КОИ СМЕ НИЕ


Здравото човечко тело понекогаш буди повеќе од искрена восхит. За нас во „Алкалоид“, постојана инспирација и стремеж е да го заштитиме и да го сочуваме овој скапоцен подарок на природата. Со неуморна страст создаваме производи кои се синоним за врвен квалитет. Постојано инвестираме во нашиот сон за поздрав живот на секој поединец затоа што веруваме дека ЗДРАВЈЕТО Е ПРЕД СÈ.

„Алкалоид“ AД Скопје е компанија која повеќе од осум и пол децении работи на производство на лекови, преработка на билни суровини и на производство на козметички и на хемиски производи.

„Алкалоид“ АД е акционерско друштво, во чии рамки работат два профитни центри: Фармација и Хемија, козметика и билкарство. Има две подружници во земјава, 20 подружници и 2 претставништва во странство (во Србија, Црна Гора, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Швајцарија, Бугарија, Турција, Украина, Руска Федерација, САД, Велика Британија, Романија и Казахстан).

Друштвото брои 2.234 вработени во земјата и 784 вработени во подружниците и во претставништвата надвор од Македонија. Акциите на „Алкалоид“ се во сопственост на над 6.464 акционери, физички и правни лица.

Здравјето пред сè

2.234

Вработени во земјата

784

Вработени во подружници во странство

6.464

Акционерски ентитети

ОБРАЌАЊЕ НА ГЕНЕРАЛНИОТ ДИРЕКТОР / ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УО НА „АЛКАЛОИД“ АД СКОПЈЕ

Во текот на 2024 година фармацевтската индустрија се соочи со значајни предизвици поради макроекономската нестабилност, вклучувајќи инфлаторни притисоци, зголемени трошоци за производство и за логистика, како и флуктуации на девизните курсеви. Прекините во синџирите на снабдување предизвикани од геополитичките тензии и од сложените регулаторни околности влијаеја врз навременото обезбедување суровини. 

Нашата мисија

Нашата МИСИЈА е постојано да тежнееме кон поздрав свет, кон супериорен квалитет на производите и на услугите, како и кон висока професионалност и кон континуиран успех. Императив ни е заштитата на интересите на сите вклучени страни. Основна определба ни е грижата за здравјето и за квалитетот на живот на секој човек, за системот на здравствена заштита и за животната средина. Нашата заложба е континуирано унапредување на здравјето на луѓето, што се рефлектира преку нашето мото

ЗДРАВЈЕТО ПРЕД СÈ.

Нашата визија

Нашата ВИЗИЈА е „Алкалоид“, како глобално ориентирана компанија, да се стреми кон постигнување високи цели и дострели, кои ќе овозможат изразена конкурентност и пазарна позиција. Постојано сме отворени за градење нови пазари и нови партнерства, а произведуваме и пласираме производи со највисок квалитет, применувајќи најсовремени технологии и деловни стандарди.


Нашите вредности

„Алкалоид“ АД Скопје, при извршувањето на своите деловни операции, се потпира на највисоките етички норми и стандарди. Уверени сме дека етичкото водење бизнис е предуслов за постојан личен и деловен успех, а нашите клучни вредности се:

• Луѓето пред сѐ

• Интегритет и чесност

• Ги креираме најдобрите резултати заедно

• Лидерство базирано на вредности