријавите за несакани реакции на лек ги обработуваме исклучиво заради следење на несаканите реакции, така што секоја пријавена несакана реакција е соодветно документирана, проценета и пријавена во согласност со законските обврски, со цел идентификување и спречување несакани реакции или други ризици поврзани со употребата на лековите.
Кои категории на лични податоци ги обработуваме за вас?
Име, презиме, телефонски број, адреса на електронската пошта, земја на живеење, датум на раѓање, пол, возраст и професија на субјектот што пополнува.
Можно е да се соберат и слики/фотографии (поврзани со несакани реакции на лек) како и дополнителни лични податоци во врска со здравствената и медицинската историја на субјектот – корисникот на лекот – доколку е тоа потребно заради обработка на податоците за несакани ефекти, со цел исполнување на законски пропишаните обврски за фармаковигиланца.
Колку долго ги чуваме Вашите лични податоци?
Најмалку 10 години по повлекувањето на лекот или медицинското средство од пазарот или најмалку 10 години по престанокот на постоење на Системот за Фармаковигиланца.
Кој е правниот основ за обработка на вашите лични податоци?
Правен основ за обработка на вашите лични податоци се вашата согласност и легитимниот интерес на АЛКАЛОИД, кој е утврден врз основа на спроведен тест за легитимен интерес.
За која цел ги обработуваме вашите лични податоци?
Целта е искажување грижа на АЛКАЛОИД АД Скопје спрема вас, нашите пензионирани колеги, со цел признавање на вашиот придонес во растот на нашата компанија, преку спроведување голем број активности за општествена одговорност.
Кои категории на лични податоци ги обработуваме за вас?
Име и презиме, адреса на живеење, контакт-телефон, година на раѓање, година на пензионирање.
Колку долго ги чуваме вашите лични податоци?
Личните податоци што се собираат врз основа на вашата согласност се обработуваат за време на траењето на целите за кои е дадена согласноста или до повлекување на согласноста. Согласноста може да се повлече во кое било време. Повлекувањето на согласноста нема да влијае врз податоците обработени пред повлекувањето на согласноста.
Доколку претходно не се повлече согласноста или доколку правен основ е легитимниот интерес, тие ќе се чуваат 10 години.
Во зависност од категоријата на субјекти на која припаѓате, а со цел да се постигне целта за која се дадени личните податоци, пристапот до Вашите лични податоци е ограничен на:
Вработени во АЛКАЛОИД кои имаат реална потреба да дојдат во контакт со тие податоци заради остварување на целта за која се дадени
Банкарски институции со цел да се изврши исплатата
Надлежни државни органи во Република Севeрна Македонија или други надлежни тела во ЕУ и надвoр од ЕУ (вклучително регулаторни тела) до кои АЛКАЛОИД е должен да ги достави Вашите лични податоци, a се заснова на законска обврска што произлегува од важечките законски прописи или врз основа на барање од суд или друго официјално барање засновано на закон
Одредени друштва од Република Северна Македонија и во Европска Унија ангажирани од страна на АЛКАЛОИД со цел изведување придружни/помошни активности за обработка на податоците, при што секое вакво друштво е обврзано договорно од страна на АЛКАЛОИД да ја заштити тајноста на податоците и да постапува според упатствата на АЛКАЛОИД и во согласност со важечките законски прописи за заштита на личните податоци. Друштвото се грижи за доверливоста и обврската за чување на деловна тајна. Доколку Друштвото ги обработува Вашите лични податоци врз основа на Ваша согласност, повлекувањето на согласноста ќе се примени и на наведените друштва
Во одредени ситуации заради спроведување на регулаторни постапки утврдени со закон надвор од Република Северна Македонија (регистрација на лекот), пристап до Вашите лични податоци може да имаат наши деловни партнери во рамките на дозволено со законот. Личните податоци може да се пренесат во земја чкенка на ЕУ или ЕЕП – Европски Економски Простор, како и земји надвор од ЕУ доколку преносот е неопходен поради причини од јавен интерес, односно заради спроведување на регулаторни постапки (регистрација на лекот) во одредена земја
Правни застапници заради спроведување на правни постапки
AЛКАЛОИД гарантира остварување на сите Ваши законски права во врска со обработката на Вашите лични податоци. Вие во секој момент имате право да побарате од АЛКАЛОИД:
Право на пристап – право да поднесете барање за пристап до своите лични податоци, односно да добиете информација за податоците што се обработуваат за вас и да проверите дали се тие точни и ажурирани
Право на исправка – доколку откриете дека Вашите лични податоци што ги обработува АЛКАЛОИД не се точни или не се целосни, имате право да побарате нивна исправка
Право на бришење – право да побарате од АЛКАЛОИД да ги избрише Вашите лични податоци под одредени услови утврдени со закон
Право на ограничување на обработката – право да побарате АЛКАЛОИД да ја ограничи обработката на Вашите лични податоци под одредени услови утврдени со закон
Право на преносливост на податоците – право да ги добиете своите лични податоци во структуриран, вообичаено користен и машински читлив формат и да ги пренесете на друг обработувач, без попречување од АЛКАЛОИД
Право на приговор – право на приговор врз основа на конкретна ситуација доколку обработката на Вашите лични податоци се заснова на легитимен интерес или се врши за цели на директен маркетинг и за профилирање поврзано со директниот маркетинг, под одредени услови утврдени со закон и
Право на повлекување на согласноста – имате право да ја повлечете својата согласност за користење на Вашите лични податоци во секое време. Повлекувањето на согласноста не влијае врз законитоста на обработката, врз основа на согласноста пред нејзиното повлекување
Доколку сакате да ги остварите горенаведените права што произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци, ве молиме пристапете до следниот линк, пополнете го соодветниот образец и испратете ни го преку електронската или преку поштенската адреса наведени подолу.
Во секое време, доколку имате дополнителни прашања, може да ни се обратите на адресата:
АЛКАЛОИД АД СКОПЈЕ
бул. „Александар Македонски“ бр. 12
1000 Скопје
за Офицерот за заштита на лични податоци
или
на електронската адреса на Офицерот за заштита на личните податоци: dpo@alkaloid.com.mk
Со цел да ви го дадеме потребниот одговор, ве молиме да ги наведете следниве информации:
Ваша врска и интеракција со нас и
Опис на барањето/информациите што би сакале да го/ги добиете од нас
Доколку сметате дека обработката на Вашите лични податоци од страна на АЛКАЛОИД не е во согласност со одредбите на Законот за заштита на личните податоци или, пак, доколку сметате дека е повредено некое Ваше право за заштита на личните податоци, имате право да поднесете барање за утврдување на прекршувањето на прописите за заштита на личните податоци преку Агенцијата за заштита на личните податоци.
Оваа Изјава за приватност го објаснува видот на лични податоци што АКАЛОИД АД Скопје (во натамошниот текст: Контролор), ги собира од вас при посета на службените/деловните простории и како Контролорот ги користи овие податоци.
Зошто собираме (обработуваме) лични податоци?
