КОРПОРАТИВНО УПРАВУВАЊЕ
Преземи
КОРПОРАТИВНА СТРУКТУРА
По струка е дипломиран машински инженер. Магистрирал на Chartered Institute of Marketing во Лондон, Велика Британија. Член е на Управниот одбор од 2004 година, а за претседател на Управниот одбор е назначен во 2007 година. Одговорен за севкупното работење на Групацијата „Алкалоид“ АД.
Живко Мукаетов
Претседател на Управниот одбор и Генерален директор на „Алкалоид“ АД Скопје
Дипломиран фармацевт, специјалист за фармацевтска технологија. Член е на Одборот од 2004 година. Одговорна за севкупните производни операции на ПЦ Фармација.
Милкица Глигорова
Член на Управниот одбор и директор на производниот сегмент на ПЦ Фармација
Дипломиран економист. Член на Одборот од јануари 2013 година. Одговорен е за финансиските операции на компанијата.
Виктор Стојчевски
Член на Управниот одбор и директор на Финансии
Дипломиран економист. Член на Одборот од 2006 година. Одговорен за акционерството и за имотните прашања.
Ѓорѓи Јованов
Член на Управниот одбор и директор на Акционерство и имотни прашања на компанијата
B. Sc. во Машински факултет. Член на Одборот од 2007 година. Одговорен за целокупното работење на одделот за општи услуги.
Ќире Ицев
Член на Управниот одбор и директор на Службата за општи работи
Доктор по право
Професор и поранешен декан на Правниот факултет „Јустинијан Први" при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј'' во Скопје. Претседател на Одборот од 1998 година.
ПРОФ. Д-Р МИОДРАГ МИЦАЈКОВ
Претседател на Надзорниот одбор
Доктор по медицински науки
Професор и поранешен декан на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј'' во Скопје. Член на Одборот од 1998 година.
ПРОФ. Д-Р ИЛИЈА ЏОНОВ
Член на Надзорниот одбор
Дипломиран инженер по хемија. Член на Одборот од 1998 година.
БОЈАНЧО КРАЛЕВСКИ
Член на Надзорниот одбор
ОБВРСКИ И ЗАДОЛЖEНИЈА
Во согласност со важечките закони на Република Северна Македонија и со Статутот на друштвото, Надзорниот одбор врши надзор врз работењето на „Алкалоид“ АД Скопје од 1998 година, кога е за првпат воспоставен.
На годишно ниво, членовите на Надзорниот одбор редовно се состануваат, со цел да ги разгледаат предлог-одлуките изготвени од Управниот одбор во поглед на работењето на друштвото за тековната година и да произнесат свој став дали тие треба да се усвојат или да се одбијат од Собранието на акционери на „Алкалоид“ АД Скопје.