ИСТОРИЈАT НА СЕРТИФИКАТИ
Aлкалоид, како лидер во регионот и пошироко, во периодот 1997-1999 година, меѓу првите компании во регионот ги сертифицира Системите за квалитет на своите профитни центри (Фармација, Хемија, Козметика и Билкарство) согласно меѓународниот стандард ISO 9001. Веќе во 2000-2001 година, Алкалоид АД Скопје прв во Република Македонија (од 2019 Република Северна Македонија), се здоби со сертификати за Системите за животна средина согласно меѓународниот стандард ISO 14001 за профитните центри Билкарство и Фармација. Сите ISO сертификати се издадени од страна на сертификационото тело Quality-Austria (поранешен ÖQS) и акредитирани од IQNet -The International Certification Network.
Во 2002 година Алкалоид АД Скопје ја пушти во работа својата нова фабрика за производство на цврсти орални дозирани форми, изградена по европските и меѓународните GMP барања, а како потврда за тоа е и стекнувањето со првиот GMP сертификат Добра Производна Пракса (GMP) што еден македонски производител на лекови го има добиено од страна на Министерство за здравство на Република Македонија. Во исто време Алкалоид се здоби и со GMP сертификат за новата фабрика за производство на цефалоспорини во согласност со барањата на националната регулатива, Директивите на ЕУ 2001/83/ЕС и 2003/94/ЕС и Водечките линии на СЗО (WHO)..
Почнувајќи од 1998 година, програмата Билка беше верификувана со првиот сертификат за методи на органско производство согласно ЕU директивата 2092/91 од страна на Control Union Certifications (поранешен SKAL)-Netherlands, кој воедно е и првиот од ваков тип на Балканот. Интернационалното значење на сертификатите за методи на органско производство е потврдено на три континенти со верификација согласно The National Organic Programme of United States Department of Agriculture и Organic JAS-Japanese Agricultural Standards од страна на Control Union Certifications-Netherlands.
Производството на медицински средства – концентрирани раствори за хемодијализа и рентген филм – програма Хемија во 2007-2010 година се здоби со СЕ сертификати од реномиранатото нотификационо тело DEKRA Certification B.V. (поранешна KEMA Quality B.V.), The Netherlands. Во 2011 програмата Хемија - Медицински средства, од Профитниот центар Хемија Козметика Билка на Алкалоид АД Скопје се стекна со Сертификат за системот на управување за воведување и исполнување на барањата на стандардот ISO 13485.
Потврда за определбата на Алкалоид АД "Здравјето пред сѐ", е HACCP сертификатот за производство на безбедна храна, кој на 17.04.2007 година го доби погонот Билка за севкупната производна програма: чаеви, адитиви, зачини, сушен зеленчук, прехрамбена сол и Зачинал, издаден од Quality Austria.
Во 2009 година, Алкалоид КОНС ДООЕЛ се здоби со двата Сертификати за управување со квалитет и животна средина согласно меѓународните стандарди ISO 9001 и ISO 14001.
Алкалоид д.о.о. Белград и Алкалоид Веледрогерија д.о.о. Белград успешно го сертифицираа својот ИМС согласно меѓународните стандарди ISO 9001 и ISO 14001 во 2012 година.
Во 2012 година направен е првиот матричен Аудит на Интегрираниот Менаџмент Систем на Алкалоид (IMS) од страна на Quality Austria, со кој се потврдува сообразноста со меѓународните станарди ISO 9001 и ISO 14001 (100% од производните простори и процеси) за АЛКАЛОИД АД СКОПЈЕ, АЛКАЛОИД КОНС ДООЕЛ, АЛКАЛОИД д.о.о. БЕЛГРАД и АЛКАЛОИД ВЕЛЕДРОГЕРИЈА д.о.о. БЕЛГРАД, сообразноста со ISO 13485 за Профитниот центар Фармација и програмата Хемија, како и целосна примена на принципите и барањата за HACCP на програмата Билка и ПЦ Фармација.
Грижата за животната околина е еден од долгорочните принципи на деловната политика на Алкалоид АД Скопје, така што системот за управување со животната средина е дел од интегрираниот менаџмент систем на Алкалоид. Во 2012 година ПЦ Фармација локалитет Автокоманда се здоби со А - дозвола за усогласување со оперативниот план за интегрирано спречување и контрола на загадувањето, од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање, со што дозвола Алкалоид АД Скопје се вброи во листата на одговорни компании кои во текот на секојдневните производствени операции се грижат и водат сметка за интегрирано спречување и контрола на загадувањето на животната средина.
Во 2020 година, Алкалоид АД Скопје ја зајакна својата лидерска позиција со здобивање на Сертификат за усогласеност со барањата на меѓународниот стандард ISO 45001.