Контролорот собира лични податоци преку системот за видеонадзор од следните причини (цели):
- Да се контролира пристапот до објектот (зграда, влез ,простории...) и да се обезбеди сигурност на објектот, безбедноста на вработените во Контролорот и посетителите, како и на имот и информациите кои се лоцирани или се чуваат во просториите;
- За да се спречи, одврати и доколку е потребно, да се испита неовластен физички пристап, вклучително и неовластен пристап до безбедносни и заштитени простории, ИТ инфраструктура или оперативни информации; и
- Да се спречи, открие и да се испита уништување, кражба на опрема, средства и производи во сопственост на Контролорот, посетителите или вработените, или закани по безбедноста на персоналот кој работи во просториите (на пример: повреда при работа, пожар, физички напад)
Системот за видеонадзор не се користи за ниту една друга цел, како на пример да се следи работата на вработените или нивното присуство. Видео камерите се поставени така што не го покриваат околниот јавен простор. Камерите имаат за цел да дадат општ преглед на она што се случува на одредени места, но не и да се препознаат лица.
Системот за видеонадзор исто така не се користи како истражна алатка или за да се добијат докази при внатрешни истраги или дисциплински постапки, освен ако не е во прашање безбедносен инцидент заради кој е воспоставен видеонадзорот согласно Законот за заштита на личните податоци (Во исклучителни околности, податоците можат да бидат пренесени до истражните органи во рамките на формална дисциплинска или кривична истрага).
Камерите за видеонадзор се инсталираат на сите локации/објекти во сопственост на Друштвото/Контролорот и се поставени и фокусирани така што се снимаат само лица кои ќе пристапат до службените/деловните простории (објекти), вклучително и имотот.
Системот со видеонадзор ја опфаќа областа на:
Периметарска ограда на локалитетот (имотот) на Друштвото
Влезови на периметарска ограда,
Портирници на локалитети,
Влезови во објекти,
Внатрешни сообраќајници,
Внатрешни паркинзи за моторни возила,
Простории во објекти во кои се произведуваат, чуваат или складираат специфични вклучувајќи и наркотични производи,
Простории во објекти во кои е инсталирана опрема од информатичка технологија, телекомуникации или други енергетски постројки,
Простории во објекти во кои се архивираат/складираат документи,
Простории во објекти во кои се складираат посебно вредни резервни делови и опрема,
Какви податоци собира Контролорот?
Контролорот собира само слики фатени на камерите, при шти не се врши тонско снимање.
Кој е одговорен за обработката на податоците?
Контролорот е субјект кое ја врши обработката на личните податоци и кој ги утврдува целите на обработка, единствено во согласност со Законот за заштита на личните податоци. Покрај тоа Директорот на одделот за Општи работи, Ќире Ицев е лице за контакт и одговорно за видеонадзорот.
Кој е правниот основ за обработка на личните податоци преку системот за видеонадзор?
Контролорот користи опрема за видеонадзор за (да се наведе една или повеќе од наведените цели):
- Заштита на животот или здравјето на луѓето;
- Заштита на сопственоста;
- Заштита на животот и здравјето на вработените поради природата на работата; или
- Обезбедување на контрола над влегувањето и излегувањето од службенте или деловните простории
Затоа, обработката е законска согласно член 90 од Законот за заштита на личните податоци.
Покрај тоа, на влезот на АЛКАЛОИД АД Скопје, има видливо и јасно истакнато известување за видеонадзорот кое им овозможува на субјектите на лични податоци да се запознаат со вршењето на видеонадзорот, како и за називот на контролорот кој го врши видеонадзорот и за начинот на кој може да се добијат информации за тоа каде и колку време се чуваат снимките од системот за видеонадзор.
Кој може да ги види моите лични податоци?
До видеозаписите може да пристапи само овластено лице за видеонадзор (на пример: одредени лица вработени во одделот за Обезбедување и заштита и одделот ИТ&Tна контролорот. Пристапот до дигиталнит уред или дискот на кој се чуваат видеозаписите е ограничен, заштитен со примена на технички мерки за безбедност на податоците (лозинка, запис за секој настан или активност од вработените, односно овластените лица). До податоците, односно видеозаписите не може да се пристапи без овластување од страна на Генералниот директор на АЛКАЛОИД АД Скопје.
Како да ги контролирате вашите податоци?
Може да испратите барање на е-пошта на dpo@alkaloid.com.mk, или преку пошта на адреса: АЛКАЛОИД АД Скопје, Бул.Александар Македонски 12, 1000 Скопје, со назнака: за Офицерот за заштита на лични податоци.
Можам ли да пристапам до моите податоци?
Вие имате право да пристапите до вашите податоци во секое време и бесплатно, со испраќање на барање преку пошта до: АЛКАЛОИД АД Скопје, Бул.Александар Македонски 12, 1000 Скопје, со назнака: за Офицерот за заштита на лични податоци, или преку е-пошта до: dpo@alkaloid.com.mk.
Можам ли да ги менувам моите податоци?
Не е дозволено изменување на видео записот за видеонадзор.
Може ли да побарам ограничување на обработката на моите податоци?
Вие имате право да ја ограничите обработката на вашите лични податоци во секое време со испраќање на барање преку пошта до: АЛКАЛОИД АД Скопје, Бул.Александар Македонски 12, 1000 Скопје, со назнака: за Офицерот за заштита на лични податоци, или преку е-пошта до: dpo@alkaloid.com.mк, кога ја оспорувате точноста на вашите лични податоци, или кога на Контролорот повеќе на му се потребни податоците за извршување на неговите задачи. Вие исто така можете да ја блокирате обработката и кога работењето е незаконско и вие се спротиставувате на бришење на податоците. Сепак, блокирањето не е можно во секој случај на службена истрага.
Дали можам да ги избришам моите податоци?
Вие имате право да ги избришете вашите податоци во секое време со испраќање на барање преку пошта до: АЛКАЛОИД АД Скопје, Бул.Александар Македонски 12, 1000 Скопје, со назнака: за Офицерот за заштита на лични податоци, или преку е-пошта до: dpo@alkaloid.com.mk, кога обработката е незаконска.
Дали се споделуваат моите лични податоци со други лица?
Вашите лични податоци се чуваат во Контролорот, освен ако не побарате од Контролорот или пак дадете согласност истите да бидат споделени. Во случај на споделување на Вашите податоци со трети страни, ќе бидете известени на кого се откриени, за која цел и врз кој законски основ.
Дали имам право на приговор?
Да, имате право на приговор и да се спротиставите на обработката во било кое време со испраќање на барање преку пошта до: АЛКАЛОИД АД Скопје, Бул.Александар Македонски 12, 1000 Скопје, со назнака: за Офицерот за заштита на лични податоци, или преку е-пошта до: dpo@alkaloid.com.mк, кога имате легитимни причини во врска со вашата конкретна ситуација. Контролорот ќе постапи по вашето барање во рок од 15 дена од денот на поднесување на барањето.
Што можам да направам во случај на проблем?
а) Првиот чекор е да го известите Контролорот со испраќање е-пошта до Директорот на одделот за Општи работи kicev@alkaloid.com.mk да побарате да преземе акција.
б) Вториот чекор, ако не добиете одговор од нас или ако не сте задоволни од тоа, контактирајте со нашиот офицер за заштита на личните податоци на dpo@alkaloid.com.mk
в) Во секое време можете да поднесете барање до Агенцијата за заштита на личните податоци www.azlp.mk, која ќе постапи по вашето барање и ќе ги донесе потребните мерки.
