Alkaloid AD Skopje logo

Вашата Кариера

Photo collage of Alkaloid laboratory, production and office work
Дознајте повеќе за нас и нашата Политика за Општествена Одговорност

ПРИДОБИВКИ

Icon of a hand receiving a coin, representing salary and benefits

Конкурентна основна плата

Нашата политика за надоместоци се базира на неколку концепти: конкурентен, мотивирачки, навремен и транспарентен. Принципите што се користат за одредување на понудената плата служат за да го признаат вашиот придонес и да го стимулираат вашето работење. Тие нудат можности за мотивирачки пакети во вашата кариера, во зависност од резултатите, од напредокот во неа и од успехот на компанијата во целост.

Icon of hands joined together, representing teamwork

Планирање перформанси и развој

Ние сме посветени да им дадеме можности на своите вработени да растат и да го реализираат својот целосен потенцијал. Вработените во „Алкалоид“ АД Скопје учествуваат во процената, во оценувањето на успешноста на работата и во процесот на планирање и развој. Преку ова вработените се фокусираат на јасни и на амбициозни цели – да постават насоки и приоритети и да ги разјаснат очекувањата во рамките на компанијата. Преку ова се промовира култура на постојано подобрување и на оставање печат на додадена вредност во компанијата. Планот за развој на секој вработен ги поддржува неговите краткорочни развојни и долгорочни аспирации во кариерата и го следи напредокот, наспроти специфичните цели во текот на целата година. Веруваме дека посветеноста на секој вработен, заедно со пакетот од кариерни предизвици, ги поместува границите на заеднички успех, па заедно остваруваме повисоки цели.

Icon of a group of people, representing the Alkaloid team

Рамнотежа меѓу приватниот и професионалниот живот

Ние разбираме дека нашите вработени имаат активности и одговорности и надвор од работното место. Затоа, нашата компанија, освен што го поддржува начинот на кој работат вработените, истовремено го поддржува и нивниот личен живот. Ова е причината поради која одржуваме постојаност во работните часови, но, исто така, очекуваме вработените да посветат време и напор кога одредени прилики го бараат тоа за успехот на бизнисот.

Ние го нудиме и следново:

• тимска работа;

• работна атмосфера која мотивира;

• pаботно опкружување со најсовремени лаборатории и производствени капацитети и

• високи стандарди за здравствена заштита.

• приватно здравствено осигурување за вработените во Алкалоид АД Скопје

ЕДЕН РАБОТЕН ДЕН ВО АЛКАЛОИД

Emilija Davidova sharing her experience of a working day at Alkaloid

Еден работен ден во Алкалоид - Емилија Давидова

„Одделението за регулаторни работи игра клучна улога во обезбедувањето на условот медицинските производи да ги исполнуваат потребните регулаторни барања пред да бидат одобрени за да се пласираат на пазарот. Ние сме мостот помеѓу компанијата и регулаторните агенции кои се одговорни за издавање одобрение за ставање на лекот во промет.

Успешното регистрирање нов медицински производ бара стратешки и систематски пристап, кој опфаќа внимателно планирање, следење на регулаторните стандарди и ефикасна комуникација со регулаторните агенции. Со регулаторната стратегија се дефинира најбрзиот и најефикасен начин за добивање одобрение за ставање на лекот во промет, со претходно дефинирани маркетиншки аспекти, а притоа грижејќи се за нивната безбедност и ефикасност.

СОВЕТИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

Зошто да го одберете Алкалоид АД Скопје?

„Алкалоид“ е компанија која негува стимулирачка работна средина, во која работат и придонесуваат кон успесите вистински професионалци. Ги цениме вештините, искуството и образованието што ги носите со себе и за нив бараме начин како може да се искористат во компанијата. Ви овозможуваме пристап до интерни, до екстерни обуки и до тренинзи, кои ви се потребни за да се истакнете во својата работа и за да ви помогнат да го исполните својот потенцијал. На своите вработени им гарантираме менторство од искусни и докажани професионалци, кои секојдневно ќе ги поттикнуваат да се чувствуваат ценето и вреднувано. „Алкалоид“ се труди да обезбеди постојано подобрување на работното опкружување. Даваме еднаква можност за секој да може да се унапредува и да се развива за да го реализира својот потенцијал и за да придонесе за успехот на компанијата, но и поради заложбата да им помагаме на другите.

Аплицирај: Како да станете дел од нашиот тим

Нашите огласи за слободните работни места вклучуваат детални описи и барања за секоја работна позиција. Кога ќе наидете на работа која одговара на вашите интереси, образование и квалификации, ве охрабруваме да аплицирате директно од објавувањето. Апликацијата претставува ваша можност да споделите што е можно повеќе информации за себе и да ни кажете за своите вештини, интереси и достигнувања досега. Ве молиме, внимателно пополнете ја апликацијата и вклучете мотивациско писмо, како и препораки релевантни за вашата област, сѐ со цел да стекнеме подобар впечаток за вас.

ВЕСТИ


Никола Ефтимов

Mенаџер за Човечки ресурси

Бул. Александар Македонски 12, 1000 Скопје, Република Северна Македонија