КОРПОРАТИВНА УСОГЛАСЕНОСТ
Корпоративната усогласеност на „Алкалоид“ претставува интегриран систем на политики, акти, функции, на процеси, контролни механизми и на алатки, кои се применуваат во „Алкалоид“ во насока на обезбедување усогласеност со етичките стандарди и начела, со законските прописи и со внатрешните акти и на спречување, односно намалување на ризикот од повреди на Кодот и на тој начин зачувување и негување на нашиот корпоративен интегритет.
ALKASPEAKUP
Ве охрабруваме, без разлика дали работите во „Алкалоид“ или не, да пријавите несоодветно однесување, можно прекршување на Кодот за етичко и деловно однесување, прекршување на политиките и на процедурите на „Алкалоид“, како и сите сомнежи за непочитување на законските прописи. Доколку сте дел од „Алкалоид“, размислете да поразговарате со својот линиски менаџер, со втората линија менаџемент, каде што е применливо, како и со офицерот за корпоративна усогласеност. Доколку не можете или не се чувствувате пријатно да разговарате за проблемот интерно во рамките на компанијата, може да пријавите тука. При пријавувањето наведете што е можно повеќе детали. Иако постои опција за задржување на анонимноста, ве охрабруваме да се идентификувате и да се вклучите во процесот, односно да ја поддржите истрагата на „Алкалоид“ за вашата пријава.
КОД НА ЕТИЧКО И ДЕЛОВНО ОДНЕСУВАЊЕ
„Алкалоид“, во извршувањето на своите деловни операции, користи највисоки етички норми и стандарди. Кодот за етичко и деловно однесување претставува клучен елемент во градењето етичка корпоративна култура и гарантира одржлив раст и развој на компанијата.
КОД НА ОДНЕСУВАЊЕ НА ДОБАВУВАЧИТЕ НА АЛКАЛОИД АД СКОПЈЕ
Преземи го Формуларот за потврда и прифаќање на КОД
Овој веб-сајт користи веб-колачиња (cookies)
Нашата веб-страница користи веб-колачиња, кои се поставуваат на вашиот уред кога ја посетувате нашата веб-страница. Покрај строго неопходните колачиња, кои се потребни за веб-страницата да функционира и кои се веќе инсталирани, ние би сакале да користиме и колачиња (1) за да разбереме како се користи нашата веб-страница и како таа работи, вклучително и водењето статистика за меѓу веб-страниците; (2) за да ви овозможиме дополнителни функционалности и персонализација; (3) за да ви обезбедиме интеракции на социјалните медиуми и (4) за маркетинг-цели. Со кликнување на „Прифати ги сите“ вие се согласувате да се користат сите колачиња и да се врши соодветна обработка на податоците што може да ги содржат информациите за прелистувачот, како и откривање лични податоци на трети страни, како што е опишано понатаму во нашата Политика за приватност / Политика за колачиња За повеќе информации, конфигурација и за да ја повлечете својата согласност, кликнете на „Преференции за колачиња“.