Кога ќе започне обработката на моите лични податоци преку системот за видеонадзор?
Обработката започнува во моментот кога ќе ги посетите локациите, објектите и просториите на Контролорот.
Безбедност на личните податоци.
Контролорот е посветен на заштита на вашите лични податоци. Затоа, користи безбедносни технологии и процедури со кои се заштитуваат вашите лични податоци пред се од неовластен пристап, употреба или откривање. Ние ги чуваме вашите податоци на компјутерски системи со ограничен пристап и во контролирана околина.
Колку долго ги чуваме вашите податоци?
Контролорот ќе ги чува вашите лични податоци максимално до 30 (триесет) календарски денови по вашата посета во нашите простории, по што сите снимени видеозаписи автоматски се бришат.
Со оваа информација, ги информираме субјектите на лични податоци за начинот и постапката на остварување на нивните права во однос на личните податоци кои се обработуваат од страна на АЛКАЛОИД АД Скопје (во понатамошниот текст “АЛКАЛОИД”) согласно одредбите од Законот за заштита на личните податоци.
Како субјекти чии лични податоци се обработуваат од страна на АЛКАЛОИД, имате право да бидете детално информирани за:
• Идентитет на контролорот (АЛКАЛОИД) и контакт податоци за истиот
• Контакт податоци на Офицерот за заштита на личните податоци
• Целите и правната основа за обработката
• Легитимните интереси на АЛКАЛОИД (ако се врши обработка согласно оваа правна основа)
• Категориите на субјекти чии податоци се обработуваат и категории на лични податоци што се
обработуваат
• Корисници на кои личните податоци се даваат на користење
• Рок на чување
• Дали се врши пренос на податоците во трети земји
Оваа информација за остварување на правата на субјектите на лични податоци е објавена на веб-страницата на АЛКАЛОИД, а воедно оваа информација може да ја добиете во службените и деловните простории на АЛКАЛОИД, или да Ви биде директно доставена во хартиена или електронска форма.
А. ПРАВА НА СУБЈЕКТИТЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Како субјект чии лични податоци се обработуваат од страна на АЛКАЛОИД, имате право да поднесете барања за остварување на Вашите права пропишани со закон и тоа:
Право на пристап
На Ваше барање, АЛКАЛОИД има обврска да Ве информира кои податоци ги собира за Вас, за кои цели ги обработува, колку долго ги чува и дали ги открива на трети страни.
Право на исправка на лични податоци
На Ваше барање, АЛКАЛОИД ќе изврши исправка и дополнување на Вашите лични податоци, ако податоците се нецелосни, неточни или неажурирани и доколку нивната обработка не е во согласност со одредбите на Законот за заштита на личните податоци.
Право на бришење
На Ваше барање, АЛКАЛОИД ќе ги избрише Вашите лични податоци ако е исполнета целта заради која биле обработувани, ако сте ја повлекле согласноста за обработка, ако податоците биле незаконски обработувани, ако приговарате на обработката или заради почитување на законската обврска на АЛКАЛОИД за бришење на податоците кога веќе не постои правна основа за обработка.
Право на ограничување на обработката на лични податоци
На Ваше барање, АЛКАЛОИД ќе ја ограничи обработката на Вашите лични податоци, ако ја оспорувате нивната точност, во периодот додека не ја потврдиме нивната точност, ако сметате дека обработката е незаконита, но се спротивставувате на бришењето или ако податоците Ви се потребни за остварување на правни барања.
Право на преносливост на податоците
На Ваше барање, АЛКАЛОИД ќе Ви ги пренесе личните податоци во структуриран, вообичаено користен и машински читлив формат или ќе ги пренесе во друго друштво. Ова право е применливо кога се врши обработка на лични податоци врз основа на согласност или договор и кога обработката се врши со автоматизирани средства.
Приговор
Вие имате право на приговор врз основа на конкретна ситуација поврзана со Вас, ако обработката на Вашите лични податоци се заснова на легитимен интерес, ако обработка на Вашите лични податоци се врши за цели на директен маркетинг и профилирање поврзано со директниот маркетинг или за цели на научни или историски истражувања или за статистички цели.
Барање за повлекување на претходна согласност
Вие во секое време можете да ја повлечете претходно дадената согласност за обработка на Вашите лични податоци. Барањето за повлекување на согласност, поднесете го до АЛКАЛОИД согласно постапката опишана подолу.
Право да не бидете предмет на автоматско донесување на поединечни одлуки вклучувајќи и профилирање
Вие имате право да не бидете предмет на одлука заснована единствено на автоматизирана обработка, вклучувајќи го и профилирањето што предизвикува правни последици за Вас или на сличен начин значително влијае на Вас.
Б. ПОСТАПКА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВАТА
Начин на достава на барањето
За остварување на правата од секција А од оваа Информација, можете да поднесете соодветно барање. Барањата за остварување на секое одделно право, објавени се на интернет страната на АЛКАЛОИД. Соодветното барање може да се поднесе на повеќе начини:
а) Во печатена форма со пополнување на соодветното барање и негово доставување лично или по пошта во плик со назнака „Барање за__________ (да се внесе соодветниот назив за барањето) до архивата на АЛКАЛОИД АД Скопје, на адреса бул. Александар Македонски 12, 1000 Скопје, Република Северна Македонија, со посебна назнака “до Офицерот за заштита на лични податоци”
б) Во електронска форма, со пополнување на соодветното барање и негово доставување на мејл адресата на Офицерот за заштита на лични податоци dpo@alkaloid.com.mk
в) На телефонски број на Офицерот за заштита на лични податоци: +389 2 3104 000
Барањето треба да биде читливо и уредно пополнето и потпишано. Во склоп на секој образец/барање се наведени насоки за пополнување на истото.
Барањето испратено до АЛКАЛОИД, задолжително треба да ги содржи следните податоци:
• Ваша идентификација – целосно име и презиме
• Контакт информации за повратна информација: адреса, телефон, електронска пошта
• Образложение и основ за барањето
• Доколку е назначено во самото барање, потврда за Ваша идентификација
Постапување по барањето
Одговорно лице за постапување по однос на Вашето барање е Офицерот за заштита на лични податоци. По прием на барањето, истото се заведува во регистарот на примени барања и се пристапува кон негово разгледување. Доколку Офицерот за заштита на лични податоци има основано сомневање во врска со Вашиот идентитет, како подносител на барањето, може да побара да доставите дополнителни информации со цел потврдување на идентитетот. Доколку Вашиот идентитет се потврди, се пристапува кон проценка на основаноста на барањето.
Доколку, и покрај доставувањето на дополнителни информации, Вашиот идентитет не може да биде утврден, барањето се одбива со доставување на образложение.
Офицерот за заштита на податоците има право да Ви побара дополнителни документи или информации со цел остварување на Вашето право. Информацијата која што ќе Ви биде испратена во писмена, односно електронска форма, ќе биде во форма на известување по однос на барањето, со кое што ќе бидете информирани за активностите преземени од страна на АЛКАЛОИД, заклучокот и поуката за понатамошно постапување.
Доколку Вашето барање биде одбиено, во известувањето ќе бидат наведени причините за неможноста за остварување на правото, заклучокот и поуката за понатамошно постапување.
