Сертификати, стандарди и проверки

СЕРТИФИКАТИ, СТАНДАРДИ И ПРОВЕРКИ
СЕГА...
Во однос на ДПП стандардите за автоматизирани компјутеризирани системи (GAMP), во фаза на имплементација се подобрувања за сите модули во AlkaSAP и надградба на AlkaDMS со цел електронско управување на процесите и документите на повисоко ниво.
Хуманата, програмско-производна ориентација на Алкалоид, која се реализира со примена на најсовремени производни технологии и деловни стандарди, редовно се потврдуваат со проверки на Интегрираниoт менаџмент системи на Алкалоид.
Производството на квалитетни, ефикасни и безбедни лекови, со примена на начелата на Добра производна пракса (ДПП/GMP), за кои заштитниот знак на АЛКАЛОИД АД Скопје е симбол за високото ниво на сигурност, се потврдува и со редовните проверки од страна на компетентни државни инспекциски служби од Република Македонија и од странство.
СЕКОГАШ...
Континуитетот на почитување на стандардите, водичите и директивите, и како законска облигација и како заложба за квалитет, безбедност и ефикасност на сите производи во Алкалоид, е секогаш присутен бидејќи води до нашата цел:
ЗДРАВЈЕТО ПРЕД СÈ.
ЛИЧНА СЕРТИФИКАЦИОНА КАРТА НА КОМПАНИЈАТА
МАЛМЕД- сертификати за GMP сообразност
FSSC 22000 сертификат
JAZMP - сертификати за GMP сообразност
HACCP сертификат
МИНПРОМТОРГ - сертификати за GMP сообразност
EU, JAS, USDA-NOP и РСМ сертификати за органско производство
SMDS - признавање на сертификати за GMP сообразност
CE сертификат
ISO 9001, ISO 14001, ISO 13485, ISO 45001 сертификатиПОДРУЖНИЦИ
AЛКАЛОИД КОНС ДООЕЛ
ISO 9001 сертификат
ISO 14001 сертификат
АЛКАЛОИД Д.О.О. БЕЛГРАД, СРБИЈА
АЛИМС - сертификат за GMP сообразност
ISO 9001 сертификат
ISO 14001 сертификат
АЛКАЛОИД ВЕЛЕДРОГЕРИЈА Д.О.О. БЕЛГРАД, СРБИЈА
ISO 9001 сертификат
ISO 14001 сертификат
АЛКАЛОИД-ИНТ Д.О.О. ЉУБЉАНА, СЛОВЕНИЈА
JAZMP - сертификат за GMP сообразност
JAZMP - сертификат за GDP сообразност
АЛКА-ЛАБ Д.О.О. ЉУБЉАНА, СЛОВЕНИЈА
JAZMP - сертификат за GMP сообразност
АЛКАЛОИД Д.О.О., ЗАГРЕБ, ХРВАТСКА
Министерство за здравство на Р.Хрватска - сертификат за GDP сообразност
АЛКАЛОИД ФАРМ АГ ФРИБУРГ, ШВАЈЦАРИЈА
SwissMedic авторизација.
ПОЛИТИКА НА ИМС
Развојот и подобрувањето на прописите, стандардите и упатствата резултираше со интеграција и континуирано подобрување на Системот за интегрирано управување (ИМС). IMS на Алкалоид е важен систем на корпоративни и специфични процедури и политики за седиштето на АД на Алкалоид и поврзаните подружници/канцеларии. Интегрираниот систем за управување се состои од системи на профитните центри, односно програми/подружници во рамките на Алкалоид.

