Зошто да ги изберете Алкалоид АД Скопје?

ЗОШТО ДА ГО ОДБЕРЕТЕ „АЛКАЛОИД“ АД СКОПЈЕ
„Алкалоид“ е компанија која негува стимулирачка работна средина, во која работат и придонесуваат кон успесите вистински професионалци. Ги цениме вештините, искуството и образованието што ги носите со себе и за нив бараме начин како може да се искористат во компанијата. Ви овозможуваме пристап до интерни, до екстерни обуки и до тренинзи, кои ви се потребни за да се истакнете во својата работа и за да ви помогнат да го исполните својот потенцијал. На своите вработени им гарантираме менторство од искусни и докажани професионалци, кои секојдневно ќе ги поттикнуваат да се чувствуваат ценето и вреднувано. „Алкалоид“ се труди да обезбеди постојано подобрување на работното опкружување. Даваме еднаква можност за секој да може да се унапредува и да се развива за да го реализира својот потенцијал и за да придонесе за успехот на компанијата, но и поради заложбата да им помагаме на другите.
ШТО ВЕЛАТ ДРУГИТЕ?

Еден работен ден во Алкалоид - Емилија Давидова
„Одделението за регулаторни работи игра клучна улога во обезбедувањето на условот медицинските производи да ги исполнуваат потребните регулаторни барања пред да бидат одобрени за да се пласираат на пазарот. Ние сме мостот помеѓу компанијата и регулаторните агенции кои се одговорни за издавање одобрение за ставање на лекот во промет.
Успешното регистрирање нов медицински производ бара стратешки и систематски пристап, кој опфаќа внимателно планирање, следење на регулаторните стандарди и ефикасна комуникација со регулаторните агенции. Со регулаторната стратегија се дефинира најбрзиот и најефикасен начин за добивање одобрение за ставање на лекот во промет, со претходно дефинирани маркетиншки аспекти, а притоа грижејќи се за нивната безбедност и ефикасност.

Бидете дел од тимот на Алкалоид
Нашите огласи за слободните работни места вклучуваат детални описи и барања за секоја работна позиција. Кога ќе наидете на работа која одговара на вашите интереси, образование и квалификации, ве охрабруваме да аплицирате директно од објавувањето, со кликнување на копчето Аплицирај.