Известувањата ќе бидат испратени до Вас во писмена, односно електронска форма каде што е можно, освен ако побарате поинаку.
Рокови на постапување
АЛКАЛОИД е должен да Ви достави информација за преземените активности без непотребно одложување и во секој случај согласно законски определените рокови, во рок од 1 месец, односно најдоцна во рок од 3 месеци во случај на комплексност на барањето.
АЛКАЛОИД ќе Ве информира за секое продолжување на рокот, во рок од еден (1) месец од денот на приемот на барањето, заедно со причината за одложувањето.
Доколку АЛКАЛОИД не преземе активности по Вашето барање во рок од еден месец од приемот на барањето, АЛКАЛОИД има обврска да Ве извести за причините за непреземање на активности и за можноста да поднесете барање до АЗЛП, како и за можноста за користење на судска заштита.
Рокот за постапување по барање за исправка на Вашите лични податоци е 15 дена.
Рокот за постапување по барање за бришење на Вашите лични податоци е 30 дена.
Наплата на надомест
Согласно законот за заштита на лични податоци, обезбедувањето на потребните информации во поглед на Вашето барање се овозможуваат без надоместок. Во исклучителни ситуации, доколку АЛКАЛОИД процени дека Вашето барање е очигледно неосновано или прекумерно, особено заради повторувачкиот карактер, АЛКАЛОИД може да Ви наплати надоместок, за што ќе Ве информира, имајќи ги предвид обемот, сложеноста и времето потребно за обезбедување на информацијата или комуникацијата или постапувањето по барањето.
АЛКАЛОИД има право да го одбие Вашето барање, доколку не се согласите да го платите побараниот надомест потребен за да се преземат соодветните активности.
Затварање на барањето
Со доставувањето на потребното известување од страна на АЛКАЛОИД до Вас, се смета дека барањето е затворено.
Доколку имате дополнителни прашања или барања во врска со обработката на личните податоци од страна на АЛКАЛОИД како контролор, истите треба да ги упатите до Офицерот за заштита на личните податоци, преку телефонскиот број +389 2 3104 000 или преку електронската пошта dpo@alkaloid.com.mk
АЛКАЛОИД АД Скопје (во понатамошниот текст: АЛКАЛОИД) ја почитува вашата приватност ѝ посветува значително внимание на заштитата на вашите личните податоци преку примена на стандардите утврдени со законските и со подзаконските прописи за заштита на личните податоци во Република Северна Македонија, како и со интерните акти на компанијата.
Оваа информација има за цел подетално да се запознаете со обработката на Вашите лични податоци доколку аплицирате за вработување или практиканство во АЛКАЛОИД АД Скопје или неговите капитално поврзани друштва во Република Северна Македонија.
Доколку аплицирате за вработување во АЛКАЛОИД, врз основа на објавен оглас за конкретна работна позиција или доколку сакате да бидете дел од базата на кандидати за вработување на АЛКАЛОИД, а со цел да учествувате во процесот на евалуација и селекција на кандидати за вработување и избор на вработени, креирајте профил на следниот линк: https://career.alkaloid.com.mk, пополнете ја виртуелната апликација и прикачете ги Вашето писмо за мотивација, копии од сертификати и дипломи и други документи кои ги приложувате по сопствена волја.
Доколку аплицирате за Вашите лични податоци да ги чуваме и обработуваме во базата на кандидати за практиканство на АЛКАЛОИД, а со цел да учествувате во процесот на евалуација и селекција на кандидати за практиканство и избор на практиканти, креирајте профил на следниот линк: https://career.alkaloid.com.mk.
Пополнете ја виртуелната апликација и прикачете ги бараните документи.
Ние ја почитуваме вашата приватност и собираме, обработуваме и чуваме лични податоци законито, транспарентно и правично, во согласност со законските начела и со правните основи утврдени во нив.
Кога аплицирате за вработување врз основа на објавен оглас за конкретна работна позиција, правен основ за обработка на Вашите лични податоци е Законот за работни односи.
Кога аплицирате за да ги чуваме и обработуваме Вашите лични податоци во базата на кандидати за вработување или практиканство, правен основ за обработка на Вашите лични податоци е Вашата согласност дадена во моментот на аплицирање во АЛКАЛОИД.
Вашите лични податоци може да ги обработуваме за следниве цели:
Евалуација и избор на кандидати врз основа на објавен оглас со цел да ги процениме вашите квалификации и соодветност за работната позиција за која аплицирате;
Комуникација со Вас, поврзана со процесите на интервјуирање и селекција на кандидати за пополнување на работни места или практиканство;
Евалуација и избор на кандидати при отворање на идни работни места во АЛКАЛОИД или неговите подружници;
Водење евиденција поврзана со процесите на евалуација и селекција на кандидати за вработување или практиканство.
Преку вашата апликација за вработување и практиканство, АЛКАЛОИД може да ги обработува:
Податоците што сами ги внесувате кога ја пополнувате виртуелната апликација
Во зависност од тоа дали аплицирате за вработување или практиканство, АЛКАЛОИД може да ги обработува следниве категории на лични податоци:
Податоци за ваша идентификација - име и презиме, пол, место и датум на раѓање, државјанство,
Контакт податоци - домашна адреса, телефонски број и е-маил адреса;
Податоци за образование и други квалификации – степен и вид на завршено образование, познавање на јазици, работно искуство, обуки за време на вработување, професија, копија од дипломи и други сертификати и сл
Други информации - други податоци што ќе изберете да ги споделите со нас во Вашето CV (кратка биографија) доколку го доставувате при аплицирање за вработување или практиканство
Доколку аплицирате за вработување во АЛКАЛОИД, врз основа на објавен оглас за конкретна работна позиција, Вашите лични податоци ги чуваме во согласност со роковите пропишани со закон, односно доколку не сте избрани на конкретниот оглас, истите ги бришеме во рок од 5 работни дена од денот на склучувањето на договор за вработување со избраниот кандидат.
Доколку сакате и се согласите Вашите лични податоци да ги чуваме и обработуваме во базата на кандидати за вработување или практиканство, Вашите лични податоци ги чуваме во согласност со роковите пропишани со внатрешните акти на АЛКАЛОИД, со тоа што роковите за чување на податоците пропишани со внатрешните акти ги определуваме според времетраењето на целта заради која податоците се собрани или обработувани. Притоа, вашите податоци во својство на кандидати за вработување или практиканство ги чуваме во рок од три (3) години од датумот кога сте аплицирале, или пократко, доколку сте не информирале дека ја повекувате согласноста за обработка на Вашите податоци, по што Вашите податоци веднаш ги бришеме од базата на кандидати за вработување или практиканство.
Ве молиме осигурајте се дека Вашите податоци се постојано ажурирани, како би можеле да имаме релевантни информации кои се битни и за Вас, и за нас во процесот на евалуација и селекција. По истекот на три (3) години од датумот на аплицирање, повторно ќе ве комуницираме со цел да не информирате дали сакате и понатаму да ги чуваме и обработуваме Вашите лични податоци или да ги избришеме. Доколку не добиеме повратна информација од Вас или доколку не дадете согласност за понатамошно чување и обработка на податоците, истите ќе ги избришеме.
