ХЕМИЈА

НАШИ ПРОИЗВОДИ

Делот ХЕМИЈА од Алкалоид АД е дел од ПЦ Хемија, Козметика и Билка и е основан во 1957 година од група професори при Технолошко-металуршкиот факултет од Скопје и од група стопанственици од земјава. Фабриката работи во рамките на Профитниот центар Хемија, Козметика и Билка и е лоцирана во Скопје, со реакторски единици со различен работен волумен, со придружни апарати, инфраструктура и со сопствен развој. Ги поседува сертификатите ISO 9001, издаден од страна на QА, ISO 14001, издаден од страна на QА, ISO 13485, издаден од страна на QА, ISO 45001, издаден од QA и СЕ за медицински средства, издаден од DEKRA Certification B.V. 

Денес ХЕМИЈА има развиена програма за производство на чисти хемикалии и на реагенси од органско и од неорганско потекло, со pro analysi, reagent grade, purum и со фармакопејски квалитети за лабораториски цели, за индустриски цели, за широка потрошувачка, има производи за земјоделско производство, медицински средства и средства за чистење и за дезинфекција. 

Асортиманот, освен наведениот, е флексибилен и релативно бргу може да се развиваат нови комбинации на нови производи бидејќи развојот на делот Хемија се одвива во правец на флексибилност, но и на компатибилност на програмата со барањата на пазарот и со исполнувањето на квалитетот, роковите и на цените на производите. Самиот развој на нови производи, кој се остварува во секторот Истражување и развој, регистрации е во потполност поддржан од секторот Контрола на квалитет, којшто во континуитет се подобрува преку инвестирање во најсовремена апаратура, дообука и во специјализација на вработените.  

КОНТАКТИРАЈТЕ НÉ


ПЦ ХЕМИЈА КОЗМЕТИКА БИЛКА

Радош Вукичевиќ

Email:‎‎‎‎‏‏‎ ‎

rvukicevic@alkaloid.com.mk

ПРОДАЖБИ ХЕМИЈА

Љубе Даниловски

Email:‎‎‎‎‏‏‎ ‎

ljdanilovski@alkaloid.com.mk

ПРОИЗВОДСТВО ИСТРАЖУВАЊЕ И РАЗВОЈ

(Хемија и медициснки средства)

Филип Гоџо

Tel:‎‎‎‎‏‏‎ ‎

+ 389 2 203 79 53

Email:‎‎‎‎‏‏‎ ‎

fgodjo@alkaloid.com.mk

ОДДЕЛ ЗА БОЛНИЧКИ ПРОДАЖБИ, CWB

ФАРМАЦИЈА

Дејан Терзиовски

Tel:‎‎‎‎‏‏‎ ‎

+ 389 2 310 40 74

Email:‎‎‎‎‏‏‎ ‎

dterziovski@alkaloid.com.mk