19 апр. 2024 г.
АЛКАЛОИД АД Скопје регистрираше ново друштво во Хрватска
АЛКАЛОИД АД Скопје регистрираше ново друштво во Хрватска
АЛКАЛОИД АД Скопје регистрираше ново друштво во Хрватска, со назив АЛКАЛОИД ФАРМА ИНТЕРНАЦИОНАЛ ДОО Загреб. Друштвото е во 100% сопственост на АЛКАЛОИД АД Скопје.
Имајќи предвид дека 69% од пласманот на производите на компанијата се наменети за извоз, од исклучително значење е присуството на производствената програма на пазарите во ЕУ, како и проширувањето на нови пазари. Во таа насока, новоотворениот правен субјект е осми по ред кој е основан во рамките на земјите членки на Европската Унија.
Со ваквиот потег АЛКАЛОИД продолжува во насока на остварување на својата главна стратешка определба, за развој во деловните контури на извозно ориентирана компанија со стабилна пазарна позиција.