Со цел да се постигне целта за која се дадени личните податоци, пристапот до Вашите лични податоци е ограничен на:
Вработени во АЛКАЛОИД, кои согласно своите работни задачи имаат реална потреба да пристапат до тие податоци заради остварување на целта за која се обработуваат
Правни застапници заради спроведување на правни постапки
Ние се грижиме да бидат преземени сите технички, организациски и процедурални мерки за обезбедување на највисоко ниво на тајност и заштита на обработката на Вашите лични податоци, со цел спречување неовластен пристап, неовластено откривање или евентуална злоупотреба на истите.
Овие заштитни мерки вклучуваат спроведување на специфични технологии и процедури дизајнирани да ја заштитат Вашата приватност.
Ве информираме дека имате право на пристап, исправка, бришење, ограничување на обработката, преносливост на Вашите лични податоци и право на приговор.
Воедно, имате право во секое време да ја повлечете дадената изјава за согласност за обработка на Вашите лични податоци во базата на кандидати за вработување или практиканство.
Со повлекување на согласноста, Вашите лични податоци, веднаш ќе бидат избришани од базата на кандидати за вработување или практиканство.
Притоа, имајте предвид, дека повлекувањето на согласноста не влијае врз законитоста на обработката, врз основа на дадената согласност пред нејзиното повлекување. Овие Ваши права произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци.
Доколку сакате да ги остварите горенаведените права што произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци, ве молиме пристапете до следниот
линк, пополнете го соодветниот образец и испратете ни го преку електронската или преку поштенската адреса наведени подолу.
Во секој случај за остварување на Вашите права, како и за прашања во врска со обработката на Вашите лични податоци, можете да упатете барање на:
електронска адреса на офицерот за заштита на лични податоци на АЛКАЛОИД АД Скопје, dpo@alkaloid.com.mk
телефонски број на офицерот за заштита на лични податоци: +389 2 3104 000 или
поштенска адреса АЛКАЛОИД АД Скопје, бул. Александар Македонски 12, 1000 Скопје, Република Северна Македонија - офицер за заштита на лични податоци.
Доколку сметате дека со обработката на Вашите лични податоци се прекршени одредбите на Законот за заштита на личните податоци, имате право да поднесете барање пред Агенцијата за заштита на личните податоци како надлежен орган за вршење на надзор над законитоста на преземените активности при обработката на личните податоци на територијата на Република Северна Македонија.
Заштита на лични податоци во АЛКАЛОИД КОНС
Изберете ја Информацијата за приватност подолу што е важна за вас, за да прочитате подетално околу обработката на Вашите лични податоци од страна на АЛКАЛОИД КОНС ДООЕЛ Скопје , како и за начинот на остварување на вашите права како субјект од кои се собираат личните податоци. Доколку имате прашање во врска со нашите известувања за приватност или нашите практики за приватност, може да се обратите до Oфицерoт за заштита на лични податоци, на dpokons@alkaloid.com.mk.
Оваа Информација за приватност објаснува како АЛКАЛОИД АД Скопје (во натамошниот текст “АЛКАЛОИД”) како Контролор ги обработува и заштитува Вашите лични податоци во контекст на деловната соработка или комуникацијата со нас доколку припаѓате на една од следниве категории на субјекти:
· Деловни партнери, клиенти или стипендисти на АЛКАЛОИД
· Ученици во дуални пралелки во чиј образовен процес е вклучена практична настава во АЛКАЛОИД, на редовна основа.
· Посетители на локалитетот на АЛКАЛОИД
· Гости во хотелскиот објект на АЛКАЛОИД во одморалиште во Стар Дојран
· Акционери во АЛКАЛОИД
· Лицa кои дале согласност за обработка на нивните лични податоци за вршење директен маркетинг или друга цел
· Испитаници, соработници или други лица чии податоци се обработуваат во рамки на клиничко испитување или при подготовка на регистрационо досие за лек
· Пријавители на несакани реакции на лек
· Пензионирани алкалоидови вработени
При обработка на личните податоци, АЛКАЛОИД во целост ги применува начелата пропишани во Законот за заштита на личните податоци и тоа:
· Личните податоци ги обработува законито, правично и на транспарентен начин, („законитост, правичност и транспарентност“)
· Личните податоци ги собира за конкретни, јасни и легитимни цели и не ги обработува на начин што не е во согласност со тие цели („ограничување на целите“)
· Личните податоци се соодветни, релевантни и ограничени на она што е неопходно во однос на целите заради кои се обработуваат („минимален обем на податоци“)
· Личните податоци се точни и каде што е потребно ажурирани, при што се преземаат сите соодветни мерки за навремено бришење или коригирање на податоците што се неточни или нецелосни, имајќи ги предвид целите заради кои се обработуваат („точност“)
· Личните податоци се чуваат во форма која овозможува идентификација на субјектите на личните податоци, но не подолго од она што е потребно за целите поради кои се врши нивна обработка („ограничување на рокот на чување“)
· Личните податоци се обработуваат на начин кој обезбедува соодветно ниво на безбедност, вклучувајќи заштита од неовластена или незаконска обработка, како и нивно случајно губење, уништување или оштетување, со примена на соодветни технички или организациски мерки („интегритет и доверливост“)
· Обврска на АЛКАЛОИД е не само да го усогласи работењето со овие начела, туку и да го демонстрира тоа („отчетност“)
За да прочитате подетално околу обработката на Вашите лични податоци од страна на АЛКАЛОИД, Ве молиме кликнете на еден од поднасловите подолу, во зависност од тоа на која категорија на субјекти на лични податоци припаѓате.
Кој е правниот основ за обработка на Вашите лични податоци?
Правен основ за обработка на Вашите лични податоци е исполнување на договор каде вие се јавувате како договорна страна, или преземање на активности на Ваше барање пред пристапување кон договор.
За која цел ги обработуваме Вашите лични податоци?
Зависно од контекстот на соработка, ние може да ги обработуваме Вашите лични податоци за целите за планирање, извршување, управување и администрирање на договорниот однос со вас, на пр.Ние ќе ги обработиме вашите лични податоци за целите на планирање, изведување, управување и администрација на договорни деловни односи со вас, на пр. исполнување на договор, барање за извршување на услугата од вас согласно договорот кои би го имале со вас, извршување на плаќањата или обезбедување на поддршка за која било друга цел, неопходна за извршување на нашите договорни обврски.
Кои категории на лични податоци ги обработуваме за вас?
Име и презиме, матичен број, број на пасош (доколку сте странско физичко лице), поштенска адреса, телефон, е-маил, број на трансакциска сметка, степен на образование.
Колку долго ги чуваме Вашите лични податоци?
10 години од завршување на деловната соработка со вас.
Кој е правниот основ за обработка на Вашите лични податоци?
Правен основ за обработка на Вашите лични податоци е исполнување на договор склучен меѓу Вашето училиште и АЛКАЛОИД, врз основа на кој АЛКАЛОИД преку организирање и спроведување на практична настава е непосредно вклучен во Вашиот образовен процес.
За која цел ги обработуваме Вашите лични податоци?
