КЛУЧНИ ВРЕДНОСТИ
„Алкалоид“ АД Скопје, при извршувањето на своите деловни операции, се потпира на највисоките етички норми и стандарди. Уверени сме дека етичкото водење бизнис е предуслов за постојан личен и деловен успех, а нашите клучни вредности се:
Луѓето пред сè
Ги прифаќаме различните погледи на луѓето со почит и со достоинство. Ја промовираме различноста со восхит и со емпатија, независно од позицијата во компанијата, потеклото, возраста, од полот, вредностите, погледите или од интересите на таа личност. Ги препознаваме разликите кај луѓето како шанса да научиме нешто ново и да пристапуваме поинаку кон работите.
За да покажеме дека сите се значајни, мора да бидеме целосно транспарентни со колегите, клиентите, соработниците, со инвеститорите, надворешните партнери, владините институции, со заедницата итн.
Транспарентноста гради доверба, а довербата е темел на која се потпираме. Оваа доверба се однесува на секого со кого комуницираме, независно на кое е ниво, и претставува клуч при воспоставувањето и при развојот на внатрешни и на надворешни односи, бидејќи е основа на добрата комуникација.
Користиме емпатија и активно слушање за да ја разбереме перспективата на другото лице, независно од тоа дали се согласуваме со него или не. Покажуваме желба да ги запознаеме и да ги разбереме нашите колеги.
Активно се вклучуваме во заедницата и во добротворните настани, како поединци и како организација, и постојано ги охрабруваме нашите вработени да враќаат кон заедницата. Одговорни сме, донираме дел од нашите ресурси и силно веруваме дека наша одговорност е да ѝ враќаме на заедницата во која живееме и во која работиме.
Интегритет и чесност
Се обидуваме секогаш правилно да работиме и да го спроведуваме она за кое велиме дека ќе го правиме. Се трудиме да ја добиеме довербата на другите преку доследно однесување, во согласност со високите етички норми, вредности и заложби на компанијата. Преземаме одговорност за своите активности. Имаме силно чувство за тоа што е правилно, а што не е правилно и секогаш настојуваме да ги правиме вистинските работи.
Интегритетот за нас е темел на доброто лидерство, со што покажуваме дека оваа вредност е база за стекнување доверба со сите наши засегнати страни. Да се работи со интегритет значи дека секогаш треба да се изврши работата правилно, дури и кога е тоа тешко изводливо.
Ние сме сите амбасадори на „Алкалоид“, претставувајќи ја компанијата на различни нивоа и преку различни интеракции со сите засегнати страни. Ние ја преземаме одговорноста да се однесуваме како модел градејќи силни и одржливи односи во организацијата, базирани на висок морал и чесност. Интегритетот за нас претставува водечки принцип на сите нивоа и во сите активности во рамките на „Алкалоид“ и ние работиме напорно да создадеме околина и работна клима каде што ќе цвета интегритетот.
Да дејствуваме со интегритет значи да се осигураме дека секоја одлука е донесена врз основа на крајно етички и морални принципи. Довербата и чесноста се клучните елементи на концептот за интегритетот во „Алкалоид“. На работното место, вработените кои дејствуваат со интегритет секогаш ја кажуваат вистината; тие ја прават вистинската работа, дури и кога никој не ги гледа.
Ги креираме најдобрите резултати заедно
Нашите луѓе постојано ги надминуваат очекувањата. Тие напредуваат и преземаат активности за да ги задоволат потребите на клиентите, тие се трудат да направат дополнителен чекор за секоја своја задача, активност или проект.
Нашите вработени се лидери кои покажуваат посветеност и страст кон својата работа, водени од сопствениот пример и се фокусирани кон целта.
Се потпираме на традиција, изградена и одржувана со децении, агилни сме, ги прифаќаме сите промени и ги гледаме нивните придобивки.
Нашите луѓе секогаш го даваат својот максимум во работата, со постојано учење нови вештини и компетенции, што придонесува компанијата постојано да се движи нагоре.
Се трудиме секогаш да бидеме иновативни и да ги стимулираме и да ги наградуваме креативноста и претприемништвото кај нашите вработени.
Еден од клучевите за успешен бизнис се активно и целосно вклучени и ангажирани вработени. Линиските менаџери го ценат нивото на посветеност што нашите вработени го даваат во работењето и им помагаат да бидат горди и свесни за тоа што го постигнуваат за компанијата. Нашите вработени се самомотивирани да работат напорно кон остварувањето на заедничката цел.
Лидерство базирано на вредности
Нашите лидери влијаат и врз вредностите во нашата компанија. За да се развиваме правилно, лидерите треба да ги наметнуваат вредностите. Ние зборуваме за одговорно лидерство, кое е спој на посветеност, решителност и на разбирање за вработените. Вредностите се водечки принципи на дејствување во нашата компанија. Ги охрабруваме лидерите во нашата компанија да ги бираат своите вработени, освен врз база на компетенции, и врз база на вредности, а штом имаме совпаѓање на животните вредности со оние на компанијата, зборуваме за идеална врска.
Нашите лидери секогаш тргнуваат од самите себе, размислуваат за што се залагаат и кои се нивните вредности. Тие континуирано работат да се запознаат самите себе, да бидат сигурни дека можат да влијаат најпрвин врз себе, за да можат да влијаат и врз другите.
Нашите лидери постигнуваат рамнотежа, односно имаат гледиште од повеќе перспективи и од повеќе различни погледи за да добијат целосно разбирање. Рамнотежа значи дека ги гледате сите страни и ставови со отворен ум.
Нашите лидери имаат вистинска самодоверба прифаќајќи се такви какви што се. Ги препознаваат своите предности и слаби страни и се стремат кон континуирано подобрување. Преку вистинска самодоверба, нашите лидери се свесни дека секогаш ќе има луѓе кои се повеќе компетентни, реализирани, успешни или слични на нив, но тие, исто така, се свесни каде припаѓаат и ги препознаваат и ги ценат разликите.
Нашите лидери никогаш не забораваат кои се и од каде потекнуваат. Тие остануваат скромни и во моментите кога доживуваат големи успеси во компанијата. Вистинската скромност ни помага да ја цениме секоја личност со која се среќаваме и да се однесуваме со почит кон сите.
За да останеме конкурентни и успешни, нашите лидери треба да ги регрутираат и да се трудат да ги задржат најдобрите таленти во компанијата. За да го сторат тоа, ги охрабруваме да ја негуваат меритократијата, односно да ги ангажираат, да ги наградуваат и да ги промовираат најдобрите луѓе, засновано врз нивната заслуга и придонес во работата.
Како лидери, ние сме одговорни пред самите себе, пред вработените и пред претпоставените. Моралното и етичко однесување започнува со оние кои се на врвот, а се пресликува надолу, со што се поттикнува и се гради силна корпоративна култура во „Алкалоид“.