Чисти хемикалии


Во оваа група производи опфатени се хемикалиите за лабораториска и за индустриска употреба (со квалитет pro analysi, reagent grade и purum) и фармакопејските хемикалии (произведени во согласност со Ph. Eur., BP и USP), кои се одликуваат со долга традиција на производство и на квалитет, во согласност со барањата и со потребите на пазарот. Тие се наменети за лабораториите во институтите, факултетите, клиниките, за фармацевтската и за козметичката индустрија, како и за сите други индустрии. Производствената програма е создадена во согласност со интерни стандарди и со стандарди за квалитет на ACS (American Chemical Society), ISO и други и со остварената успешна деловно-техничка соработка со светски познатите и признати фирми, како: Merck, Johnson Mattey, Heineken и други. Производствената програма е во согласност со барањата на Закон за хемикалии, REACH, CLP и на GHS.