Вашите лични податоци ги обработуваме за целите за извршување на договорниот однос со Вашето училиште, односно за цели на спроведување на практична настава организирана од страна на АЛКАЛОИД, како и за да Ви исплатиме Ние ќе ги обработиме вашите лични податоци за целите на планирање, изведување, управување и администрација на договорни деловни односи со вас, на пр.надомест согласно преземените договорни обврски.
Кои категории на лични податоци ги обработуваме за вас?
Име и презиме, матичен број, број на лична карта, поштенска адреса, приватен телефон, приватен е-маил, број на трансакциска сметка, датум на раѓање/возраст, степен на образование.
Колку долго ги чуваме Вашите лични податоци? 10 години од завршување на практичната настава во АЛКАЛОИД.
Кој е правниот основ за обработка на Вашите лични податоци?
Правен основ за обработка на Вашите лични податоци е легитимен интерес на АЛКАЛОИД кој е утврден врз основа на спроведен тест за легитимен интерес.
За која цел ги обработуваме Вашите лични податоци?
Вашите лични податоци ги обработуваме заради спречување на влез на неовластени и неповикани лица, со цел да се обезбеди сигурност на целиот локалитет и објектите на АЛКАЛОИД, безбедност на вработените, како и имотот и информациите кои се лоцирани и се чуваат во просториите на АЛКАЛОИД.
Кои категории на лични податоци ги обработуваме за вас?
Име и презиме, број на лична карта, податоци од пасошот (доколку сте странско физичко лице), регистарски број на возило, како и општите податоци за службата во АЛКАЛОИД во која доаѓате на посета, време на влез и време на излез, компанија во која работит и ваш потпис.
Колку долго ги чуваме Вашите лични податоци?
3 години од посетата.
Кој е правниот основ за обработка на Вашите лични податоци?
Правен основ за обработка на Вашите лични податоци е исполнување на законска обврска согласно Законот за трговски друштва.
За која цел ги обработуваме Вашите лични податоци?
Вашите лични податоци ги обработуваме со цел исполнување на Вашите права (исплата на дивиденда) согласно Законот за трговски друштва.
Кои категории на лични податоци ги обработуваме за вас?
Име и презиме, адреса на живеење, матичен број, број на трансакциска сметка, град и држава, број на пасош, даночен број во домицилна земја, даночен број во Северна Македонија.
Колку долго ги чуваме Вашите лични податоци?
Трајна вредност.
Кој е правниот основ за обработка на Вашите лични податоци?
Правен основ за обработка на Вашите лични податоци е исполнување на законска обврска согласно Законот за угостителска дејност и Законот за странци.
За која цел ги обработуваме Вашите лични податоци?
Вашите лични податоци ги обработуваме заради водење на книга на домашни и странски гости во угостителскиот објект за сместување - Одморалиште Стар Дојран, во сопственост на АЛКАЛОИД.
Кои категории на лични податоци ги обработуваме за вас?
За домашни гости: Име и презиме, број на лична карта, домашна адреса, место на раѓање, датум на раѓање.
За странски гости: Име и презиме, број на лична карта, вид и број на патна исправа, место и држава на раѓање, датум на раѓање, државјанство.
Колку долго ги чуваме Вашите лични податоци?
3 години од престојот во одмаралиштето.
Кој е правниот основ за обработка на Вашите лични податоци?
Правен основ за обработка на Вашите лични податоци е изјавата за согласност за обработка за конкретна цел. Согласноста може да се повлече во кое било време. Повлекувањето на согласноста нема да влијае на податоците обработени пред повлекувањето на согласноста.
За која цел ги обработуваме Вашите лични податоци?
Вашите лични податоци ги обработуваме за цели вршење директен маркетинг, комерцијално истражување, планирање на работата, да ви одговориме на ваши прашања поврзани со нашите производи и услуги или за други цели за кои што сте дале согласност.
Кои категории на лични податоци ги обработуваме за вас?
Во зависност од контекстот и целите заради кои се собираат личните податоци, може да ги обработуваме следниве лични податоци:
Контакт податоци (име и презиме, пол, приватен телефон, службен телефон, домашна адреса (по потреба), е-маил, место на работа)
Податоци за образование и професијата (степен на образование, академски и професионални квалификации)
Други информации што ќе изберете да ги споделите со нас, (пр, датум на раѓање/возраст, број на деца, потрошувачки навики и сл.)
Колку долго ги чуваме Вашите лични податоци?
Личните податоци кои се собираат врз основа на Ваша согласност се обработуваат за времетраење на целите за кои е дадена согласноста или до повлекување на согласноста. Согласноста може да се повлече во кое било време. Повлекувањето на согласноста нема да влијае на податоците обработени пред повлекувањето на согласноста.
Кој е правниот основ за обработка на Вашите лични податоци?
Правен основ за обработка на Вашите лични податоци при спроведување на клинички испитувања е исполнување на законска обврска согласно Законот за лекови и медицински средства и Упатството за начела на добра клиничка пракса како и согласно одредбите од Законот за заштита на лични податоци кои се однесуваат на обработка на посебни категории на лични податоци.
За која цел ги обработуваме личните податоци?
Вашите лични податоци ги обработуваме со цел водење на регистрациони досиеја на лек со што се постигнува усогласеност со Законот за лекови и медицински средства и Упатството за начела на добра клиничка пракса.
Кои категории на лични податоци ги обработуваме за вас?
Зависно од категоријата на субјектот (односно дали станува збор за учесник во клиничкото испитување или медицинско лице, експерт и сл.) се обработуваат следните податоци: име и презиме, познавање на јазици, пол, CV/биографија/работно искуство, домашна адреса, службен телефон, место на раѓање, датум на раѓање/возраст, степен на образование, место на работа, податоци за физички изглед (тежина и висина), податоци за расно потекло, податоци за здравјето/медицински податоци.
Колку долго ги чуваме Вашите лични податоци?
10 години после датумот на делистирање на регистрационото досие од портфолио.
Кој е правниот основ за обработка на Вашите лични податоци?
Правен основ за обработка на Вашите лични податоци кога пријавувате несакани реакции од лекови е исполнување на законска обврска согласно Законот за лекови и медицински средства, Правилникот за начинот на пријавување, содржината на образецот за пријавување на несаканите реакции на лековите и начинот на организација на системот на фармаковигиланца, како и согласно одредбите од Законот за заштита на лични податоци кои се однесуваат на обработка на посебни категории на лични податоци.
За која цел ги обработуваме Вашите лични податоци?
Вашите лични податоци што ги добиваме во врска со пријавите за несакани реакции на лек ги обработуваме исклучиво заради следење на несаканите реакции, така што секоја пријавена несакана реакција е соодветно документирана, проценета и пријавена во согласност со законските обврски, со цел идентификување и спречување несакани реакции или други ризици поврзани со употребата на лековите.
Кои категории на лични податоци ги обработуваме за вас?
Име, презиме, телефонски број, адреса на електронската пошта, земја на живеење, датум на раѓање, пол, возраст и професија на субјектот што пополнува.
Можно е да се соберат и слики/фотографии (поврзани со несакани реакции на лек) како и во врска со здравствената и медицинската историја на субјектот – корисникот на лекот – доколку е тоа потребно заради обработка на податоците за несакани ефекти, со цел исполнување на законски пропишаните обврски за фармаковигиланца.
Колку долго ги чуваме Вашите лични податоци?
