Политика за општествена одговорност

ЗА „АЛКАЛОИД“ АД СКОПЈЕ
„Алкалоид“ во извршувањето на своите деловни операции користи највисоки етички норми и стандарди.
Ние сме уверени дека етичкото водење бизнис е предуслов за постојан личен и деловен успех.
Ги прифаќаме различните погледи на луѓето со почит и со достоинство. Интегритетот за нас е темел на доброто лидерство.
Еден од клучните елементи за успешен бизнис се активно и целосно вклучени и ангажирани вработени.
Ние зборуваме за одговорно лидерство, кое е мешавина на посветеност, решителност и на разбирање за вработените.

ПОЛИТИКА ЗА ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ
ПОЛИТИКА ЗА ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ
Ние постоиме и успешно го работиме нашиот бизнис повеќе од осум и пол децении. Секоја година во секој сегмент сме сѐ попосветени за да ги подобриме своите операции, за да се развиваме и за да растеме на амбициозен и на одржлив начин. Но, ние никогаш не ги забораваме нашите луѓе, животната средина и општеството во кое припаѓаме. Како продолжение на нашите основни вредности за грижата, интегритетот, иницијативата и за супериорниот квалитет на нашите производи и како најголема фармацевтска компанија во регионот, се стремиме да останеме општествено одговорна и етична компанија. За да ги одржиме вредностите, ги фокусираме своите напори во 4 клучни области:
· нашите потрошувачи и клиенти;
· нашите вработени;
· нашата заедница;
· нашите акционери.


