ИСТРАЖУВАЊЕ И РАЗВОЈ


„Алкалоид“ АД Скопје својата посветеност за производство на квалитетни, безбедни и ефикасни лекови и посветеноста за постојан развој ги потврди со отворањето на Институтот за истражување и развој. Оваа единствена, високософистицирана единица е прва од ваков вид во земјава, официјално предадена во употреба на 11 март 2009 година.

Повеќе од една деценија Истражување и развој во „Алкалоид“ АД Скопје има реномирана репутација како истакнат сегмент за истражување и за воведување нови производи, технологии, аналитички методи и услуги, кои обезбедуваат раст на богатото портфолио на „Алкалоид“, со грижа за заштита на животната средина, како и на здравјето и на безбедноста при работа.

Институтот располага со корисна површина од 1.540 квадратни метри. Опремен е со најсовремена лабораториска и пилот-производствена опрема, која овозможува развој на нови, современи форми на генерички лекови, во кои се применуваат најновите научни сознанија од областа на фармацијата.

Формирањето на Институтот за истражување и развој е од големо значење во однос на развојот и на воведувањето нови технологии и аналитички методи, вклучувајќи повисоки стандарди за квалитет, постојано подобрување и исполнување на највисоките барања од сите релевантни регулаторни тела.

Во структурата на Истражување и развој функционираат повеќе оддели, кои овозможуваат ефективно и успешно спроведување на системот за управување со квалитет на Истражување и развој, вклучително и на стандардите за квалитет, специфични за активностите на секоја единица.

Оперативните сегменти на Физибилити, Развој на нови производи, Технички операции, на Научна поддршка, Оддел за клинички испитувања, Оддел за квалитет и на Интелектуална сопственост го дефинираат опсегот на активности за Истражување и развој.

Процесите започнуваат со проценка на изводливоста, на интелектуалната сопственост и на патентибилноста за нови производи, следејќи го процесот на развој на формулација на нови лекови, нивно тестирање in vivo преку изведба на клинички испитувања и нивно пренесување во индустриското производство, проследено со активности за валидација на процесот и за следење на стабилноста.

Истражување и развој регрутира висококвалификувани вработени и ги поддржува со ресурси потребни за управување со проектите на сите нивоа. Во Институтот се вработени повеќе од 150 високоспецијализирани, обучени и квалификувани лица.

Истражување и развој се стреми да испорача безбедни и ефикасни лекови, во согласност со регулаторните барања и со корпоративната политика на компанијата – здравјето пред сѐ!

Вредностите што се промовираат преку индивидуалната посветеност на секој вработен во Истражување и развој го зајакнуваат придонесот за остварување на заеднички поставените цели!

НАУЧНА АКТИВНОСТ

Објавени научни трудови во меѓународни списанија со фактор на влијание

Evaluation of in vitro dissolution similarity of bisoprolol film-coated tablets based on Weibull modelling using MATLABTM simulation software

https://wjarr.com/content/evaluation-vitro-dissolution-similarity-bisoprolol-film-coated-tablets-based-weibull

ICP-OES elemental impurities study on different pharmaceutical dosage forms of Ibuprofen using microwave-assisted digestion procedure

https://www.mjcce.org.mk/index.php/MJCCE/article/view/2100

Statistical approaches for dissolution profile comparison of metformin film-coated tablets

https://pharmacophorejournal.com/article/statistical-approaches-for-dissolution-profile-comparisons-of-metformin-film-coated-tablets