Најмалку 10 години по повлекувањето на лекот или медицинското средство од пазарот или најмалку 10 години по престанокот на постоење на Системот за Фармаковигиланца.
Кој е правниот основ за обработка на Вашите лични податоци?
Правен основ за обработка на Вашите лични податоци е ваша согласност и легитимен интерес на АЛКАЛОИД кој е утврден врз основа на спроведен тест за легитимен интерес.
За која цел ги обработуваме Вашите лични податоци?
Целта е искажување грижа на АЛКАЛОИД АД Скопје кон вас, наши пензионираните колеги со цел признавање на вашиот придонес во растот на нашата компанија, преку спроведување на бројни општествено одговорни активности.
Кои категории на лични податоци ги обработуваме за вас?
Име и презиме, адреса на живеење, контакт телефон, година на раѓање, година на пензионирање.
Колку долго ги чуваме Вашите лични податоци?
Личните податоци кои се собираат врз основа на Ваша согласност се обработуваат за времетраење на целите за кои е дадена согласноста или до повлекување на согласноста. Согласноста може да се повлече во кое било време. Повлекувањето на согласноста нема да влијае на податоците обработени пред повлекувањето на согласноста. Доколку не се повлечат, истите ќе се чуваат 10 години.
Во зависност од категоријата на субјекти на која припаѓате, а со цел да се постигне целта за која се дадени личните податоци, пристапот до Вашите лични податоци е ограничен на
Вработени во АЛКАЛОИД кои имаат реална потреба да дојдат во контакт со тие податоци заради остварување на целта за која се дадени
Банкарски институции со цел да се изврши исплатата
Надлежни државни органи во Република Севeрена Македонија или други надлежни тела во ЕУ и надвoр од ЕУ (вклучително регулаторни тела) до кои АЛКАЛОИД е должен да ги достави Вашите лични податоци, a се заснова на законска обврска што произлегува од важечките законски прописи или врз основа на барање од суд или друго официјално барање засновано на закон
Одредени друштва од Република Северна Македонија и во Европска Унија ангажирани од страна на АЛКАЛОИД со цел изведување придружни/помошни активности за обработка на податоците, при што секое вакво друштво е обврзано договорно од страна на АЛКАЛОИД да ја заштити тајноста на податоците и да постапува според упатствата на АЛКАЛОИД и во согласност со важечките законски прописи за заштита на личните податоци. Друштвото се грижи за доверливоста и обврската за чување на деловна тајна. Доколку Друштвото ги обработува Вашите лични податоци врз основа на Ваша согласност, повлекувањето на согласноста ќе се примени и на наведените друштва
Во одредени ситуации заради спроведување на регулаторни постапки утврдени со закон надвор од Република Северна Македонија (регистрација на лекот), пристап до Вашите лични податоци може да имаат наши деловни партнери во рамките на дозволено со законот. Личните податоци може да се пренесат во земја чкенка на ЕУ или ЕЕП – Европски Економски Простор, како и земји надвор од ЕУ доколку преносот е неопходен поради причини од јавен интерес, односно заради спроведување на регулаторни постапки (регистрација на лекот) во одредена земја
Правни застапници заради спроведување на правни постапки.
AЛКАЛОИД гарантира остварување на сите Ваши законски права во врска со обработката на Вашите лични податоци. Вие во секој момент имате право да побарате од АЛКАЛОИД:
Право на пристап – право да поднесете барање за пристап до своите лични податоци, односно да добиете информација за податоците што се обработуваат за вас и да проверите дали се тие точни и ажурирани.
Право на исправка – доколку откриете дека Вашите лични податоци што ги обработува АЛКАЛОИД не се точни или не се целосни, имате право да побарате нивна исправка.
Право на бришење – право да побарате од АЛКАЛОИД да ги избрише Вашите лични податоци под одредени услови утврдени со закон.
Право на ограничување на обработката – право да побарате АЛКАЛОИД да ја ограничи обработката на Вашите лични податоци под одредени услови утврдени со закон.
Право на преносливост на податоците – право да ги добиете своите лични податоци во структуриран, вообичаено користен и машински читлив формат и да ги пренесете на друг обработувач, без попречување од АЛКАЛОИД.
Право на приговор – право на приговор врз основа на конкретна ситуација доколку обработката на Вашите лични податоци се заснова на легитимен интерес или се врши за цели на директен маркетинг и за профилирање поврзано со директниот маркетинг, под одредени услови утврдени со закон
и
Право на повлекување на согласноста – имате право да ја повлечете својата согласност за користење на Вашите лични податоци во секое време. Повлекувањето на согласноста не влијае врз законитоста на обработката, врз основа на согласноста пред нејзиното повлекување.
Доколку сакате да ги остварите горенаведените права што произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци, ве молиме пристапете до следниот линк--------------, пополнете го соодветниот образец и испратете ни го преку електронската или преку поштенската адреса наведени подолу.
Во секое време, доколку имате дополнителни прашања, може да ни се обратите на адресата:
АЛКАЛОИД КОНС ДООЕЛ
бул. „Александар Македонски“ бр. 12
1000 Скопје
за Офицерот за заштита на лични податоци
или
на електронската адреса на Офицерот за заштита на личните податоци: dpokons@alkaloid.com.mk
Со цел да Ви го дадеме потребниот одговор, ве молиме да ги наведете следниве информации:
Ваша врска и интеракција со нас, и
Опис на барањето/информациите што би сакале да го/ги добиете од нас.
Доколку сметате дека обработката на Вашите лични податоци од страна на АЛКАЛОИД КОНС не е во согласност со одредбите на Законот за заштита на личните податоци или, пак, доколку сметате дека е повредено некое Ваше право за заштита на личните податоци, имате право да поднесете барање за утврдување на прекршувањето на прописите за заштита на личните податоци преку Агенцијата за заштита на личните податоци.
Со оваа информација, ги информираме субјектите на лични податоци за начинот и постапката на остварување на нивните права во однос на личните податоци кои се обработуваат од страна на АЛКАЛОИД КОНС ДООЕЛ Скопје (во понатамошниот текст: “АЛКАЛОИД КОНС”) согласно одредбите од Законот за заштита на личните податоци.
Како субјекти чии лични податоци се обработуваат од страна на АЛКАЛОИД КОНС, имате право да бидете детално информирани за:
Идентитет на Контролорот (АЛКАЛОИД КОНС) и контакт податоци за истиот;
Контакт податоци на Офицерот за заштита на личните податоци;
Целите и правната основа за обработката;
Легитимните интереси на АЛКАЛОИД КОНС (ако се врши обработка согласно оваа правна основа);
Категориите на субјекти чии податоци се обработуваат и категории на лични податоци што се обработуваат;
Корисници на кои личните податоци се даваат на користење;
Рок на чување;
Дали се врши пренос на податоците во трети земји.
Оваа информација за остварување на правата на субјектите на лични податоци е објавена на веб-страницата на АЛКАЛОИД АД Скопје (www.alkaloid.com.mk) во катчето посветено на заштитата на личните податоци на АЛКАЛОИД КОНС, а воедно оваа информација може да ја добиете во службените и деловните простории на АЛКАЛОИД КОНС, или да Ви биде директно доставена во хартиена или електронска форма.
