Дезинфекциски и антисептички средства
Оваа група производи опфаќа дезинфекциски и антисептички средства, коишто се применуваат во медицината за луѓе и во ветеринарната медицина, во индустријата, во угостителството, хотелиерството, за јавна хигиена и во домаќинството, за чистење и за дезинфекција на површини, опрема, инструменти, кожа и на раце. Активните компоненти во составот на овие средства најчесто се: алкохоли, бензалкониум хлорид, натриум хипохлорит и други, што укажува на широкото подрачје на бактерицидно, фунгицидно и на вируцидно дејство. Сите производи имаат добиено стручно мислење и одобрение за користење во прехранбената индустрија од страна на ЈЗУ Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија. Не ја загадуваат човековата околина и се целосно биолошки разградливи.