А. Права на субјектите на лични податоци
Како субјект чии лични податоци се обработуваат од страна на АЛКАЛОИД КОНС, имате право да поднесете барања за остварување на Вашите права пропишани со закон и тоа:
Право на пристап
На Ваше барање, АЛКАЛОИД КОНС има обврска да Ве информира кои лични податоци ги собира за Вас, за кои цели ги обработува, колку долго ги чува и дали ги открива на трети страни.
Право на исправка на лични податоци
На Ваше барање, АЛКАЛОИД КОНС ќе изврши исправка и дополнување на Вашите лични податоци, ако податоците се нецелосни, неточни или неажурирани и доколку нивната обработка не е во согласност со одредбите на Законот за заштита на личните податоци.
Право на бришење
На Ваше барање, АЛКАЛОИД КОНС ќе ги избрише Вашите лични податоци ако е исполнета целта заради која биле обработувани, ако сте ја повлекле согласноста за обработка, ако податоците биле незаконски обработувани, ако приговарате на обработката или заради почитување на законската обврска на АЛКАЛОИД КОНС за бришење на личните податоци кога веќе не постои правна основа за обработка.
Право на ограничување на обработката на лични податоци
На Ваше барање, АЛКЛОИД КОНС ќе ја ограничи обработката на Вашите лични податоци, ако ја оспорувате нивната точност, во периодот додека не ја потврдиме нивната точност, ако сметате дека обработката е незаконита, но се спротивставувате на бришењето или ако податоците Ви се потребни за остварување на правни барања.
Право на преносливост на податоците
На Ваше барање, АЛКАЛОИД КОНС ќе Ви ги пренесе личните податоци во структуриран, вообичаено користен и машински читлив формат или ќе ги пренесе во друго друштво. Ова право е применливо кога се врши обработка на лични податоци врз основа на согласност или договор и кога обработката се врши со автоматизирани средства.
Приговор
Вие имате право на приговор врз основа на конкретна ситуација поврзана со Вас, ако обработката на Вашите лични податоци се заснова на легитимен интерес, ако обработка на Вашите лични податоци се врши за цели на директен маркетинг и профилирање поврзано со директниот маркетинг или за цели на научни или историски истражувања или за статистички цели.
Барање за повлекување на претходна согласност
Вие во секое време можете да ја повлечете претходно дадената согласност за обработка на Вашите лични податоци. Барањето за повлекување на согласност, поднесете го до АЛКАЛОИД КОНС согласно постапката опишана подолу.
Б. Постапка за остварување на правата
Начин на достава на барањето
Доколку сакате да ги остварите горенаведените права што произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци, ве молиме пристапете до следниот линк, пополнете го соодветниот образец и поднесете го на еден од следните начини:
а) Во печатена форма со пополнување на соодветното барање и негово доставување лично или по пошта во плик со назнака „Барање за__________ (да се внесе соодветниот назив за барањето) до архивата на АЛКАЛОИД КОНС ДООЕЛ Скопје, на адреса бул. Александар Македонски 12, 1000 Скопје, Република Северна Македонија, со посебна назнака“ до Офицерот за заштита на лични податоци”;
б) Во електронска форма, со пополнување на соодветното барање и негово доставување на Е-маил адресата на Офицерот за заштита на лични податоци dpokons@alkaloid.com.mk;
в) На телефонски број на Офицерот за заштита на лични податоци: +389 2 3204 430.
Барањето треба да биде читливо и уредно пополнето и потпишано. Во склоп на секој образец/барање се наведени насоки за пополнување на истото.
Барањето испратено до АЛКАЛОИД КОНС, задолжително треба да ги содржи следните податоци:
Ваша идентификација – целосно име и презиме;
Контакт информации за повратна информација: адреса, телефон, електронска пошта;
Образложение и основ за барањето;
Доколку е назначено во самото барање, потврда за Ваша идентификација.
Постапување по барањето
Одговорно лице за постапување по однос на Вашето барање е Офицерот за заштита на лични податоци. По прием на барањето, истото се заведува во регистарот на примени барања и се пристапува кон негово разгледување. Доколку Офицерот за заштита на лични податоци има основано сомневање во врска со Вашиот идентитет, како подносител на барањето, може да побара да доставите дополнителни информации со цел потврдување на идентитетот. Доколку Вашиот идентитет се потврди, се пристапува кон проценка на основаноста на барањето. Доколку, и покрај доставувањето на дополнителни информации, Вашиот идентитет не може да биде утврден, барањето се одбива со доставување на образложение.
Офицерот за заштита на личните податоци има право да Ви побара дополнителни документи или информации со цел остварување на Вашето право. Информацијата која што ќе Ви биде испратена во писмена, односно електронска форма, ќе биде во форма на известување по однос на барањето, со кое што ќе бидете информирани за активностите преземени од страна на АЛКАЛОИД КОНС, заклучокот и поуката за понатамошно постапување. Доколку Вашето барање биде одбиено, во известувањето ќе бидат наведени причините за неможноста за остварување на правото, заклучокот и поуката за понатамошно постапување.
Известувањата ќе бидат испратени до Вас во писмена, односно електронска форма каде што е можно, освен ако побарате поинаку.
Рокови на постапување
АЛКАЛОИД КОНС е должен да Ви достави информација за преземените активности без непотребно одложување и во секој случај согласно законски определените рокови, во рок од еден (1) месец, односно најдоцна во рок од три (3) месеци во случај на комплексност на барањето. АЛКАЛОИД КОНС ќе Ве информира за секое продолжување на рокот, во рок од еден (1) месец од денот на приемот на барањето, заедно со причината за одложувањето.
Доколку АЛКАЛОИД КОНС не преземе активности по Вашето барање во рок од еден месец од приемот на барањето, АЛКАЛОИД КОНС има обврска да Ве извести за причините за непреземање на активности и за можноста да поднесете барање до АЗЛП, како и за можноста за користење на судска заштита.
Рокот за постапување по барање за исправка на Вашите лични податоци е 15 дена.
Рокот за постапување по барање за бришење на Вашите лични податоци е 30 дена.
Наплата на надомест
Согласно законот за заштита на лични податоци, обезбедувањето на потребните информации во поглед на Вашето барање се овозможуваат без надоместок. Во исклучителни ситуации, доколку АЛКАЛОИД КОНС процени дека Вашето барање е очигледно неосновано или прекумерно, особено заради повторувачкиот карактер, АЛКАЛОИД КОНС може да Ви наплати надоместок, за што ќе Ве информира, имајќи ги предвид обемот, сложеноста и времето потребно за обезбедување на информацијата или комуникацијата или постапувањето по барањето.
АЛКАЛОИД КОНС има право да го одбие Вашето барање, доколку не се согласите да го платите побараниот надомест потребен за да се преземат соодветните активности.
Затварање на барањето
Со доставувањето на потребното известување од страна на АЛКАЛОИД КОНС до Вас, се смета дека барањето е затворено.
Доколку имате дополнителни прашања или барања во врска со обработката на личните податоци од страна на АЛКАЛОИД КОНС како Контролор, истите треба да ги упатите до Офицерот за заштита на личните податоци, преку телефонскиот број +389 2 3204 430 или преку електронската пошта dpokons@alkaloid.com.mk.

